Лого на YouVersion
Икона за пребарување

1 Летописи 14:1-17

1 Летописи 14:1-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Тирскиот цар Хирам испрати кај Давид пратеници, кедрови дрвја, и каменоделци, за да му изградат дом. Откако разбра Давид дека Господ го утврдил за цар над Израел, дека царството негово се воздигнува висо­ко, заради народот негов Израел, тој си зеде уште жени во Еру­салим, и му се родија уште синови и ќерки. Еве ги имињата на оние што му се родија во Ерусалим: Шамуа, Шовав, Натан и Соломон, Јивхар, Елишуа, Елпелет, Ногах, Нефег, Јафија, Елишама, Беелјада, Елифелет. И слушнаа Филистејците дека Давид бил помазан за цар над целиот Израел, и сите тие се кренаа да го фа­тат Давид. А Давид, откако разбра, излезе против нив. Филистејците дојдоа и се распоредија во Рефаимската Долина. Давид Го праша Бога, велејќи: „Да одам ли против Филистејците, и ќе ги предадеш ли во рацете мои?“ Господ му одговори: „Оди, Јас ќе ги предадам во рацете твои.“ Тие отидоа во Ваал-Перацим, и таму ги порази Давид. И рече Давид: „Бог продре меѓу моите непријатели преку раката моја како што продира вода.“ Затоа и го нарекоа тоа место Ваал-Перацим. И Филистејците ги оставија бого­вите свои таму, а Давид заповеда, да ги изгорат. И пак дојдоа Филистејците и се улогорија во долината. Давид пак Го праша Бога, и Бог му одговори: „Не оди им во пресрет, туку заобиколи ги и оди кон нив откај црниците; и кога ќе чуеш шум како од врвеж по црничини врвови, тогаш почни ја борбата, зашто Бог ќе излезе пред тебе за да ја порази филистејската војска.“ Давид направи така, како што му заповеда Господ, и ја порази филистеј­ската војска, од Гаваон до Гезер. И Давидовото име се прочу по сите земји, и Господ направи да се плашат од него сите народи.

1 Летописи 14:1-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Тирскиот цар Хирам му испрати на Давида пратеништво и кедрови дрва, ѕидари и дрводелци за да му градат дворец. Тогаш Давид созна дека Господ го потврди за цар над Израел и дека го возвишил неговото царство заради Својот Израелски народ. Давид зеде уште жени во Ерусалим и имаше уште синови и ќерки. Еве ги имињата на децата што му се родија во Ерусалим: Самуј, Совав, Натан, Соломон, Евар, Елисуј, Елфалет, Нога, Нефег, Јафија, Елисам, Велијад и Елифалет. Кога Филистејците чуја дека го помазаа Давида за цар над сиот Израел, сите излегоа за да го бараат Давида. Откако го чу тоа, Давид излезе пред нив. Филистејците дојдоа и се раширија по Рафајската Долина. Тогаш Давид Го праша Бога: „Можам ли да ги нападнам Филистејците? Сакаш ли да ми ги предадеш мене во рацете?“ Господ му одговори: „Нападни, зашто ќе ти ги предадам тебе во рацете!“ Тогаш тргнаа во Вал Ферасим, и Давид таму ги истепа. Давид рече: „Бог навлегува меѓу моите непријатели со мојата рака, како што навлегува водата.“ Затоа она место беше наречено Вел Ферасим. Таму ги оставија своите богови; а Давид заповеда и ги изгореа во оган. Пак Филистејците се раширија по онаа долина. Давид пак Го праша Бога, а Бог му одговори: „Не оди по нив, туку опкружи ги и нападни врз нив од спротивната страна на Бекаим. Па кога ќе чуеш шум од чекори по Бекаимските Врвови, тогаш излези во бој, зашто тогаш Бог ќе оди пред тебе за да ја погуби филистејската војска. Давид направи како што му заповеда Бог; и ја поразија филистејската војска од Гаваон до Гезер. Давидовото име се прочу по сите земји, а Господ им влеа страв од него на сите народи.