Кога, пак, ќе те воведе Господ, твојот Бог, во онаа земја, за која Тој им се заколна на предците твои – Авраам, Исак и Јаков, да ти ја даде со големи и убави градови, што ти не си ги градел, и со куќи, полни со секое добро, со кое ти не си ги наполнил, и со кладенци ископани, што ти не си ги копал, со лозја и маслини, кои ти не си ги садел, па ќе јадеш и ќе се наситуваш! Тогаш пази да не ти се измами срцето и да не Го заборавиш Господа, Кој те изведе од египетската земја, од домот на ропството.