Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 19

19
Песна во чест на победата. Свадбата на Јагнето
1 # Тов 13,18 Потоа чув висок глас како од многу народ на небото, кој веле­ше: „Алилуја, спасение и слава, чест и сила на нашиот Бог, 2#6,10; 16,6-7; 5 Мојс 32,43; 4 Цар 9,7зашто пресудите Негови се вистинити и праведни; бидејќи Тој ја осуди големата блудница која со своето блудство ја расипа земјата, и се одмазди за крвта на слугите Свои, што загинаа од раката нејзина.“ 3#14,11; Ис 34,10И повторно рекоа: „Алилуја! Димот нејзин ќе се издига во векови!“ 4Тогаш паднаа дваесет и четирите старешини и четирите животни, та Му се поклонија на Бога, Кој седеше на престолот велејќи: „Амин, алилуја!“ 5#11,18; Пс 116,1; 135,1А од престолот излезе глас, кој ве­ле­ше: „Фалете Го нашиот Бог сите слуги Негови и вие, кои имате страхопочит кон Него, големи и мали!“ 6#1,8; 14,2; Пс 92,1; 96,1И чув глас како од многу народ, глас како од многу води, и глас како од сил­ни грмотевици, кој велеше: „Алилуја, зашто се зацари Господ Бог, Сед­р­жи­те­лот! 7#21,2.9; Ис 54,1-8; Ос 2,14-16; Пс 117,24; Мт 22,2; 25,1-13; Ефес 5,23.25.32Да се радуваме и да се веселиме и да Му оддадеме слава, бидејќи дојде свадбата на Јагнето, и невеста Му се при­готви! 8#Ис 61,10И ѝ се даде да се облече во чист и светол висон.“ А висонот е праведноста на светиите. 9#Мт 8,11; 22,1-14; Лк 14,15И ми рече: „Напиши – блажени се поканетите на свадбената вечера кај Јагнето!“ А ми рече уште: „Ова се вистински Божји зборови!“ 10#22,8-9; Дела 10,25-26И паднав пред нозете негови да му се поклонам; но тој ми рече: „Стој, и јас сум слуга како и ти и браќата твои, што го имаат сведоштвото Исусово; покло­ни Му се на Бога, зашто сведоштвото Исусово е Духот на пророштвото!“
Јавачот на бел коњ
11 # 1,5; 6,2; Ис 11,4; Ез 1,1; Пс 95,13 И го видов небото отворено, и ете, бел коњ и Оној Кој јаваше на него се ви­ка Верен и Вистинит, и Тој праведно суди и војува; 12#1,14; 2,17-18; Дан 10,6очите Му беа како огнен пламен, а на главата имаше многу круни и напишано име кое освен Него, никој не го знаеше. 13#Ис 63,1-3; Јн 1,1.14И беше облечен во облека натопена со крв, и со името – Слово Божјо. 14А небесните војски, облечени во бел и чист висон, врвеа по Него на бели коњи. 15#1,8; 1,16; 12,5; Ис 63,3; Пс 2,9; Плач 1,15Од устата Негова излегуваше остар меч за да ги казни со него идолопокло­ниците. Тој ќе ги пасе со железен жезол и ќе ја изгази кацата со вино на јароста и гневот на Бога Седржителот. 16#17,14; 5 Мојс 10,17; Дан 2,47; 2 Мак 13,4На облеката и на бедрото Негово беше напишано името: „Цар над царевите“ и „Господар над господарите.“ 17#Ез 39,17-20Потоа видов еден ангел како стои на сонцето; тој извика со висок глас и им рече на сите птици што летаа сред небото: „Долетајте и соберете се на големата Божја вечера, 18да јадете тела на цареви, тела на војводи, тела на силни, тела на коњи и на нивните јавачи, и тела на сите – слободни и робови, мали и големи!“ 19#17,12-14Тогаш го видов ѕверот и земните цареви и нивните војски собрани за да војуваат против Оној Кој седеше на коњ, и Неговата војска. 20#14,9-11; 20,4.10.15; Ис 30,33; Дан 7,11Ѕверот беше фатен, а заедно со него и лажниот пророк, кој правеше чуда пред него, та ги соблазни оние што беа примиле белег од ѕверот и ѝ се покло­ну­ваа на неговата биста: и обајцата живи беа фрлени во огненото езеро со за­па­лен сулфур; 21другите, пак, беа убиени со мечот што излегуваше од устата на Оној Кој седеше на коњот. И сите птици се на­си­тија од телата нивни.

Селектирано:

Откровение 19: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се