Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Царевите 12

12
Собирот во Сихем
(2 Лет 10,1-15)
1Ровоам отиде во Сихем, бидејќи во Сихем беа дошле сите Изра­елци за да го зацарат. 2За тоа слушна Наватовиот син Јеро­воам, кога се наоѓаше уште во Египет, каде што беше избегал од царот Соломон, и се врати од Египет; 3испратија по него и го повикаа. Тогаш Јеровоам и целото израелско собрание дојдоа и му говореа на царот Ровоам, велејќи: 4„Твојот татко ни наложи тежок товар, ти, пак, олесни ни го жестокото ропство од татко ти и тешкиот товар што тој ни го наложи, па тогаш ќе ти служиме.“ 5Тој им одговори: „Одете си, по три дена дојдете пак кај мене.“ И народот се разотиде. 6Царот Ровоам се советуваше со старците, кои беа кај татко му Соломон, додека беше жив, и рече: „Како ќе ме посоветувате да му одговорам на овој народ?“ 7Тие му одговорија, и рекоа: „Ако ти денес им бидеш слуга на овие луѓе и им услужиш, ако ги задоволиш и им го­вориш добри зборови, тие ќе ти бидат слуги во сите дни.“ 8Но тој не го послуша советот што му го беа дале старците, и се советуваше со младите, кои беа пораснале заедно со него и кои беа кај него, 9и им рече: „Што ќе ме посоветувате да им одговорам на оние луѓе што ми рекоа и кажаа: ‚олесни ни го јаремот што ни го наложи татко ти?‘“ 10Младите, пораснати заедно со него, му одговорија и рекоа: „Вака кажи им на тие луѓе што ти рекле: ‚твојот татко ни наложи тежок јарем, ти, пак, олесни ни,‘ кажи им: ‚малиот прст ми е поде­бел од бедрата на татко ми; 11и така, ако татко ми ви ставил те­жок јарем, јас уште повеќе ќе го натеж­нам вашиот јарем; татко ми ве казнуваше со камшици, јас, пак, ќе ве казнувам со камшици со железни боцки.‘“ 12Јеровоам, и сите луѓе, дојдоа кај Ровоам на третиот ден, како што им бе­ше заповедал царот, велејќи: „Дојдете кај мене на третиот ден.“ 13И царот грубо му одговори на на­родот и не го послуша советот што му го беа дале старците. 14И говореше според советот на младите и рече: „Татко ми ви наложил те­жок товар, јас, пак, ќе го зголемам вашиот товар; татко ми ве казнуваше со камшици, јас, пак, ќе ве казнувам со камшик со железни боцки.“ 15И царот не го послуша народот, за­што така беше судено од Господ за да се исполни зборот Негов што го беше изрекол Господ преку Ахија Силомецот на Наватовиот син Јеровоам.
Разделено царство
(2 Лет 10,16–11,4)
16 # 2 Сам 20,1 И сите Израелци видоа дека царот не ги послуша. Тогаш луѓето му одго­ворија на царот и рекоа: „Каков дел имаме кај Давид? За нас нема дел кај синот на Јесеј; по шаторите свои, Израеле! Гледај си го својот дом, Дави­де!“ И Израел се разотиде по шаторите свои. 17Ровоам царуваше само над Израе­ловите синови што живееја во Јудините градови. 18И царот Ровоам го испрати Хадорам, управникот над даноците; но сите Израелци го затрупаа со камења, и тој умре, а царот Ровоам брзо се качи во кола за да избега во Ерусалим. 19И така Израел се одметна од Дави­довиот дом и до денес. 20Кога сите Израелци слушнаа дека Јеровоам се вратил, испратија и го по­викаа во собранието и го зацарија над сите Израелци. Со Давидовиот дом не остана никој, освен племето Јудино. 21Ровоам, откако пристигна во Еру­салим, собра од целиот Јудин дом и од племето Венијаминово сто и осумдесет илјади одбрани војници за да војуваат против Израеловиот дом и да му го воз­вратат царството на Соломоновиот син Ровоам. 22И дојде слово Божјо кон Шемаја, човек Божји, и беше речено: 23„Кажи му на Соломоновиот син Ро­воам, царот јудејски, и на целиот Јудин и Венијаминов дом и на другиот народ: 24вака вели Господ: ‚Не одете и не почнувајте војна против вашите браќа, Израеловите синови; вратете се секој во домот свој, бидејќи тоа беше од Мене.‘“ И тие ги послушаа Господовите зборо­ви и се вратија дома според словото Господово. 25Јеровоам го изгради Сихем на Еф­ремовата Гора и се насели во него; оттаму тргна и го изгради Пениел.
Престапот на Јеровоам
26И Јеровоам си говореше во срцето свое: „Царството може пак да премине кон Давидовиот дом, 27ако овој народ оди во Ерусалим да принесува жртви во домот Господов, тогаш срцето на тој народ ќе се сврти кон својот господар Ровоам, царот јудејски, ќе ме убијат и ќе се вратат кај Ро­воам, царот јудејски.“ 28#2 Мојс 32,4.8И царот, откако се посоветува, на­прави две златни телиња, и му рече на народот: „Не ви треба да одите во Еру­салим; еве ги твоите богови, Израеле, кои те изведоа од египетската земја.“ 29#1 Мојс 12,8; 28,19; Амос 5,5; 7,13И едниот го постави во Ветил, а другиот – во Дан. 30Тоа предизвика грев, зашто народот почна да оди кај едниот од нив дури во Дан. 31И изгради идолско светилиште и постави од народот свештеници, кои не беа од Левиевите синови. 32Јеровоам востанови празник во ос­миот месец на петнаесеттиот ден, сли­чен на оној празник, каков што имаше во Јудеја, и принесуваше жртви на жрт­веникот; тоа го направи и во Ветил за да им се принесуваат жртви на телињата што ги направи. И постави во Ветил свештеници во идолските светилишта што ги беше изградил,
Осуда на идолопоклонството во Ветил
33и принесе жртви на жртвеникот што беше го изградил во Ветил, во петнаесеттиот ден од осмиот месец, месец што произволно го определи; и устано­ви празник за синовите Израелови и пристапи кон жртвеникот за да прекади.

Селектирано:

1 Царевите 12: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се