Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Царевите 11

11
Соломон отстапува од Господ
(2 Лет 11,18–12,1)
1Царот Соломон засака, освен фараоновата ќерка, и многу же­ни туѓинки – Моавки, Амонки, Едомки, Сидонки и Хитијки, – 2#2 Мојс 23,31-33; 34,12-16; 5 Мојс 7,1-4од оние народи, за кои Господ им бе­ше рекол на Израеловите синови: не влегувајте кај нив, и тие да не влегуваат кај вас за да не го приклонат срцето ваше кон своите богови. Кон нив се прилепи Соломон со љубовта своја. 3Тој имаше седумстотини жени и триста наложници; и неговите жени го развратија срцето негово. 4Кога Соломон остаре, неговите жени го приклонија срцето негово кон други богови, и срцето негово не беше наполно предадено на неговиот Господ Бог, како срцето на татко му Давид. 5И Соломон почна да ѝ служи на Аштарта сидонската богинка, и на Милком, одвратен амонски бог. 6И Соломон го вршеше она што беше неугодно пред очите на Господ, и не го следеше наполно Господ како татко му Давид. 7Тогаш Соломон изгради многу­божечко светилиште на Хамос, моавско паганско божество, на планината што е спроти Ерусалим, и на Молох, гнасен бог на Амониевите синови. 8Така направи тој за сите свои жени туѓинки, кои кадеа и принесуваа жртви на своите богови. 9#3,5; 9,2И Господ се разгневи на Соломон поради тоа што го отстрани срцето свое од Господ, Бог Израелов, Кој на два­пати му се беше јавувал 10и му беше заповедал да не оди по други богови; но тој не го исполни тоа што му го беше заповедал Господ Бог. 11Тогаш Господ му рече на Соломон: „Затоа што тоа се врши кај тебе, и ти не го зачува Мојот завет и Моите наредби што ти ги бев заповедал, ќе го одземам царството од тебе и ќе го дадам на твојот слуга; 12но во твоите дни Јас нема да го направам ова поради татко ти Давид: од рацете на синот твој ќе го одземам; 13но нема целото царство да го одземам: едно племе ќе му дадам на синот твој заради Мојот слуга Давид и заради Ерусалим што сум го избрал.“
Соломоновите непријатели
14И Господ му подигна на Соломон противник – Едомецот Адад, кој беше од едомски царски род. 15#2 Сам 8,13-14Кога Давид беше во Едом и вој­сководецот Јоав дојде да ги погребе убиените, откако беше испотепал сѐ што е машко во Едом, – 16бидејќи Јоав и сите Израелци прес­тојуваа таму шест месеци, додека не истребија сѐ живо во Едом, – 17тогаш Адад избега во Египет и со него неколкумина Едомци што беа служеле кај татко му; Адад тогаш беше дете. 18Кога тргнаа од Мидјан, тие дојдоа во Фаран и зедоа со себе луѓе од Фаран и стигнаа во Египет кај фараонот – египетскиот цар, и тој му даде дом, му одреди плата и му даде земја. 19Адад се здоби со голема милост кај фараонот, така што го ожени со сестрата на жена си, сестра на царицата Тахпенеса. 20Тахпенесината сестра му роди син Генуват. Тахпенеса го воспитуваше во фараоновиот дом; и Генуват живееше во фараоновиот дом заедно со фараоно­вите синови. 21Кога Адад слушна дека Давид по­чинал кај татковците свои и дека војводата Јоав умрел, му рече на фараонот: „Пушти ме да појдам во земјата своја.“ 22Фараонот му рече: „Зар си незадо­волен од мене, па сакаш да одиш во земјата своја?“ Тој одговори: „Не, но пуш­ти ме.“ 23#2 Сам 8,3-8Господ крена против Соломон и друг противник – Резон, Елијадовиот син, кој беше избегал од својот господар Адраазар, цовскиот цар, 24и, откако собра околу себеси луѓе, стана старешина на чета, откако Давид го беше победил Адраазар; и тие отидоа во Дамаск, се настанија таму и господареа во Дамаск. 25Тој беше противник на Израел во текот на сите дни на Соломон. Освен злото, извршено од Адад, тој секогаш му правеше пакост на Израел и стана арамејски цар.
Бунтот на Јеровоам
(2 Лет 9,29-31)
26Против Соломон крена рака и неговиот слуга Јеровоам, синот на На­ват, Ефратец од Цереда, чија мајка беше вдовица и се викаше Саруа. 27Еве по кој повод тој крена рака против царот: Соломон го градеше Мило, ги поправаше урнатините во градот на татко си Давид. 28#5,27-32Јеровоам беше силен човек. Соло­мон, откако забележа дека тоа момче го бива за работа, го постави за надзорник над задолжените работници од Јосифо­ви­от дом. 29Во она време на Јеровоам му се случи да излезе од Ерусалим; по патот го сретна пророкот Ахија Силомец, об­лечен во нова облека. Тие беа само двај­цата во полето. 30И Ахија ја зеде новата облека што беше на него, ја раскина на дванаесет делови, 31#22,11; Ис 20,1-4; Ер 19,1-11; 27,1-8; Ез 5,1-12и му рече на Јеровоам: „Земи си десет делови, зашто така вели Господ, Бог Израелов: ‚Ете го истргнувам царството од раката на Соломон и десет племиња ти давам тебе, 32#11,13и едно племе ќе му остане нему заради Мојот слуга Давид и заради градот Ерусалим што го избраа од сите Израелови племиња! 33#11,5-7Ова е поради тоа што тие Ме ос­тавија и почнаа да ѝ се поклонуваат на Аштарта, сидонската богинка, и на Ха­мос, моавскиот бог, и на Милком, амонскиот бог, и не одеа по Моите патишта за да го вршат она што е угодно пред Моите очи, и да ги пазат Моите наредби и Моите заповеди, како татко му Давид. 34Јас не го одземам целото царство од раката негова, туку го оставам да владее до крајот на својот живот заради Мојот слуга Давид, кого го избрав и кој ги пазеше Моите заповеди и Моите наредби; 35но ќе го одземам царството од раката на синот негов и десет племиња од него ќе ти ги дадам тебе; 36#15,4; 2 Сам 21,17; 2 Цар 8,19; 2 Лет 21,7а на синот негов ќе му дадам едно племе за да остане светилото на Мојот слуга Давид во сите дни пред лицето Мое во градот Ерусалим што го избрав за да остане засекогаш таму името Мое. 37Тебе те избирам, и ти ќе владееш со сѐ што ќе посака душата твоја, и ти ќе бидеш цар над Израел; 38и ако пазиш на сѐ што ќе ти запо­ведам, ако одиш по патиштата Мои и ако го вршиш она што е угодно пред очите Мои, пазејќи ги Моите наредби и Моите заповеди, како што правеше Мојот слуга Давид, Јас ќе бидам со тебе и ќе ти воздигнам крепок дом, како што му создадов на Давид, и ќе ти го дадам Израел; 39#Ис 11,13-14; Ер 3,18; Ез 37,15-24; Ос 2,2; Мих 2,12ќе го понизам Давидовиот род за тоа, но не засекогаш.‘“ 40#14,25-26А Соломон сакаше да го убие Јеровоам, но Јеровоам стана, та избега во Египет кај Шишак, египетскиот цар, и живееше во Египет до смртта Соло­монова. 41Другите дела на Соломон и сѐ што вршеше тој, и мудроста негова, се опи­шани во Книгата на делата Соломоно­ви. 42Времето, во кое Соломон царуваше во Ерусалим над целиот Израел, беше четириесет години. 43И Соломон почина кај татковците свои и беше погребан во градот на тат­ко си Давид; а место него се зацари синот негов Ровоам.

Селектирано:

1 Царевите 11: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се