Откровение 14
14
Јагнето и Неговиот народ
1 #
3,12; 5,6; Јоил 3,4; Авд 1,17; Пс 2,6 Потоа видов: ете, Јагнето стои на гората Сион, и со Него сто четириесет и четири илјади, што го имаа на челата свои напишано името на Неговиот Отец. 2#1,15И чув глас од небото како шум од многу води и како звук од силен гром; чув глас на харфисти што свират на харфите свои 3#4,4.6; 5,6.9; 7,4; Ис 42,10; Пс 32,2-3; 39,4; 95,1; 97,1; 144,1.9; 149,1и како да пеат нова песна пред престолот и пред четирите животни и старешините; и никој не можеше да ја научи таа песна, освен оние сто четириесет и четири илјади, кои беа откупени од земјата. 4#5,9; Ер 2,3; Рим 16,5; 1 Кор 16,15Тие се оние што не се осквернија со жена, бидејќи се девствени; тие се оние што го следеа Јагнето каде и да оди, Тие се откупени меѓу луѓето, првенци на Бога и на Јагнето, 5#Ис 53,9; Соф 3,13; Пс 31,2и во устата нивна измама не се најде; тие се непорочни пред престолот Божји.
Најавување на Божјиот Суд
6И видов друг ангел како лета среде небото, кој имаше вечно Евангелие, за да им благовести на жителите земни, на секое племе и колено, јазик и народ. 7#2 Мојс 20,11; Мт 10,28Тој зборуваше со висок глас: „Имајте страхопочит кон Бога и подајте Му слава, зашто настапи часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној Кој ги создал небото и земјата, морето и водните извори!“ 8#16,19; 18,2-3; Ис 21,9; 46,1-2; 47,1-15; Ер 25,15; 51,7-8; Дан 4,27И друг ангел се појави по него, велејќи: „Падна, падна Вавилон, големиот град, зашто сите народи ги напои со жестокото вино на своето блудство!“ 9И трет ангел по него наиде, зборувајќи со висок глас: „Кој ќе му се поклони на ѕверот и на бистата негова, и прими белег на челото свое или на раката своја, 10#15,7; 16,19; 1 Мојс 19,24; Ис 51,17.22; Ер 25,15; Ез 38,22; Пс 10,6; 75,9тој ќе пие од виното на јароста Божја, вино неразводнето, излеано во чашата на Неговиот гнев, и ќе биде мачен со оган и сулфур пред светите ангели и пред Јагнето. 11#19,3; Ис 34,10Димот од мачењето нивно ќе се издига во сите векови; нема да имаат мир ни дење, ни ноќе оние што ќе му се поклонат на ѕверот и на неговата биста, и што ќе го примат белегот на неговото име!“ 12#12,17; 13,10Тука е трпението на светиите; тука се оние што ги пазат заповедите Божји и верата во Исус. 13#Евр 4,10Чув глас од небото како да ми вели: „Напиши – блажени се мртвите кои отсега умираат во Господ! Да – вели Духот – нека се одморат од трудот свој, зашто делата нивни ги следат!“
Жетвата на земјата
14 #
Мт 8,20
И видов: ете, светол облак, и на облакот седеше сличен на Синот Човечки; на главата Своја Тој имаше златен венец, а во раката – остар срп. 15#Јоил 3,13; Јн 4,35И друг ангел излезе од храмот и извика со силен глас на Оној што седеше на облакот: „Замавни со српот и жнеј, зашто дојде твојот час за жетва: бидејќи житото на земјата е зрело!“ 16И Оној што седеше на облакот го фрли српот свој на земјата и земјата беше пожнеана. 17И друг ангел излезе од храмот, што се наоѓаше на небото, и имаше исто така остар срп. 18И друг ангел, кој имаше власт над огнот, излезе од жртвеникот и со силен глас извика кон оној што имаше остар срп, велејќи: „Фрли го српот свој и обери го грозјето од земното лозје, зашто зрната му се веќе зрели!“ 19#19,15; Ис 63,1-6; Плач 1,15И ангелот го фрли српот свој на земјата, го обра земното лозје и го фрли во големата каца на Божјиот гнев, 20и се изгмечи кацата надвор од градот, и потече крв од кацата дури до уздите на коњите, на илјада и шестотини стадии.
Селектирано:
Откровение 14: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006