Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 14:1-17

1 Летописи 14:1-17 MK2006

Тирскиот цар Хирам испрати кај Давид пратеници, кедрови дрвја, и каменоделци, за да му изградат дом. Откако разбра Давид дека Господ го утврдил за цар над Израел, дека царството негово се воздигнува висо­ко, заради народот негов Израел, тој си зеде уште жени во Еру­салим, и му се родија уште синови и ќерки. Еве ги имињата на оние што му се родија во Ерусалим: Шамуа, Шовав, Натан и Соломон, Јивхар, Елишуа, Елпелет, Ногах, Нефег, Јафија, Елишама, Беелјада, Елифелет. И слушнаа Филистејците дека Давид бил помазан за цар над целиот Израел, и сите тие се кренаа да го фа­тат Давид. А Давид, откако разбра, излезе против нив. Филистејците дојдоа и се распоредија во Рефаимската Долина. Давид Го праша Бога, велејќи: „Да одам ли против Филистејците, и ќе ги предадеш ли во рацете мои?“ Господ му одговори: „Оди, Јас ќе ги предадам во рацете твои.“ Тие отидоа во Ваал-Перацим, и таму ги порази Давид. И рече Давид: „Бог продре меѓу моите непријатели преку раката моја како што продира вода.“ Затоа и го нарекоа тоа место Ваал-Перацим. И Филистејците ги оставија бого­вите свои таму, а Давид заповеда, да ги изгорат. И пак дојдоа Филистејците и се улогорија во долината. Давид пак Го праша Бога, и Бог му одговори: „Не оди им во пресрет, туку заобиколи ги и оди кон нив откај црниците; и кога ќе чуеш шум како од врвеж по црничини врвови, тогаш почни ја борбата, зашто Бог ќе излезе пред тебе за да ја порази филистејската војска.“ Давид направи така, како што му заповеда Господ, и ја порази филистеј­ската војска, од Гаваон до Гезер. И Давидовото име се прочу по сите земји, и Господ направи да се плашат од него сите народи.

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност