Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 20

20
Сатаната врзан на илјада години
1 # 9,1 Потоа видов како од небото слегуваше ангел кој го имаше клучот од бездната и голема верига во раката своја: 2#12,7.9; Мт 12,28-29го фати змевот, древната змија, која е ѓаволот и сатаната – и го врза за илјада години; 3потоа го фрли во бездната и го заклучи, ставајќи печат врз него за да не ги лаже веќе народите до за­вр­шу­ва­њето на илјада години; по ова време тој треба да биде пуштен за малку време. 4#1,2; 5,10; 6,9; 19,20; Дан 7,9.22.27; Мт 19,28; Лк 22,30; 1 Кор 6,2И видов престоли и седнати на нив, на кои им беше дадено да судат, а и ду­шите чии глави беа исечени поради сведоштвото Исусово и заради словото Божјо, а и оние што не му се поклонија на ѕверот ниту на неговата биста, и не примија белег на челата свои и на ра­це­те свои и оживеаја и царуваа со Хрис­тос илјада години. 5Другите, пак, од умрените не ожи­ве­аја додека не се навршија илјада години. Тоа е првото воскресение. 6#1,6; 2,11; 5,10; 2 Мојс 19,6; Ис 61,6Блажен и свет е оној кој има дел во првото воскресение; над нив втората смрт нема власт, а ќе бидат свештеници на Бога и ќе царуваат со него илјада го­дини.
Поразот на сатаната
7А кога ќе се навршат илјада години, сатаната ќе биде пуштен од затворот свој, 8#7,1; Ез 7,2и ќе излезе да ги лаже народите по четирите краишта на земјата, Гог и Магог, и да ги собере за војна; нивниот број е колку морскиот песок. 9#2 Цар 1,10.12; Ез 38,22; Пс 77,68; 86,2; Лк 21,24Тие излегоа по ширината земна и го заобиколија живеалиштето на светиите и возљубениот град; падна од Бога оган небесен и ги проголта. 10#19,20; 21,8; 1 Мојс 19,24; Ис 30,33А ѓаволот, што ги лажеше, беше фрлен во огнено и сулфурно езеро, каде што е ѕверот и лажниот пророк; тие ќе бидат мачени дење и ноќе во векови.
Конечниот Суд
11 # Дан 7,9-10; Мт 25,31-46 # Пс 113,3.7; 2 Птр 3,7.10.12 И видов голем бел престол и Сед­на­тиот на него, од Чие лице побегнаа земјата и небото, и за нив место не се најде. 12#3,5; 13,8; 17,8; 20,15; 21,27; 2 Мојс 32,32-33; Ис 59,18; Пс 27,4; 68,28; Изреки 24,12; Дан 12,1; Рим 2,6; 1 Кор 3,8; 2 Кор 11,15; Фил 4,3; 2 Тим 4,14Потоа ги видов мртвите, мали и големи, како стојат пред Бога; се отво­рија книги, и друга книга се отвори – книгата на животот; и судени беа мрт­вите според запишаното во книгите, спо­ред делата нивни. 13Морето ги поврати мртвите свои, кои беа во него; смртта и пеколот ги повратија мртвите свои, што беа во нив; и секој прими суд според делата свои. 14#21,4А смртта и пеколот беа фрлени во Огненото Езеро. Тоа е втората смрт. 15#3,5; 13,8; Дан 12,1И кој не беше запишан во книгата на животот, беше фрлен во Огненото Езеро.

Селектирано:

Откровение 20: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се