Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 36

36
Наредби во врска со мажењето на ќерките наследнички
1 # 1 Мојс 50,23 Дојдоа старешините на семеј­ствата од родовите на синовите на Галаад, потомци на Махир, син Ма­насиев, од племињата на Јосифовиот народ, и говореа пред Мојсеј (и пред свештеникот Елеазар) и пред кнезо­вите, старешини од родовите на синови­те израилски, 2па рекоа: „Господ му заповеда на господарот наш да им дадеме земја во дел на синовите израилски со ждрепка, и на господарот наш му е заповедано од Господ, делот на Салпаад, наш брат, да им го дадеме на ќерките негови; 3#27,7ако, пак, тие се омажат за синови од некое друго израилско племе, тогаш нивниот дел ќе се одземе од делот на татковците наши и ќе се додаде кон делот на она племе, во кое тие ќе бидат омажени; и така ќе се одземе наследството нивно од делот, кој ни се падна со ждрепка нам; 4#3 Мојс 25,10а кога кај синовите на Израил ќе има јубилејна година, делот нивни ќе се додаде кон делот на она племе, во кое тие ќе бидат омажени – делот нивни ќе се одземе од делот на татковото ни племе.“ 5Тогаш Мојсеј им заповеда на сино­вите на Израил, според повелбата Гос­подова, и рече: „Право говори племето на Јосифовите потомци: 6еве, како заповеда Господ за Сал­паадовите ќерки: тие можат да бидат жени на оние, што ќе им се допаднат, но можат да се омажат само со човек од племето од татковиот им род, 7#3 Мојс 25,23за да не минува делот на синовите израилски од едно племе во друго – за­што секој од синовите на Израил треба да биде приврзан кон делот од племето на неговите предци; 8#1 Лет 23,22и секоја ќерка, која наследува дел во племето на синовите израилски, треба да стане жена на некого од племето на татковиот си род, та секој од синовите на Израил да го наследува делот на своите предци; 9и да не минува делот од едно племе во друго; туку секое израилско племе ќе остане приврзано кон делот од племето на неговите предци.“ 10Како што му заповеда Господ на Мојсеј, така и направија Салпаадовите ќерки. 11Затоа Салпаадовите ќерки Махла, Тирца, Хогла, Милка и Ноа се омажија со синовите од своите стриковци; 12тие се омажија во племето од по­томците на Манасија, Јосифов син, и нивниот дел остана во племето на нивниот татко. 13#3 Мојс 7,38; 27,34Тоа се заповедите, што Господ им ги даде на синовите израилски преку Мојсеј во Рамнините Моавски, кај Јордан, спроти Ерихон.

Селектирано:

Броеви 36: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се