Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 11

11
Двата сведока
1 # 21,15; Ез 40,3; Зах 2,1-2 И ми се даде мерна трска слична на жезол, и ми се рече: „Стани и измери го Божјиот храм и жртвеникот и оние што се поклонуваат во него. 2#12,6.14; 13,5; Ис 63,18; Пс 78,1; Дан 7,25; 12,7; Лк 21,24А дворот пред храмот остави го и не мери го, бидејќи им е даден на нез­набошците: тие ќе го газат светиот град четириесет и два месеци. 3И ќе им дадам на двајца Мои сведоци, и тоа облечени во вреќи, да проро­куваат илјада двесте и шеесет дена.“ 4#Зах 4,3.11-14Тие се двете маслинови дрвца и два­та светилника што стојат пред Гос­по­да­рот на Земјата. 5#2 Цар 22,9; 4 Цар 1,10.14; Ер 5,14; Пс 96,3И, ако некој сака да им направи неправда, оган ќе излезе од устата нив­на и ќе ги проголта нивните неприја­те­ли; да, така треба да биде убиен оној што ќе посака тоа да го направи. 6#2 Мојс 7,17; 1 Цар 4,8; 3 Цар 17,1; Јк 5,17Тие ќе имаат власт да го затворат небото за да не паѓа дожд во деновите на нивното пророкување, и ќе имаат власт над водите да ги претвораат во крв и да ја поразат земјата со секаква мака, кога ќе посакаат. 7#12,17; 13,1.7; Дан 7,3.7.21И кога ќе го завршат сведоштвото, тогаш ѕверот, кој ќе излезе од бездната, ќе им објави војна и ќе ги победи, и ќе ги убие. 8#Ер 23,14; Ез 16,46; Лк 13,34А труповите нивни ќе ги остави по улиците на големиот град, кој духовно се нарекува Содом и Египет, каде што и нивниот Господ беше распнат. 9И многу од народите и племињата и јазиците ќе ги гледаат нивните трупови три и пол дена и нема да дозволат нив­ните трупови да бидат погребани во гробови. 10И жителите на земјата ќе се зарадуваат и развеселат поради нив, и ќе си праќаат подароци еден на друг, бидејќи тие два пророка ги мачеа оние што жи­веат на земјата. 11#Ез 37,5.10Но по три и пол дена во нив ќе влезе животен дух од Бога, и тие ќе се исправат на нозете свои, и голем страв ќе ги обземе оние што ќе ги гледаат. 12#4 Цар 2,11Тогаш тие ќе чујат висок глас од небото како им вели: „Искачете се ваму!“ И тие ќе се искачат на небото во облаци, и непријателите нивни ќе ги ви­дат. 13#Ез 38,19-20Во тој час ќе настане голем земјотрес и една десетина од градот ќе се сруши; а од земјотресот ќе загинат седум илјади човечки имиња: другите, пак, ќе се исплашат и ќе Му оддадат слава на небесниот Бог. 14#8,13; 9,12Второто зло мина. Ете, брзо иде третото зло.
Седмата труба
15 # 12,10; 2 Мојс 15,18; Авд 1,21; Зах 14,9; Пс 2,2; 9,36; Дан 2,44; 7,14 Затруби и седмиот ангел, и по небото одекнаа силни гласови, кои викаа: „Царството на светот стана цар­ство на нашиот Господ и на Неговиот Христос#11,15 Неговиот Помазаник, и Тој ќе царува во сите ве­кови!“ 16#4,4.10; 7,11И дваесет и четирите старешини, кои седеа пред Бога на престолите свои, паднаа ничкум и Му се поклонија на Бога, 17#1,8велејќи: „Ти благодариме, Господи Боже Седржителе, Кој си, Кој беше и Кој ќе бидеш, зашто ја прими Својата голема сила и се зацари! 18#10,7; Амос 3,7; Пс 2,1; 113,21Народите збеснаа, но дојде Твојот гнев и времето да им се суди на мртвите и да дадеш награда за слугите Твои – на пророците, на светиите и на оние кои имаат страхопочит кон името Твое, ма­ли и големи, и да ги погубиш оние што ја уништуваа земјата!“ 19#4,5; 8,5; 15,5; 3 Цар 8,1.6; 2 Лет 5,7Тогаш на небото се отвори храмот на Бога, и се јави ковчегот на заветот во Неговиот храм; и имаше светкавици и гласови, громови и земјотрес, и град го­лем.

Селектирано:

Откровение 11: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се