Броеви 29
29
Жртви за Денот на трубните знаци
1„Во седмиот месец, во првиот ден од месецот, треба да има свето собрание; никаква работа не вршете; тоа да ви биде Ден на трубни знаци; 2#3 Мојс 1,3.9и принесувајте сепаленица за благопријатен мирис на Господ: еден јунец, еден овен, седум едногодишни машки јагниња, без надостаток; 3а заедно со нив и лебен принос од пченично брашно, измешано со масло, три десетини од ефа за јунецот, две десетини од ефа за овенот, 4и една десетина од ефа за секое од седумте јагниња, 5и еден козел како жртва за грев, за да се ослободите од гревот. 6Тоа да го додавате кон новомесечните сепаленици и лебните приноси за нив, и преливите нивни, и секојдневните сепаленици со нивните приноси и преливи, според наредбите, како благопријатен мирис за Господ.
Жртви за Денот на очистувањето
7 #
2 Мојс 31,15; 3 Мојс 16,29-34; Ез 45,18-20; Дела 27,9 И во десеттиот ден од тој седми месец треба да имате свето собрание: смирувајте ги душите свои и никаква работа не вршете; 8и принесувајте сепаленици за благопријатен мирис на Господ: еден јунец, еден овен, седум едногодишни машки јагниња; тие треба да бидат без недостаток; 9и заедно со нив и лебен принос од пченично брашно, помешано со масло три десетини од ефа за јунец, две десетини од ефа за овен, 10и по една десетина од ефа за секое од седумте јагниња, 11#3 Мојс 16,3како и еден козел – жртва за грев, освен жртвите за грев (за ваше очистување), што се принесуваат во Денот на очистувањето, и освен постојаните сепаленици и лебните приноси со нив и преливите за нив.
Жртви за празникот Сеници
12 #
2 Мојс 23,14-16; 5 Мојс 16,13-15; 3 Цар 8,2; Ез 45,25 И во петнаесеттиот ден од седмиот месец треба да ви биде особено свет, никаква работа не вршете и празнувајте го тој празник Господов седум дена: 13и принесувајте сепаленица, жртва за благопријатен мирис на Господ: тринаесет јунци, два овна, и четиринаесет едногодишни машки јагниња; тие треба да бидат без недостаток; 14и кон нив лебен принос од пченично брашно, измешано со масло, три десетини од ефа за секое од тринаесетте јунци, две десетини од ефа за секој овен, 15и по една десетина од ефа за секое од четиринаесетте јагниња, 16и еден козел – жртва за грев, освен секојдневната сепаленица со нејзиниот лебен принос, како и преливот за неа. 17А на вториот ден принесувајте: дванаесет јунци, два овна и четиринаесет едногодишни машки јагниња, без недостаток, 18и со нив уште лебен принос и прелив за јунците, овните и јагнињата, според бројот нивни, според наредбите; 19исто така и еден козел – жртва за грев, покрај постојаната сепаленица со приносот и преливот за неа. 20На третиот ден, пак, принесувајте: единаесет јунци, два овна, четиринаесет едногодишни машки јагниња, без недостаток, 21и со нив лебен принос и прелив за јунците, овните и јагнињата, според бројот нивни, според прописите; 22исто така и еден козел – жртва за грев, покрај постојаната сепаленица со приносот и преливот за неа. 23На четвртиот ден принесувајте: десет јунци, два овна, четиринаесет едногодишни машки јагниња, без недостаток, 24со нив и лебен принос и прелив за јунците, овните и јагнињата, според бројот нивни, според наредбите, 25и покрај тоа и еден козел – жртва за грев, освен постојаната сепаленица и приносот и преливот за неа. 26И на петтиот ден принесувајте жртва: девет јунци, два овна, четиринаесет едногодишни машки јагниња, без недостаток, 27и со нив принесете уште и лебен принос и прелив за јунците, овните и јагнињата, според бројот нивни, според наредбите, 28и еден козел – жртва за грев, покрај постојаната сепаленица и приносот и преливот за неа. 29На шестиот ден, пак, принесувајте: осум јунци, два овна, четиринаесет едногодишни машки јагниња, без недостаток, 30а со нив и лебен принос и прелив за јунците, овните и јагнињата, според бројот нивни, според наредбите; 31а исто така и еден козел – жртва за грев, покрај постојаната сепаленица со приносот и преливот за неа. 32Во седмиот ден принесувајте: седум јунци, два овна, четиринаесет едногодишни машки јагниња, без недостаток, 33и со нив принос и прелив за јунците, овните и јагнињата, според бројот нивни, според наредбите, 34а и еден козел како жртва за грев, освен постојаната сепаленица со приносот како и преливот за неа. 35Во осмиот ден е крај на празникот: никаква работа не вршете; 36и принесувајте сепаленица, жртва со пријатен мирис на Господ: еден јунец, еден овен, седум едногодишни машки јагниња без недостаток, 37и заедно со нив лебен принос и прелив за јунецот, за овенот и за јагнињата, според бројот нивни според прописите; 38освен тоа уште и еден козел – жртва за грев, покрај постојаната сепаленица, приносот и преливот за неа. 39#3 Мојс 7,16Принесувајте го тоа на Господ на вашите празници, покрај оние што ги принесувате поради завет или поради грижа и покрај сепалениците ваши, и лебните приноси и жртвите за мир.“
Селектирано:
Броеви 29: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006