Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Царевите Вовед

Вовед
Двете Книги за царевите првобитно сочинувале едно единствено дело, кое претставува хронолошко продолжение на книгите за Самоил. Во сегашната поделба 1 Цареви го прикажува владеењето на Соломон, синот на Давид, и неговите први наследници.
Во времето кога Давид е веќе премногу стар за да може успешно да ја спроведува царската власт, двајца од неговите синови се служат со лукавство, со цел да го наследат царскиот престол (1,1–2,12). Но, конечно Соломон станува цар. Посебен печат со кој е обележан неговото владеење како цар, претставува изградбата на храмот и царската палата. За жал, Соломон го завршува својот живот во неверност и идолопоклонство (2,13–11,43). Затоа Бог остава царството да се расцепи на два дела: племињата на север не прифаќаат да му се потчинат на владеењето на синот на Соломон и му се покоруваат на друг цар (12,1–14,20). Оттогаш, и во текот на наредните два века, двете царства Јудеја и Израел, ќе опстојуваат едно покрај друго, понекогаш здружени како сојузници, но понекогаш и како меѓусебно спротиставени непријатели (14,21–22,53).
Во оваа книга постојано и со голема ревност се истакнува големата неопходност царевите да имаат верност кон Бога. Таквата верност е извор на напредок на народот, додека идолопоклонството и непокорноста кон Бога неодминливо водат кон пропаст. Многумина од пророците се појавуваат во разни моменти за да ги опоменат и потсетат царевите за барањата на Бога. Најзначајниот меѓу нив е Илија (17,1–19,21).

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се