Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Царевите 16:30-34

1 Царевите 16:30-34 MK2006

И Амвриевиот син Ахав правеше зло пред очите на Господ повеќе од сите свои претходници. Не беше доволно тоа што тој западна во гревовите на Наватовиот син Јеровоам, туку си ја зеде за жена Језа­вела, ќерката на сидонскиот цар Ет­баал, и почна да му служи на Ваал и да му се поклонува; и му подигна на Ваал жртвеник во Вааловото светилиште што го беше изградил во Самарија. Ахав подигна и Ашера, а направи и други злодела, со кои Го разгневи Гос­под, Бог Израелов, повеќе од сите претходни израелски цареви. Во негово време Хиел од Ветил го изгради Ерихон: врз првородениот син свој Авирон, тој ги стави основите него­ви и врз најмалиот син Сегув ги постави портите негови, според словото на Господ што Тој го беше изрекол преку Навиновиот син Исус.