Така и Господ заповедал проповедниците на Евангелието да живеат од Евангелието. Но јас не ползував ништо од тоа; и не го напишав ова за да се направи така за мене. Зашто за мене е подобро да умрам, отколку некој пофалбата да ми ја одземе. Зашто, ако проповедам Евангелие, тоа не е за моја пофалба: бидејќи тоа ми е должност, а тешко мене ако не го проповедам. Ако доброволно го вршам тоа, тогаш имам награда; а ако без своја волја – тогаш е тоа само извршување на служба што ми е доверена. А каква ми е наградата? Проповедајќи да го предавам Евангелието бесплатно, не ползувајќи го своето право од благовестувањето. Зашто, иако сум слободен од сите, станав роб на сите, та повеќето од нив да ги придобијам: за Јудејците станав Јудеец, за да придобијам Јудејци; за оние што се под Закон, станав како да сум под Закон, за да ги придобијам и тие под Закон; за оние што се без закон, станав како да сум без закон, иако пред Бога не сум без Закон, туку сум под Законот на Христос, за да ги придобијам и оние што се без закон. За слабите станав слаб, за да ги придобијам слабите. За сите станав сѐ, та на каков и да било начин да спасам некои од нив. А ова го правам поради Евангелието за да бидам соучесник во него.
Прочитај 1 Коринтјаните 9
Слушај 1 Коринтјаните 9
Сподели
Спореди ги сите верзии: 1 Коринтјаните 9:14-23
Зачувај стихови, читај офлајн, гледај наставни клипови и уште многу повеќе!
Дома
Библија
Планови
Видеа