Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Коринтјаните 7

7
Прашања и одговори за бракот
1А за она што ми пишавте – добро е човек да не се допира до жена. 2Но, за да се избегне блудството, се­кој нека си има своја жена, и секоја же­на свој маж. 3#2 Мојс 21,10Мажот да ја извршува својата дол­жност спрема жената, а исто така и же­ната – спрема мажот. 4Жената не е господарка на телото свое, туку мажот; исто така и мажот не е господар на телото свое, туку жената. 5#2 Мојс 19,15; 1 Сол 3,5Не лишувајте се еден од друг – освен по договор за некое време, за да ѝ се посветите на молитвата и пак да бидете заедно за да не ве напаствува сатаната, поради вашето невоздржување. 6#2 Кор 8,8Ова, пак, ви го велам како до­пуш­та­ње, а не како заповед. 7#Мт 19,11-12Зашто сакам, сите луѓе да бидат ка­ко мене; но секој си има своја дарба од Бога – еден на ваков начин, друг на по­инаков. 8А на неженетите и на вдовиците им велам: добро ќе им биде ако останат како мене. 9#1 Тим 5,14Но, ако не можат да се воздржат, не­ка се женат и мажат; бидејќи подобро е да се женат и мажат, отколку да горат од страст. 10#Мал 2,16; Мк 10,11-12А на женетите и мажените им запо­ведам – не јас, туку Господ – жената да не се разделува од мажот, – 11ако, пак, и се раздели, нека не се премажува, или, пак, да се помири со мажот свој, – а и мажот да не ја остава жената своја. 12А на другите им зборувам јас, а не Господ: ако некој од браќата има жена, безверничка, и таа е согласна да живее со него, нека не ја остава; 13и ако некоја жена има маж, без­вер­ник, а тој е согласен да живее со неа, таа да не го остава. 14Зашто маж безверник се осветува преку жената која верува, и жена без­верничка се осветува преку мажот, кој верува; инаку децата ваши би биле не­чисти, а сега се свети. 15#Рим 12,6; 14,19Ако некој безверник сака да се раз­веде, нека се разведе; во такви случаи братот или сестрата не се заробени; зашто за мир нѐ повикал Бог. 16Зашто, од каде знаеш, жено, дека ти не ќе го спасиш мажот? Или од каде знаеш, о мажу, дека ти не ќе ја спасиш жена ти?
Живеј онака, како што Бог те повикал
17Само секој нека постапува така ка­ко што му определил Бог, како го по­ви­кал Господ. Така заповедам по сите цр­кви. 18#Гал 3,28; 5,2Обрезан ли е повикан некој, нека не крие; необрезан ли е повикан некој, не­ка не се обрезува. 19#Рим 2,25-27; Гал 5,6; 6,15Обрезанието е ништо, и необре­за­нието е ништо, а чувањето на Божјите заповеди е сѐ. 20Секој да си остане во звањето во кое е повикан. 21Ако си повикан како роб, да немаш грижа; но, дури и ако можеш да станеш слободен, уште повеќе ползувај се од ропството. 22#Ефес 6,6; Фил 1,16Зашто кој е повикан во Господ како роб, станува Господов ослободеник; ис­то така и кој е повикан како ослободе­ник станува роб Христов. 23#6,20Вие сте скапо платени! Не станувај­те робови на луѓе! 24#7,17Секој што е повикан, браќа, во него нека остане и пред Бога.
Прашања кои се однесуваат за небрачни лица и вдовици
25А што се однесува до девиците, за нив немам заповед од Господ, но давам совет како човек, кој е помилуван од Господ да биде верен. 26Поради сегашната потреба го на­оѓам за добро ова: добро е за човекот да остане таков. 27Сврзан ли си со жена, не барај раз­вод; разврзан ли си од жена, не барај жена. 28Но, ако се ожениш, нема да згре­шиш; и девицата, ако се омажи, нема да згреши. Но таквите ќе имаат телесни неволји, а јас, пак, повеќе би сакал да ве поштедам. 29#Лк 14,26; Рим 13,11Ова ви го велам, браќа, зашто времето натаму е кратко, та оние, што имаат жена, да бидат како да ја немаат; 30#1 Јн 2,15-17и кои плачат – како да не плачат; и кои се радуваат – како да не се радуваат; и кои купуваат – како да немаат ништо, 31и кои се ползуваат од овој свет – ка­ко да не се ползуваат; зашто ликот на овој свет е минлив. 32#1 Сол 4,1Јас, пак, сакам вие да бидете без грижи. Неженетиот се грижи за Гос­по­дови работи, – како да Му угоди на Гос­под; 33а женетиот се грижи за световни работи – како да ѝ угоди на жената. 34#1 Тим 5,5Тука е разликата меѓу жената и де­војката. Немажената жена се грижи за Господови работи – како да Му угоди на Господ, за да биде света со телото и со духот; а омажената се грижи за светов­ни работи – како да му угоди на мажот свој. 35Ова ви го зборувам за ваша корист, не да ви поставам стапица, туку при­мерно и непречено да бидете приврзани на Господ. 36Ако некој мисли дека е срамно де­вицата негова да му остане таква во на­предната возраст, тој нека прави како сака; нема да погреши; таквите нека се мажат. 37А кој е тврд во срцето свое и нема потреба, а има власт над својата волја, па реши во срцето свое да ја зачува својата девица, тој добро прави. 38Така оној, кој ќе ја омажи својата девица, добро прави; а оној, што нема да ја омажи, подобро прави. 39#Рим 7,2Жената е врзана додека е жив мажот нејзин; а ако умре мажот нејзин, таа е слободна да се премажи за кого са­ка, но само во името на Господ. 40#2 Кор 10,7Само, поблажена е ако си остане та­ка, според моето мислење; а мислам де­ка и јас имам Дух Божји.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се