Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Второзаконие 6

6
„Сакај Го Господа, твојот Бог“
1Ова се заповедите, наредбите и законите, на кои заповеда Господ, Бог ваш, да ве научам, како да постапувате во онаа земја, во која одите да ја наследите: 2#2 Мојс 15,26да се плашиш од Господ, твојот Бог, и сите Негови наредби и заповеди Не­гови, што (денес) ти ги кажувам, да ги пазиш ти и синовите твои и внуците твои во сите денови на животот твој, за да живееш долго. 3#4,1.40; 2 Мојс 3,8И така, чуј Израиле, и потруди се да го исполнуваш тоа, за да ти биде добро, и да се намножите многу многу, како што Господ, Бог на татковците ваши, им беше рекол дека тебе ќе ти даде земја, каде што тече мед и млеко. 4#Мк 12,29.32; 1 Кор 8,4; Јк 2,19(Тоа се наредбите и законите што им ги заповеда Господ Бог на синовите Израилеви во пустината откако ги изведе од египетската земја.) Послушај, Израиле: Господ, нашиот Бог, е единствен Господ, 5#10,12; Мт 22,37сакај Го Господа, твојот Бог, од сѐ срце, со сета душа твоја и со сите сили твои! 6Овие зборови, што ти ги заповедам денес, да бидат во твоето срце и во твојата душа; 7и пренесувај им ги на децата свои и зборувај за нив, кога седиш дома и кога си на пат, кога си легнуваш и кога стануваш; 8и врзи ги на раката своја како знак, и нека ти бидат ознака над очите твои, 9и напишете ги врз надвратникот од вашите куќи и на вашите градски порти.
Израил не треба да Го заборави својот Бог
10Кога, пак, ќе те воведе Господ, твојот Бог, во онаа земја, за која Тој им се заколна на предците твои – Авраам, Исак и Јаков, да ти ја даде со големи и убави градови, што ти не си ги градел, 11#8,7-14и со куќи, полни со секое добро, со кое ти не си ги наполнил, и со кладенци ископани, што ти не си ги копал, со лозја и маслини, кои ти не си ги садел, па ќе јадеш и ќе се наситуваш! 12Тогаш пази да не ти се измами ср­цето и да не Го заборавиш Господа, Кој те изведе од египетската земја, од домот на ропството. 13#Мт 4,10Плаши се од Господ, твојот Бог, и само Нему служи Му, (и кон Него биди приврзан) и во Негово име колни се! 14Не одете по други богови – богови на оние народи, што ќе бидат околу вас; 15#5,9; 2 Мојс 34,14зашто Господ, твојот Бог, Кој е помеѓу вас, е Бог ревнител; за да не се разгори гневот на Господ, твојот Бог, против тебе, и да не те истреби Тој од лицето на земјата. 16#2 Мојс 17,1-7; Мт 4,7Не искушувајте Го Господа, вашиот Бог, како што Го искушувавте во Маса. 17Пазете ги цврсто заповедите на Господ, вашиот Бог, и законите Негови и наредбите, што Тој ти ги заповеда; 18#12,28; 30,15и вршете го она што е право и доб­ро пред очите на Господ, (твојот Бог,) за да ти биде добро и да влезеш и да ја освоиш добрата земја, која Господ со клетва им ја вети на предците ваши, 19и да ги изгони сите твои непријатели од пред тебе, како што велеше Господ. 20#2 Мојс 12,26; 13,14Ако еден ден синот твој те запраша, велејќи: „Што значат тие заповеди, наредби и закони, што ви ги заповедал Господ, вашиот Бог?“ 21#5,15Кажи му тогаш на синот твој: „Ние бевме робови на фараонот во Египет, но Господ нѐ изведе од Египет со незапирлива сила, 22#4,34и покажа Господ знаменија и големи чуда, и поразии против Египет – против фараонот и против целиот негов дом, 23и нас нѐ изведе оттаму, за да нѐ воведе во оваа земја, за која им се закол­нал на нашите предци дека ќе ни ја даде. 24И ни заповеда Господ да ги исполнуваме сите тие наредби, да се плашиме од Господ, нашиот Бог, за да ни биде добро во сите денови, и да останеме живи, како што сме денес. 25И во тоа ќе биде нашата праведност, ако се трудиме да ги извршуваме сите тие заповеди на законот пред Господ, нашиот Бог, како што ни заповеда Тој.“

Нагласи

Сподели

Копирај

None

Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се