Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Откровение 12

12
Жената облечена во сонце и змевот
1 # 1 Мојс 37,9; Пс 103,2; Песна 6,10 И голем знак се покажа на небото: жена, облечена во сон­це; под нозете нејзини беше месечината, а на главата нејзина – венец од дванаесет ѕвезди. 2#Ис 66,7-8; Мих 4,10Таа беше бремена и викаше од породилни болки, и се мачеше да роди. 3#Дан 7,7Потоа се јави друг знак на небото. Ете, голем црвен змев со седум глави и десет рогови, а на главите негови седум круни; 4#Дан 8,10опашката негова повлече една третина од небеските ѕвезди и ги фрли на земјата. Змевот застана пред жената, која сакаше да роди, та, кога ќе роди, да го изеде детето нејзино. 5#2,27; 19,15; Пс 2,9И таа роди машко дете, кое ќе ги па­се сите народи со железен жезол; и детето нејзино беше грабнато и однесено кај Бога и Неговиот престол. 6#11,2; 12,14А жената побегна во пустина, каде што имаше приготвено место од Бога за да ја хранат таму илјада двесте и шеесет дена. 7#Дан 10,13; 12,1; Јуда 1,9И настана војна на небото: Михаил и неговите ангели војуваа против змевот, а змевот и неговите ангели војуваа против нив; 8но беа поразени, и за нив веќе не се најде место на небото. 9#20,2; Лк 10,18; Јн 12,31И беше исфрлен големиот змев – старата змија, наречена ѓавол и сатана, која ја мами целата вселена, беше со­бо­рена на земјата, и заедно со неа и анге­лите нејзини беа исфрлени. 10#11,15; Јов 1,9-11; 2,4-5И чув висок глас на небото како зборува: „Сега настана спасението и си­лата и царството на нашиот Бог и власта на Неговиот Христос, бидејќи е симнат клеветникот на браќата наши, кој ги клеветеше пред нашиот Бог дење и ноќе. 11#1 Јн 2,14Тие го победија со крвта на Јагнето и со словото на своето сведоштво и не се грижеа за животот свој дури до самата смрт. 12#18,20; Ис 44,23; 49,13; Пс 95,11Затоа веселете се, небеса, и вие, кои живеете на нив! Тешко вам, кои жи­ве­ете на земјата и морето, зашто ѓаволот слегол кај вас со голем гнев, бидејќи знае дека му останува малку време!“ 13А кога виде змевот дека е фрлен на земјата, почна да ја гони жената што го беше родила машкото дете. 14#2 Мојс 19,4; 5 Мојс 32,11; Ис 40,31; Дан 7,25; 12,7И ѝ се дадоа на жената две крилја како на голем орел за да одлета во пустината на своето место, каде ќе се храни време, две времиња и половина време, далеку од лицето на змијата. 15И змијата од устата своја испушти по жената вода како река, за да ја од­влече со реката. 16Но земјата ѝ помогна на жената: ја отвори земјата устата своја и ја проголта реката што ја беше испуштил змевот од устата своја. 17#11,7; 13,7; Дан 7,7.21И се разлути змевот на жената и отиде да војува со другите од семето нејзино што ги пазат Божјите заповеди и го имаат сведоштвото на Исус Хрис­тос. 18И застана на морскиот песочен брег.

Селектирано:

Откровение 12: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се