Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Броеви 30

30
1И им кажа Мојсеј на синовите израилски сѐ, што му беше запо­ведал Господ.
Закон за заветите
2И им зборуваше Мојсеј на начални­ците од племињата на синовите израилски, велејќи: „Еве што заповеда Господ: 3#3 Мојс 27,1-10; Мт 5,33#5 Мојс 23,20-23; Суд 11,30-40; Пс 49,14; Проп 5,3-4; Мт 5,32-36‚ако некој Му вети нешто на Господ, или се заколне со клетва, и стави зарек на душата своја, да не го оскверни зборот свој, туку да изврши сѐ, што излегло од устата негова. 4Ако жена даде завет на Господ и се зарече во татковата си куќа, во млади години, 5а таткото нејзин го чуе заветот и зарекувањето нејзино, што го наложила на душата своја, па го премолчи таткото нејзин тоа, тогаш сите нејзини ветувања, и секое нејзино зарекување, што си го наложила на душата своја, да ги исполни; 6ако таткото нејзин, кога ќе чуе, па ѝ забрани, тогаш сите нејзини завети, што си ги наложила на душата своја, да не се исполнуваат, и Господ ќе ѝ прости, бидејќи таткото ѝ ги забранил. 7#3 Мојс 5,4Ако се омажи, а е обврзана со завет, или се обврзала со збор, излезен од устата нејзина, 8и чуе мажот нејзин, па, откако ќе чуе премолчи: заветите нејзини да се исполнат, и зареците нејзини, исто така да се исполнат; 9ако мажот нејзин, кога ќе ги чуе, ѝ забрани и го отфрли заветот нејзин, што го дала, и зборот излезен од устата нејзина, со кој таа се обврзала (тие да не се исполнат, бидејќи мажот ѝ забранил), Господ ќе ѝ прости. 10А заветот на вдовица и разведена, каков и да било зарек да си наложила на душата своја, да се исполни. 11Ако жена се заветувала во куќата на мажот свој, или со клетва си наложила на душата своја зарек, 12и мажот нејзин ја чул, а премолчал и не ѝ го забранил, тогаш сите завети нејзини да се исполнат, и секое зарекување, што го наложила на душата своја, да се исполни; 13#Ефес 5,22; Кол 3,18ако, пак, мажот нејзин, откако ги чул, ги отфрлил, тогаш сите завети нејзини, излезени од устата нејзина, и зарекувања на душата нејзина, да не се исполнат; мажот нејзин ги уништил, и Господ ќе ѝ прости. 14Секој нејзин завет и секој клетвен зарек нејзин за смирување на душата своја, мажот нејзин може да го потврди, и мажот нејзин може да го отфрли. 15Ако мажот нејзин молчел од ден на ден, тој со тоа ги потврдил сите ветувања нејзини и сите зарекувања нејзини, со кои се обврзала; ги потврдил, зашто, откако ги чул, молчел за тоа; 16ако, пак, мажот ги отфрлил, откако ги чул, тој го примил врз себе гревот нејзин.‘“ 17Тоа се наредбите, кои Господ му ги заповеда на Мојсеј за односите меѓу мажот и жената негова, меѓу таткото и ќерката негова во млади години, во куќата на нејзиниот татко.

Селектирано:

Броеви 30: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се