Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Царевите 1

1
Адонија посакува да стане цар
1Кога царот Давид остаре и исполни години, иако го покриваа со многу покривки, не можеше да се стопли. 2Тогаш неговите слуги му рекоа: „Нека побараат за нашиот цар господар, млада девица за да престојува кај царот, да го гледа и да лежи до него, и ќе му биде топло на нашиот цар господар.“ 3И бараа по сите израелски предели убава девица, и ја најдоа Авишага, Су­намитката, и ја доведоа кај царот. 4Девицата беше многу убава; таа го гледаше царот и му служеше; царот, меѓутоа, не ја позна. 5#2 Сам 3,4; 15,1Адонија, синот Агитин, се возгордеа и рече: „Јас ќе бидам цар.“ Па си набави коњи и коњаници и педесет мажи да тр­чаат пред него. 6Но татко му негов не го обеспокојуваше никогаш со прашањето: „Зошто го правиш тоа?“ Тој беше многу убав, а му се роди по Авесалом. 7#2 Сам 20,23.25И тој се договори со Јоав, синот на Саруја, и со свештеникот Авијатар, и тие му помагаа на Адонија. 8#2 Сам 8,17-18Но свештеникот Садок и Ванеја, Је­хојадаевиот син, пророкот Натан, Се­меј, Реи и војниците од Давидовата гар­да не ја држеа страната на Адонија.
Натан и Витсавеја, приврзаници на Соломон
9 # 2 Сам 17,17 И Адонија закла овци, волови и те­лиња кај каменот Зохелет што е покрај Ен-Рогел, и ги покани сите свои браќа, царски синови, и сите Јудејци што слу­жеа кај царот. 10А пророкот Натан и Ванеја, гардистите и братот свој, Соломон не ги пока­ни. 11#2 Сам 11,3; 12,24Тогаш Натан ѝ рече на Витсавеја, Соломоновата мајка, велејќи: „Слушна ли дека Агитиниот син Адонија се прогласи за цар, а нашиот господар Давид не знае за тоа? 12Сега, ете, јас те советувам: спасувај го животот свој и животот на синот свој Соломон. 13Оди и влези кај царот Давид и кажи му: ‚Нели ѝ се колнеше, господаре мој, царе, на слугинката своја, велејќи – синот твој Соломон ќе биде цар по мене и тој ќе седне на престолот мој? – Зо­што тогаш се прогласил за цар Адо­нија?‘ 14И ете, додека уште говориш таму со царот, ќе влезам јас со тебе и ќе ги потврдам твоите зборови.“ 15Витсавеја отиде кај царот во спалната; царот беше многу стар, и Суна­митката Авишага му служеше. 16Витсавеја се наведна и му се поклони на царот; царот праша: „Што ба­раш?“ 17Таа му одговори: „Ти ѝ се заколна на слугинката своја во Господ, твојот Бог велејќи: ‚син ти Соломон ќе царува по мене и тој ќе седне на мојот прес­тол.‘ 18А сега, ете, Адонија се прогласил за цар, а ти, господаре мој, царе, не знаеш за тоа. 19Тој заклал многу волови, телиња и овци и ги поканил сите царски синови, свештеникот Авијатар и воениот начал­ник Јоав; а Соломон, твојот слуга, не го поканил. 20Но ти си цар, господаре мој, и кон тебе се свртени очите на сите Израелци за да им соопштиш, кој ќе седне на пре­столот на мојот господар цар по него. 21#15,29; Суд 9,5; 2 Цар 10,1-17; 11,1Инаку кога мојот господар, цар, ќе почине кај татковците свои, јас и мојот син Соломон ќе бидеме виновни.“ 22Додека таа уште говореше со ца­рот, дојде и пророкот Натан. 23Му соопштија на царот, велејќи: „Еве го пророкот Натан.“ И тој влезе кај царот и му се поклони со лицето до земја. 24И Натан рече: „Господаре мој, царе! Си рекол ли ти: ‚Адонија ќе царува по мене и тој ќе седне на мојот пре­стол?‘ 25Зашто тој сега слегол, заклал многу волови, телиња и овци, ги поканил сите цареви синови, воени началници и свештеникот Авијатар, и, ете, тие јадат и пијат кај него, и извикуваат: ‚Да жи­вее царот Адонија!‘ 26А мене, твојот слуга, свештеникот Садок, Јехојадаевиот син Ванеја и твојот слуга Соломон не нѐ покани. 27Дали станало тоа по волјата на мо­јот цар господар? И зошто ти не му откри на својот слуга, кој ќе седне на престолот на мојот цар господар по него?“
Давид го потврдува Соломон за свој наследник
28Одговори цар Давид и рече: „Пови­кајте ми ја Витсавеја.“ Таа влезе и застана пред царот. 29Царот се колнеше и велеше: „Во името на живиот Господ, кој ја спасуваше душата моја од секоја неволја! 30Како што ти се колнев во Господ, Бог Израелов, велејќи дека син ти Соломон ќе царува по мене и тој ќе седне на престолот мој место мене, – така и ќе го направам тоа денес.“ 31Тогаш Витсавеја се наведна со лицето до земја, му се поклони на царот и рече: „Да живее мојот господар, ца­рот Давид, засекогаш!“ 32И царот Давид рече: „Повикајте ми го свештеникот Садок, пророкот Натан и Јехојадаевиот син Ванеја.“ И тие влегоа кај царот. 33#2 Цар 11,4-20Тогаш царот им рече: „Земете ги со себе слугите на вашиот господар, каче­те го Соломон, мојот син, на маската моја и одведете го во Гион. 34#1 Сам 10,1; 16,12-13И таму свештеникот Садок и пророкот Натан нека го помазат за цар над Израел, затрубете со труба и извикајте: ‚Да живее царот Соломон!‘ 35Потоа придружете го назад, и тој ќе дојде и ќе седне на мојот престол; тој ќе царува место мене; нему сум му ветил да биде водач на Израел и на Јуда.“ 36Ванеја, Јахојадаевиот син, му одго­вори на царот и рече: „Амин! – така нека каже Господ, Бог на мојот цар господар: 37како што Господ беше со мојот цар господар, така да биде Тој и со Соломон и да го возвеличи престолот негов по­веќе од престолот на мојот господар, царот Давид!“
Соломон е свечено помазан за цар
(1 Лет 29,21-25)
38Тогаш свештеникот Садок, пророкот Натан, Јахојадаевиот син Ванеја, Керетијците и Пелетијците отидоа и го качија Соломон на маската од цар Да­вид и го поведоа кон Гион. 39#1 Сам 10,24; 2 Цар 11,12И свештеникот Садок зеде рог со масло од скинијата и го помаза Соло­мон. И затрубија со труба, и сиот народ извика: „Да живее царот Соломон!“ 40И сиот народ го придружуваше Со­ломон и народот свиреше со свирки и многу се радуваше, така што земјата трепереше од викањето негово.
Соломон го поштедува Адонија
41Кога слушна Адонија и сите пока­нети од него, престанаа да јадат; а Јоав, откако слушна звук на труба, запраша: „Зошто одекнува градот со таков звук?“ 42#2 Сам 18,27Додека уште говореше, дојде Јона­тан, синот на свештеникот Авијатар. И Адонија му рече: „Влези, ти си чесен човек и носиш добра вест.“ 43Јонатан одговори и му рече на Адо­нија: „Нашиот господар, царот Давид, го постави Соломон за цар; 44и царот ги испрати со него свеште­никот Садок, пророкот Натан, Јахоја­даевиот син Ванеја, Керетијците и Пе­летијците, и тие го качија на царската маска; 45и свештеникот Садок и пророкот Натан го помазаа во Гион за цар, и трг­наа оттаму со радост, и градот се раздвижи. Ете од што е звукот што го слу­шате.“ 46И Соломон веќе седна на царскиот престол. 47А царските службеници доаѓаа да го поздрават нашиот господар, царот Давид, велејќи: „Твојот Бог нека го про­слави името на Соломон повеќе од тво­ето име и нека го возвеличи него­виот престол повеќе од твојот престол!“ И царот се поклони од леглото свое 48и го рече ова: „Нека е благословен Господ, Бог Израелов, Кој денес даде наследник на мојот престол, и тоа го видоа моите очи!“ 49Тогаш сите поканети кај Адонија се уплашија, станаа и се разотидоа секој по патот свој. 50Адонија, пак, поради страв од Со­ломон, стана и отиде да се фати за рого­вите на жртвеникот. 51И му соопштија на Соломон, велеј­ќи: „Адонија се плаши од царот Со­ломон, и, ете, тој се држи за роговите на жртвеникот и вели: ‚Нека ми се заколне сега царот Соломон дека нема да го убие со меч својот слуга.‘“ 52#Лк 21,18И Соломон рече: „Ако тој биде че­сен човек, ни едно влакно од него нема да падне на земјата; но, ако се најде во него лукавство, ќе умре.“ 53Тогаш Соломон испрати да го симнат од жртвеникот. Тој дојде и му се по­клони на цар Соломон. А Соломон му рече: „Оди во домот свој!“

Селектирано:

1 Царевите 1: MK2006

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се