1 Царевите 16:30-34
1 Царевите 16:30-34 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И Амвриевиот син Ахав правеше зло пред очите на Господ повеќе од сите свои претходници. Не беше доволно тоа што тој западна во гревовите на Наватовиот син Јеровоам, туку си ја зеде за жена Језавела, ќерката на сидонскиот цар Етбаал, и почна да му служи на Ваал и да му се поклонува; и му подигна на Ваал жртвеник во Вааловото светилиште што го беше изградил во Самарија. Ахав подигна и Ашера, а направи и други злодела, со кои Го разгневи Господ, Бог Израелов, повеќе од сите претходни израелски цареви. Во негово време Хиел од Ветил го изгради Ерихон: врз првородениот син свој Авирон, тој ги стави основите негови и врз најмалиот син Сегув ги постави портите негови, според словото на Господ што Тој го беше изрекол преку Навиновиот син Исус.
1 Царевите 16:30-34 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ахав, синот Амриев, правел во Господовите очи повеќе лошо од сите свои претходници. И му беше малку што одеше во гревовите на Јеровоам, синот Наватов, туку уште се ожени со Језавела, ќерката на Етвала, сидонскиот цар, и почна да му служи на Ваала и да му се клања; подигна жртвеник во Вааловиот храм што го беше изградил во Самарија. Ахав подигна и Ашера и направи и други злодела, и Го налути Господа, Израелевиот Бог, повеќе од сите израелски цареви што беа пред него. Во негово време Хил од Ветил го изгради Ерихон; врз својот првороденец Авирон ги подигна основите, а врз помладиот свој љубимец Сегув ги постави градските врати, според словото на Господа што го кажа преку Својот слуга Исус, синот Навинов.