Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Царевите 16

16
1И дојде слово Господово кон Јуј, син на Ананија, за Баша во кое се вели: 2„Поради тоа што те издигнав од правот и те направив водач на Мојот народ Израел, а ти тргна по патот на Јеровоам и го наведе на грев Мојот народ Израел за да Ме разгневува со гревовите свои, – 3ете, Јас ќе го отфрлам домот на Баша и домот на потомството негово и ќе направам со твојот дом така, како и со домот на Наватовиот син Јеровоам: 4кој од Башовиот дом ќе умре во град, него кучињата ќе го изедат, а кој ќе умре во полето, него птици небески ќе го исколваат.“ 5Другите дела на Баша, и сѐ што извршил, и подвизите негови, опишани се во летописите на израелските цареви. 6Баша почина кај татковците свои и беше погребан во Тирца. А место него стана цар неговиот син Ила. 7Но преку Ананиевиот син Јуј беше веќе кажано словото Господово за Баша, за домот негов и за сето зло што го беше извршил пред очите на Господ, разгневувајќи Го со делата на рацете свои, постапувајќи како Јеровоамовиот дом, за што беше истребен.
Ила, цар на Израел
8Башовиот син Ила стана цар над Израел во Тирца во дваесет и шестата година од царувањето на јудејскиот цар Аса и царуваше две години. 9#20,16Против него стана Замвриј, него­виот слуга и старешина на половината негови бојни коли, кога се беше напил во Тирца, во домот на Арца, надзорник на дворецот во овој град. 10Замвриј влезе, го удри и го уби Ила во дваесет и седмата година на јудеј­скиот цар Аса, и стана цар место него. 11Кога стана цар и седна на престо­лот негов, тој го истреби целиот дом на Баша, не оставајќи му од семејството ниту едно машко, ни роднините негови, ни пријателите негови. 12Замвриј го истреби целиот Башов дом, според словото на Господ што го беше изрекол Тој за Баша преку пророкот Јуј, 13за сите гревови на Баша и за гре­вовите на неговиот син Ила што го вр­шеа тие самите и со кои го наведоа во грев Израел, дразнејќи Го Господ, Бог Израелов, со своите идоли. 14Другите дела на Ила, и сѐ што беше извршил, се опишани во летописите на израелските цареви.
Замвриј, цар на Израел
15Замвриј стана цар во дваесет и седмата година на јудејскиот цар Аса и царуваше седум дена во Тирца, кога народот го опседнуваше Гибетон фи­лис­тејски. 16Кога народот што го опседнуваше, дозна дека Замвриј направил заговор и го убил царот, истиот ден во логорот сите Израелци го поставија за цар над Израел воениот началник Амвриј. 17Амвриј и сите Израелци со него отстапија од Гибетон и ја опседнаа Тир­ца. 18Кога Замвриј виде дека градот е преземен, влезе во царскиот дом, го потпали над себе царскиот дом и загина, 19поради своите гревови, со кои беше згрешил, вршејќи го она што беше лошо пред очите на Господ, одејќи по патот на Јеровоам и во гревовите не­гови што тој ги изврши за да го наведе во грев Израел. 20Другите дела на Замвриј и заго­ворот негов што беше го направил, се опишани во летописите на израелските цареви. 21Тогаш израелскиот народ се раз­дели на два дела: едната половина од народот беше со Гинатовиот син Тивниј за да го направи цар него, а другата страна – со Амвриј. 22Надвладеа народот што беше со Амвриј, над народот, кој беше со Гина­товиот син Тивниј; Тивниј загина, а цар стана Амвриј.
Амвриј, цар на Израел
23Амвриј стана цар над Израел во триесет и првата година од владеењето на јудејскиот цар Аса над Јудеја и царуваше дванаесет години. Тој царуваше во Тирца шест години. 24Амвриј го купи од Шемер ридот Самарија, за два кикара сребро, изгради на ридот град и го нарече Самарија – според името на Шемер, сопственикот на тој рид. 25И Амвриј правеше зло пред очите на Господ, и постапуваше полошо од сите свои претходници. 26Тој во сѐ одеше по патот на Нава­товиот син Јеровоам и во гревовите негови, со кои тој ги наведе на грев Израелците за да Го разгневат Господ, Бог Израелов, со своите идоли. 27Другите дела на Амвриј што ги направил, и јунаштвото што го пока­жал, се опишани во летописите на изра­елските цареви. 28Амвриј почина кај татковците свои и беше погребан во Самарија, а место него стана цар синот негов Ахав.
Ахав, цар на Израел
29Амвриевиот син Ахав стана цар над Израел во триесет и осмата година од владеењето на царот Аса над Јудеја, и Амвриевиот син Ахав царуваше во Са­марија над Израел дваесет и две години. 30И Амвриевиот син Ахав правеше зло пред очите на Господ повеќе од сите свои претходници. 31Не беше доволно тоа што тој западна во гревовите на Наватовиот син Јеровоам, туку си ја зеде за жена Језа­вела, ќерката на сидонскиот цар Ет­баал, и почна да му служи на Ваал и да му се поклонува; 32и му подигна на Ваал жртвеник во Вааловото светилиште што го беше изградил во Самарија. 33Ахав подигна и Ашера, а направи и други злодела, со кои Го разгневи Гос­под, Бог Израелов, повеќе од сите претходни израелски цареви. 34Во негово време Хиел од Ветил го изгради Ерихон: врз првородениот син свој Авирон, тој ги стави основите него­ви и врз најмалиот син Сегув ги постави портите негови, според словото на Господ што Тој го беше изрекол преку Навиновиот син Исус.

Селектирано:

1 Царевите 16: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се