Откровение 15
15
Седумте ангели и седумте последни казни
1 #
15,6; 16,1; 17,1; 21,9 И видов друг знак на небото, голем и чуден: седум ангели што ги држеа седумте последни казни, зашто со нив ќе се заврши Божјиот гнев. 2#4,6; 13,15-18И видов нешто како стаклено море, измешано со оган; и оние што го победија ѕверот и неговата биста, неговиот белег и бројот на неговото име, стоеја на тоа стаклено море и имаа харфи Божји. 3#1,8; 2 Мојс 34,10; 5 Мојс 32,4; Ер 10,7; Амос 3,13; Пс 91,4-5; 110,2; 138,14; 144,17И ја пееја песната на Мојсеј, Божјиот слуга, и песната на Јагнето, велејќи: „Големи и чудесни се делата Твои, Господи Боже Седржителе! Праведни и вистинити се Твоите патишта, Царе на народите! 4#Ер 10,7; Мал 1,11; Пс 85,9-10; Тов 13,7.11Кој нема да се уплаши од Тебе, Господи, и не ќе го прослави името Твое? Зашто само Ти си свет; зашто сите народи ќе дојдат и ќе се поклонат пред Тебе; бидејќи се појавија Твоите праведни судови!“ 5#11,19; 2 Мојс 25,22; 38,21; 40,34Потоа видов: ете, на небото се отвори храмот на скинијата на собранието. 6И излегоа од храмот седумте ангели, што ги држеа седумте зла, облечени во чисти и светли облеки од ленено платно и опашани преку градите со златни појаси. 7И едно од четирите животни на седумте ангели им даде седум златни чаши, полни со гневот на Бога, Кој живее во вечни векови. 8#2 Мојс 40,34-35; 3 Цар 8,10; Ис 6,4; Ез 44,4; 2 Лет 5,13-14И се исполни храмот со дим од славата на Бога и од силата Негова, и никој не можеше да влезе во храмот додека не се извршија седумте казни на седумте ангели.
Селектирано:
Откровение 15: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006