Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 9

9
Правата и должностите на апостолот
1 # 15,8 Не сум ли јас апостол? Не сум ли јас слободен? Не Го видов ли Исус Христос, нашиот Господ? Не сте ли вие мое дело во Господ? 2#2 Кор 3,2-3Ако за други не сум апостол, за вас сепак сум. Бидејќи вие сте печатот на моето апостолство во Господ. 3Ова е мојата одбрана против оние што ме осудуваат: 4Зар немаме право да јадеме и да пи­еме? 5Зар немаме право да водиме со себе сестра, жена верничка, како и другите апостоли и браќата Господови и Кифа? 6#2 Сол 3,8Или само јас и Варнава немаме пра­во на издршка? 7Кој војувал некогаш на своја сметка? Кој сади лозје, а не јаде од неговиот плод? Или кој пасе стадо, а не пие од неговото млеко? 8Зар го зборувам ова само како чо­век? Не го вели ли истото и Законот? 9#5 Мојс 25,4Бидејќи во Мојсеевиот закон е напи­шано: „Не врзувај ја устата на вол што врши.“ Зар Бог се грижи за воловите? 10Или го вели тоа, главно, за нас? – Да, за нас е напишано тоа; зашто, оној што ора, треба да ора со надеж, и кој врши, да врши со надеж дека ќе го до­бие она што го очекува. 11#Рим 15,27; Фил 4,14.17Ако сме го посеале кај вас духовното, многу ли е, ако го ожнееме кај вас телесното? 12Ако други имаат право на дел од ва­шиот посед, тогаш немаме ли ние уште повеќе? Но ние не го користевме тоа право, туку сѐ трпиме за да не направи­ме некаква пречка на Христовото Еван­гелие. 13#5 Мојс 18,1-3Не знаете ли дека оние што свеш­те­нодејствуваат, се хранат од свети­лиш­те­то, и кои служат на жртвеникот, делат со жртвеникот? 14Така и Господ заповедал проповедниците на Евангелието да живеат од Евангелието. 15#2 Кор 11,10Но јас не ползував ништо од тоа; и не го напишав ова за да се направи така за мене. Зашто за мене е подобро да ум­рам, отколку некој пофалбата да ми ја одземе. 16Зашто, ако проповедам Евангелие, тоа не е за моја пофалба: бидејќи тоа ми е должност, а тешко мене ако не го про­поведам. 17#Ефес 3,2Ако доброволно го вршам тоа, то­гаш имам награда; а ако без своја волја – тогаш е тоа само извршување на служба што ми е доверена. 18А каква ми е наградата? Про­по­ве­дајќи да го предавам Евангелието бес­платно, не ползувајќи го своето право од благовестувањето. 19Зашто, иако сум слободен од сите, станав роб на сите, та повеќето од нив да ги придобијам: 20#Дела 16,3; 21,26за Јудејците станав Јудеец, за да придобијам Јудејци; за оние што се под Закон, станав како да сум под Закон, за да ги придобијам и тие под Закон; 21за оние што се без закон, станав ка­ко да сум без закон, иако пред Бога не сум без Закон, туку сум под Законот на Христос, за да ги придобијам и оние што се без закон. 22#Рим 14,1; 15,1За слабите станав слаб, за да ги придобијам слабите. За сите станав сѐ, та на каков и да било начин да спасам некои од нив. 23А ова го правам поради Еван­ге­ли­ето за да бидам соучесник во него. 24Не знаете ли дека оние што се натпреваруваат на стадион, трчаат сите, но само еден добива награда? Па така тр­чајте и вие, за да добиете. 25#Фил 3,14; 2 Тим 2,5; 4,7-8; Јк 1,12; 1 Птр 5,4; Откр 2,10; 3,11Секој натпреварувач се воздржува од сѐ: тие – за да добијат распадлив ве­нец, а ние – нераспадлив. 26Јас, пак, така трчам, но не како без цел; не се борам како оној што удира по ветар, 27туку го истоштувам и го поробувам телото, та проповедајќи им на другите, да не бидам и самиот отфрлен.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност