Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Второзаконие 10

10
Златното теле: прошката Божја
1 # 4,13 Тогаш Господ ми рече: „Исечи две камени плочи, слични на по­ранешните, и искачи се кај Мене на пла­нината, и направи дрвен ковчег. 2#31,26А Јас ќе ги напишам на плочите оние зборови што беа напишани на по­ранешните плочи, а кои ти ги скрши; и положи ги во ковчегот.“ 3#2 Мојс 25,10И направив ковчег од дрвото ши­тим#10,3 Дрвото шитим е слично на багрем., па исеков две камени плочи, како поранешните, и отидов на планината со двете плочи во раце. 4И ги напиша Тој на плочите, како што беше напишано порано; оние десет заповеди, што ви ги кажа Господ на планината среде огнот во денот на собранието, и ми ги предаде Господ. 5Јас се свртев и слегов од планината и ги положив плочите во ковчегот, што го бев направил, за да бидат тие таму, како што ми заповеда Господ. 6#4 Мојс 33,30-38Потоа заминаа синовите израилски од изворот на синовите Јаканови кон Мосера; и таму умре Арон и беше по­гребан, а на местото негово свештеник стана синот негов Елеазар. 7Оттаму отидоа во Гудгода, а од Гуд­года во Јатевата, во земјата со водни потоци. 8#31,9.25Тогаш Господ го оддели Левиевото племе, за да го носи ковчегот на заветот Господов, за да стои пред Господ и да Му служи (и да се моли), и да го велича името Негово, како што е тоа и до ден денес; 9поради тоа левитите немаат дел и наследство со браќата свои: Самиот Господ е нивни дел, како што им беше говорел Господ, твојот Бог. 10И престојував на планината, како и порано, четириесет дена и четириесет ноќи; Господ ме послуша и овој пат, и не посака Господ да ве погуби; 11и Господ ми рече: „Стани, тргни на пат пред овој народ; нека отидат и нека ја населат земјата, за која им се заколнав на предците нивни дека ќе им ја дадам.“
Заповедта за љубов и послушност
12 # 6,5 И сега, Израиле, што бара од тебе Господ, твојот Бог? Само да се плашиш од Господ, твојот Бог, да одиш по сите Негови патишта, да Го сакаш, и да Му служиш на Господ, твојот Бог, од сѐ срце и со сета душа; 13#4,40да ги пазиш заповедите на Господ, твојот Бог, и наредбите Негови, кои де­нес ти ги заповедам, за да ти биде добро. 14#Пс 23,1-2Ете, небото и небото над небесата, земјата и сѐ што е на неа, е на Господ, твојот Бог; 15#4,37но само предците ваши ги прими Господ и ги засака, и ве избра вас, нив­ното семе по нив, од сите народи, како што гледаш денес. 16#30,6И така, отстранете ја нечистотијата на вашето срце, и немојте да бидете во иднина тврдоглави; 17#2 Лет 19,7; Дела 19,16; Рим 2,11; Гал 2,6; 1 Тим 6,15; Откр 17,14; 19,16зашто Господ, вашиот Бог, е Бог на боговите и Господар на господарите, Бог голем, силен и страшен, Кој не гледа на лице и не зема дарови, 18Кој право суди, на сирак и на вдовица, го сака придојдениот и му дава леб и облека. 19#23,8; 2 Мојс 12,43; 22,20Сакајте го и вие придојдениот, би­дејќи и вие самите бевте придојдени во египетската земја. 20#Мт 4,10; 1 Кор 6,17Плаши се од Господ, твојот Бог, и само Нему служи Му, кон Него при­врзи се и во Негово име колни се; 21#Лк 1,49Тој е твојата пофалба, Тој е твојот Бог, Кој поради тебе ги направи оние големи и славни дела, што ги видоа очите твои; 22#1,10твоите предци дојдоа во Египет седумдесет души, а сега Господ, твојот Бог, те направи многуброен како ѕвез­дите небески.

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се