Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Второзаконие 9

9
Победата и спасението се од Бога, а не од човекот
1 # 1,28 Чуј, Израиле: ти денес ќе го минеш Јордан да завладееш народи, пого­леми и посилни од вас, градови големи, со тврдини до небеса, 2#4 Мојс 13,34луѓе големи, и многубројни, и високи, Анаковите потомци, за кои знаеш и си слушал: „Кој може да им се против­стави на Анаковите потомци?“ 3#4,24; 2 Мојс 32,9; Евр 12,29Но сега знај дека Господ, твојот Бог, ќе оди пред тебе како оган, кој гори: Тој ќе ги истреби и ќе ги кутне пред тебе и ти наскоро ќе ги изгониш и ќе ги истребиш, како што ти рече Господ. 4Кога ќе ги изгони Господ, твојот Бог, пред тебе, немој да речеш во срцето свое: „Заради мојата праведност ме доведе Господ да ја наследам таа (добра) земја. Затоа што поради беззаконијата на овие народи Господ ги прогонува од пред тебе.“ 5#7,7Не заради праведноста твоја и не за­ради правината на срцето твое ти одиш да ја наследиш земјата нивна, туку по­ради бесчестието на тие народи Господ, твојот Бог, ги изгони од пред тебе, и за да го одржи заветот, со кој им се заколна Господ на предците твои: Авраам, Исак и Јаков; 6#Дела 15,14; Рим 11,32; Тит 3,5затоа знај сега дека не заради праведноста твоја Господ, твојот Бог, ти дава да ја наследиш таа добра земја, – бидејќи си тврдоглав народ.
Златното теле: грешката на народот
7Запомни и не заборавај, колку Го разгневивте Господа, вашиот Бог, во пус­тината: од оној ден, кога излеговте од египетската земја, па сѐ додека прис­тигнавте на ова место, вие не Му се покоривте на Господ. 8И кај Хорев вие Го раздразнивте Господа, и се разгневи Господ на вас, така што сакаше да ве истреби. 9#4,13; Мт 4,2Кога јас се искачив на планината, за да ги примам камените плочи, плочите на заветот, што Господ го беше склучил со вас; тогаш останав на планината че­тириесет дена и четириесет ноќи, леб не јадев и вода не пиев; 10и ми ги даде Господ двете камени плочи, напишани со Божји прст, а на нив беа сите зборови, што ви ги изрече Господ на планината среде огнот во денот на собранието. 11Откако изминаа четириесет дена и четириесет ноќи, Господ ми ги даде двете камени плочи, плочите на заветот, 12и ми рече Господ: „Стани, оди си поскоро оттука, зашто твојот народ, што го изведе од Египет, се разврати; многу брзо тие отстапија од патот, што им го заповедав; тие си направија леан идол.“ 13И ми рече Господ: „Го гледам тој народ, ете, тоа е тврдоглав народ; 14#25,19; 4 Цар 14,27; Пс 68,28остави Ме да ги уништам и да го избришам името нивно од под небото, а од тебе ќе направам народ (поголем), посилен и помногуброен од нив.“ 15#5,23Јас се свртев и слегов од планината, а планината гореше во оган; двете плочи на заветот беа во обете мои раце; 16и видов дека вие бевте згрешиле против Господ, вашиот Бог, бевте си направиле излеано теле, и наскоро бев­те отстапиле од патот, што ви го беше заповедал Господ да го држите; 17тогаш ги зедов двете плочи, ги фрлив од рацете свои, па ги скршив пред вас.
Златното теле: застапништвото на Мојсеј
18 # 9,9 И Му се помолив на Господ пак, ка­ко и порано, и пак четириесет дена и четириесет ноќи леб не јадев и вода не пиев, за сите ваши гревови, со кои згре­шивте, зашто извршивте зло пред Гос­под, вашиот Бог, и Го разгневивте; 19#Евр 12,21бидејќи јас се плашев од гневот и јароста, со која Господ се разгневи на вас и сакаше да ве истреби. Но Господ ме послуша и тогаш. 20А и на Арон силно се разгневи Гос­под и сакаше да го погуби; но јас тогаш се молев и за Арон. 21А гревот ваш, што го направивте – телето, го зедов, го изгорев во оган, го скршив, и го уништив, откако го здробив, така што стана ситен прав, и јас го фрлив тој прав во потокот што течеше од планината. 22#6,16; 2 Мојс 17,7; 4 Мојс 11,1-3И во Тавера, и во Маса, и во Кив­рот-Таава вие Го разгневивте Господа, вашиот Бог. 23И кога Господ ве прати од Кадис-Барнеа, со зборовите: „Одете и освоете ја земјата, што ви ја давам,“ – вие ѝ се противставивте на заповедта на Господ, вашиот Бог, и не Му поверувавте и не го послушавте гласот Негов. 24#Ез 23; Пс 77,8; Дела 7,51Вие Му бевте непокорни на Господ уште од оној ден, кога ве запознав. 25И Му се молев на Господ, Го молев четириесет дена и четириесет ноќи, бидејќи Господ сакаше да ве истреби; 26Му се молев на Господ и реков: „Господи, Господи, (Царе на боговите), не погубувај го Својот народ и Своето наследство, што го избави со големата Твоја сила, што го изведе од Египет со силна рака; 27#Рим 2,5спомни Си за Твоите слуги Авраам, Исак и Јаков; не гледај на жестокоста на овој народ, ниту на нечесноста негова, ниту пак на гревовите негови, 28#32,27; 4 Мојс 14,16; Пс 114,2за да речат жителите на оваа земја, од каде што нѐ изведе: – Господ не мо­жеше да ги воведе во земјата, што им ја беше ветил, и од омраза спрема нив ги изведе, за да ги истреби во пустината, – 29а тоа е Твој народ и Твое наслед­ство, што Ти го изведе (од египетската земја) со Својата незапирлива сила.“

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се