А другите луѓе, кои не загинаа од овие зла, не се покајаа за делата на своите раце, да не им се поклонуваат на бесовите и на златните, сребрените, бронзените, камените и дрвените идоли, кои не можат ниту да гледаат, ниту да слушаат, ниту да одат. И не се покајаа за своите убиства, ниту за своите вражања, ниту за своите блудства, ниту за своите кражби.