Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Матеј 18

18
Кој е најголем?
(Мк 9,33-37; Лк 9,46-48)
1 # Лк 22,24 Во тој час Му пристапија учениците до Исуса и рекоа: „Кој е најголем во царството небесно?“ 2#19,13-14И Исус повика едно дете, го постави меѓу нив 3#5,20; Лк 18,17и им рече: „Вистина ви велам, ако не се обратите и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно: 4#23,12кој, пак, ќе се понизи како ова дете, тој е најголем во царството небесно; 5#10,40; Лк 9,48; Јн 13,20и кој прима такво дете во Мое име, Мене Ме прима.“
За соблазнувањата
(Мк 9,42-48; Лк 17,1-2)
6 # 5,29 „Кој ќе соблазни#18,6 Соблазнување значи наведување на грев. едно од овие мали, кои веруваат во Мене, за него е подобро да му се обеси воденички камен на вратот и да потоне во морска длабочина. 7Тешко му на светот од соблазни, зашто соблазните треба да дојдат; но тешко му на оној човек, преку кого до­аѓа соблазната. 8#5,29-30; 7,14; 25,46Ако те соблазнува раката твоја или ногата твоја, отсечи ја и фрли ја од себе: подобро е за тебе да влезеш во жи­вотот куц или сакат, отколку со двете раце и двете нозе да бидеш фрлен во вечниот оган; 9и ако те соблазнува окото твое, извади го и фрли го од себе: подобро е за тебе да влезеш во животот со едно око, отколку да ги имаш и двете очи, а да бидеш фрлен во огнениот пекол.“
Парабола за загубената овца
(Лк 15,3-7)
10 # Дела 12,15; Евр 1,14 „Гледајте да не презрете едно од овие мали, зашто, ви велам, нивните ангели на небесата постојано го гледаат лицето на Мојот Отец небесен. 11#Лк 19,10; 1 Тим 1,15Зашто Синот Човечки дојде да го бара и спаси загубеното. 12#Ез 34,16Што мислите? Ако некој човек има сто овци и една од нив се загуби, нема ли да ги остави деведесет и деветте в планина и да појде да ја бара загубената? 13Па, ако ја најде, вистина ви велам, ве уверувам дека ќе се радува за неа повеќе отколку за деведесет и деветте незагубени. 14#Јн 6,39Така, не е волја на вашиот Отец небесен да загине ниедно од овие мали.“
Ако ти згреши ближниот
15 # Лк 17,3; Гал 6,1 „Ако згреши против тебе братот твој, оди и искарај го насамо; ако те послуша, си го придобил брата си; 16#5 Мојс 19,15; Јн 8,17; 2 Кор 13,1; 1 Тим 5,19ако не те послуша, земи со себе уште еден или двајца, па со устата на двајца или тројца сведоци нека се потврди секој збор; 17#Рим 16,17; 1 Кор 5,11ако, пак, не ги послуша и нив, кажи ѝ на Црквата; па, ако и Црквата не ја по­слуша, тогаш нека ти биде тој како незнабожец и цариник.“ 18#16,19; Јн 20,23„Вистина ви велам: сѐ што ќе сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и сѐ што ќе разрешите на земјата, ќе биде разрешено и на небото.
Заедничка молитва
19 # 7,7; Јн 15,7.16; 1 Јн 3,22 Пак ви велам: ако двајца од вас се согласат на земјата да молат за нешто, што и да било, ќе им биде дадено од Мојот Отец, Кој е на небесата; 20#28,20; Јн 16,23зашто, каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас сре­де нив.“
Братско простување
(Лк 17,4)
21 # 6,12; Лк 17,4; 23,34 Тогаш Петар пристапи кон Него и рече: „Господи, колкупати да му простам на брата ми, кога ќе згреши против мене? До седумпати ли?“ 22#5,39.44-45; 1 Мојс 4,24; Ефес 4,32; 1 Сол 5,15Исус му одговори: „Не ти велам до седум, туку до седумдесетпати по седум.“
Парабола за немилосрдниот слуга
23 # 25,19 „Затоа царството небесно прилега на цар кој сакал да ја расчисти сметката со своите слуги. 24Кога почна да ја расчистува сметката, доведоа кај него еден што му должеше десет илјади таланти; 25па, бидејќи немаше со што да пла­ти, господарот негов нареди да го продадат него, и жена му, и децата негови, и сѐ што имаше, за да наплати. 26Тогаш тој слуга падна и му се поклонуваше говорејќи: ‚Господаре, стрпи се спрема мене и сѐ ќе ти платам.‘ 27#Лк 7,42А господарот на тој слуга се смилува, го пушти и му го прости долгот. 28Слугата, пак, штом излезе, најде еден од другарите свои, кој му должеше сто денарии, и кога го фати, го давеше и му велеше: ‚Врати ми што ми должиш!‘ 29Тогаш неговиот другар падна пред нозете негови, го молеше и велеше: ‚Стрпи се спрема мене и сѐ ќе ти исплатам!‘ 30Но тој не сакаше, туку отиде и го фрли во затвор, додека не му го ис­плати долгот. 31Другарите, пак, негови, кога видоа што се случи, многу се натажија, па откако отидоа, му кажаа на својот господар за сѐ што се случи. 32Тогаш господарот негов го повика и Му рече: ‚Зол слуго, јас ти го простив оној долг, зашто ме молеше; 33не требаше ли и ти да се смилуваш над својот другар, како што се смилував и јас над тебе?‘ 34#Лк 12,58-59И се разгневи господарот негов, па го предаде на мачители, додека не му го исплати целиот долг. 35#6,14-15; Мк 11,25; Лк 23,34; Кол 3,13Така и Мојот Отец небесен ќе постапи со вас, ако секој од вас не му ги прости од срце грешките на брата си.“

Селектирано:

Матеј 18: MK2006D

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се