Второзаконие 1
1
ПРВ ГОВОР НА МОЈСЕЈ
1 #
4,45-49; 5,1 Ова се зборовите што им ги кажа Мојсеј на сите Израилци, уште кога беа источно од Јордан, во пустинската рамнина спрема Суф, меѓу Фаран и Тофел, Лаван, Хацерот и Ди-Захав; 2а од Хорев, преку планината Сеир, до Кадис-Барнеа има единаесет дена пат. 3На четириесеттата година, на единаесеттиот месец, во првиот ден од месецот, им кажа Мојсеј на синовите израилски сѐ, што му беше заповедал Господ за нив. 4#4 Мојс 21,21-35Откако го порази аморејскиот цар Сион, кој живееше во Есевон, и башанскиот цар Ог во Едреи, кој живееше во Аштарот, 5од онаа страна на Јордан, во земјата моавска, Мојсеј почна да го објаснува тој закон и рече:
Бог му заповеда на Израил да тргне
6Господ, Бог наш, ни говореше на Хорев и рече: „Доста живеевте во таа планина; 7свртете се и тргнете, па одете во планинските предели на Аморејците и кај сите нивни соседи, во рамнината, по планините и по долините, и во јужните краишта и во приморската земја хананска, и во Ливан, дури до големата река, реката Еуфрат! 8#1 Мојс 12,7; 28,13Ете, ви ја давам таа земја, одете, земете ја земјата во наследство, која Господ со клетва им вети дека ќе им ја даде на предците ваши – на Авраам, Исак и Јаков, ним и на потомството нивно.“
Мојсеј поставува судии
9 #
4 Мојс 11,11-17
И јас ви реков во она време: „Не можам сам да ве водам; 10#10,22; 1 Мојс 15,5; 22,17Господ, вашиот Бог, ве умножи, и еве, вие сте сега многубројни како ѕвездите небески: 11Господ, Бог на предците ваши, нека даде да се намножите и илјадапати повеќе, отколку што сте сега и нека ве благослови, како што ви говореше! 12Како ќе ги носам сам страдањата ваши, тежините ваши и расправиите ваши? 13#16,18-20Изберете си од вашите племиња луѓе мудри, разумни и искусни, а јас ќе ви ги поставам за началници.“ 14Вие ми одговоривте тогаш и рековте: „Тоа што го велиш е добро да го направиме.“ 15И ги зедов првенците на вашите племиња, мажи мудри, (разумни) и искусни, и ги поставив за началници над вас: илјаданачалници, стоначалници, педесетначалници, десетначалници и за записничари во племињата ваши. 16#Јн 7,51И им заповедав на судиите ваши во тоа време, и им реков: „Ислушувајте ги браќата свои и судете справедливо како брат спрема брат, а така постапувајте и со придојдениот кај него. 17#10,17; 3 Мојс 19,15; Изреки 24,23-25Во судот не правете разлика меѓу луѓето, ислушувајте го и малиот, и големиот: не плашете се од никого, бидејќи судот е Божји; а ако имате дело, кое е тешко за вас, обратете се до мене, и јас ќе пресудам.“ 18И во тоа време ви заповедав за сѐ што треба да правите.
Непослушноста на Израил на влезот од ветената земја
19И откако тргнавме од Хорев, одевме по целата таа голема и страшна пустина, што ја видовте, по патот кон Аморејската планина, како што беше заповедал Господ, нашиот Бог; и стигнавме во Кадис-Барнеа. 20Тогаш јас ви реков: „Вие стигнавте на Аморејската планина, која Господ, Бог наш, ви ја дава; 21#Ис.Н. 1,6-9ете, Господ, Бог ваш, ви ја предаде оваа земја; одете и земете ја во владение, како што им рече Господ Бог на вашите предци: не бојте се и не плашете се!“ 22Но вие сите дојдовте при мене и рековте: „Да испратиме пред нас луѓе, да ја разгледаат земјата и да ни донесат известување за патот по кој ќе одиме, и за градовите, во кои ќе влеземе.“ 23Ми се свидоа тие зборови, а јас зедов од вас дванаесет души, по еден човек од секое племе. 24Тие тргнаа, се качија на планината, дојдоа до долината Ешкол, и ја разгледаа; 25па зедоа во рацете свои плодови од земјата, ни донесоа, и нѐ известија, велејќи: „Добра е земјата, што Господ, Бог наш, ни ја дава.“ 26Но вие не сакавте да одите и се оглушивте од заповедта на Господ, вашиот Бог, 27и негодувавте во шаторите свои, велејќи: „Господ, од омраза спрема нас, нѐ изведе од земјата египетска, за да нѐ предаде во рацете на Аморејците и да нѐ истреби; 28каде ќе одиме? Нашите браќа нѐ обесхрабрија, велејќи: оној народ е поголем (поброен) и посилен од нас; таму градовите се поголеми и оградени со ѕидови до небеса, па и луѓе исполини видовме таму.“ 29Тогаш јас ви реков: „Не ужасувајте се и не плашете се од нив; 30#7,19Господ, Бог ваш, оди пред вас; Тој ќе се бори за вас, исто онака, како што направи со вас во Египет, пред очите ваши. 31И во оваа пустина, како што видовте, Господ, Бог твој, те пазеше, како што човек го пази синот свој, по целиот пат по кој минавте, додека стигнавте на ова место.“ 32#29,3; Ос 11,3-4Но и покрај тоа вие не Му верувавте на Господ, вашиот Бог, 33#2 Мојс 13,21Кој одеше пред вас по патот, за да ви одбере место, каде да запрете – ноќе со оган, за да ви го посочува патот по кој одите, а дење со облак. 34И кога Господ Бог ги чу зборовите ваши, се разгневи, и се заколна, велејќи: 35„Никој од овие луѓе, од овој зол род, нема да ја види добрата земја, за која им се заколнав на предците нивни дека ќе им ја дадам; 36#4 Мојс 14,24само Халев, Јефунеовиот син, тој ќе ја види; нему ќе му ја дадам земјата, во која влезе, и на синовите негови, зашто Му се покоруваше на Господ.“ 37#4,21Господ се разгневи и на мене заради вас, велејќи: „И ти нема да влезеш таму; 38#3,21; 4 Мојс 27,18-23Исус, синот Навинов, кој е при тебе, тој ќе влезе таму; него поткрепи го, бидејќи тој ќе му ја даде на Израил во наследство; 39#4 Мојс 14,3и децата ваши, за кои говоревте дека ќе станат плен на непријателите, и синовите ваши, кои засега не знаат што е добро, и што зло, тие ќе влезат таму; ним ќе им ја дадам, и тие ќе ја наследат. 40А вие свртете и тргнете кон пустината, по патот кон Црвеното Море.“ 41Вие одговоривте тогаш и ми рековте: „Згрешивме пред Господ (нашиот Бог); ќе одиме и ќе се бориме како што ни беше заповедал Господ, Бог наш.“ И вие го опашавте секој своето бојно оружје, па се собравте и се искачивте на планината. 42#31,17Но Господ ми рече – кажи им: „Не одете и не војувајте, зашто Јас нема да бидам меѓу вас, за да не бидете разбиени од непријателите ваши.“ 43И јас ви го кажав тоа, но вие не ме послушавте и ја престапивте Господовата заповед и своеволно се искачивте на планината. 44#Пс 117,12Тогаш излегоа против вас Аморејците, кои живееја по таа планина, и ве прогнаа, како што прават пчелите, и ве разбиваа од Сеир дури до Хорма. 45Вие тогаш се вративте и почнавте да плачете пред Господ, но Господ не го чу плачот ваш и не ве послуша. 46И останавте во Кадис многу време: колку што бевте таму.
Селектирано:
Второзаконие 1: MK2006D
Нагласи
Сподели
Копирај
Дали сакаш да ги зачуваш Нагласувањата на сите твои уреди? Пријави се или најави се
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006