Матеј 17
17
Христовото преображение
(Мк 9,2-9; Лк 9,28-36)
1 #
26,37; Јн 21,2 А по шест дни Исус ги зеде со Себе Петар, Јаков и брат му Јован, и ги изведе на висока гора сами; 2#28,3; Дан 7,9; 2 Птр 1,16-18и се преобрази пред нив; и лицето Негово светна како сонце, а алиштата Негови станаа бели како светлина. 3#11,14; 2 Мојс 33; 5 Мојс 18,15.18; 3 Цар 19,9-14И ете, им се јавија Мојсеј и Илија, кои разговараа со Него. 4#5 Мојс 16,13Тогаш Петар Му одговори на Исус и рече: „Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме три колиби: една за Тебе, една за Мојсеј и една за Илија.“ 5#3,17; 2 Мојс 13,21; 19,16; 24,15-16; 40,34-35; 3 Цар 8,10-12; Ис 42,1; Дела 1,9; 2 Птр 1,17Додека уште говореше, ете, ги засени светол облак; и се чу глас од облакот кој велеше: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја; Него послушајте Го!“ 6#27,54И кога го чуја тоа учениците, паднаа ничкум и многу се уплашија. 7Но Исус, откако им пријде, се допре до нив и им рече: „Станете и не плашете се!“ 8А тие, кога ги подигнаа очите, не видоа никој друг освен Исус. 9#8,4; 8,20А кога слегуваа од гората, Исус им заповеда и рече: „Никому не кажувајте што видовте додека Синот Човечки не воскресне од мртвите!“
За Илија
(Мк 9,11-13)
10 #
Мал 3,23-24; Сир 48,10 И учениците Негови Го запрашаа, говорејќи: „Зошто, пак, книжниците велат дека најнапред треба да дојде Илија?“ 11#19,28Исус им одговори и рече: „Илија ќе дојде претходно и ќе уреди сѐ; 12#11,14; 20,17-19; Лк 1,17но ви велам дека Илија веќе дојде и не го познаа, туку му направија сѐ што сакаа; така и Синот Човечки ќе пострада од нив.“ 13#11,10-14Тогаш учениците разбраа дека Тој им зборува за Јован Крстител.
Исус ослободува од демони
(Мк 9,14-29; Лк 9,37-43)
14 #
Мк 1,40; 10,17 Кога дојдоа кај народот, пристапи кон Него еден човек, кој падна на колена 15и рече: „Господи, смилувај се на мојот син, зашто е месечар и многу се мачи; често паѓа во оган и често – во вода; 16го доведов кај Твоите ученици, но тие не можеа да го излекуваат.“ 17#12,39; 5 Мојс 32,5.20; Дела 2,40; Фил 2,15А Исус одговори и рече: „О, роде безверен и развратен! До кога ќе бидам со вас? До кога ќе ве трпам? Доведете Ми го тука!“ 18#8,29; 15,28; Мк 1,25; 5,8; Јн 4,52-53И му нареди Исус и демонот излезе од него; и момчето оздраве во тој час. 19Тогаш учениците пристапија кон Исус насамо и Му рекоа: „Зошто не можевме ние да го истераме?“ 20#13,58; 21,21; Мк 11,22-23; 1 Кор 13,2А Исус им рече: „Заради вашето безверие: зашто, вистина, ви велам, ако имате вера колку синапово зрно, ќе ѝ речете на оваа планина: ‚Премести се одовде таму!‘ И таа ќе се премести, и ништо нема да биде за вас неможно. 21#Мк 9,29Овој, пак, род се истерува само со молитва и пост.“
Исус повторно ја најавува Својата смрт и воскресение
(Мк 9,30-32; Лк 9,43-45)
22 #
17,12; 20,17-19; 2 Цар 24,14 #
Дела 10,40
А кога беа во Галилеја, Исус им рече: „Синот Човечки ќе биде предаден во раце човечки, 23и ќе Го убијат, и на третиот ден ќе воскресне.“ И тие многу се нажалија.
За храмовниот данок
24 #
2 Мојс 38,26
А кога пристигнаа во Капернаум, му пристапија на Петар оние што собираа дидрахми и му рекоа: „Учителот ваш не плаќа ли дидрахми#17,24 дидрахми – данок што се плаќал за одржување на храмот.?“ 25Тој одговори: „Плаќа.“ И кога влезе дома, Исус го испревари и рече: „Што мислиш, Симоне? Земните цареви од кого земаат царина или данок? Од своите синови или од туѓи?“ 26Петар Му одговори: „Од туѓите.“ Исус му рече: „Значи, синовите се ослободени; 27#5,29; Рим 14,13; 1 Кор 8,13но, за да не ги соблазниме, отиди до морето, фрли јадица и првата риба што ќе ја уловиш, земи ја; и, кога ќе ѝ ја отвориш устата, ќе најдеш статир#17,27 статир – монета вредна две дидрахми.; земи го и подај им го за Мене и за себе!“
Селектирано:
Матеј 17: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006