Logo YouVersion
Icona Cerca

Матеј 3

3
Јован го повикува народот на покајание
(Мк 1,1-6; Лк 3,1-14; Јн 1,19-28)
1 # Ис 40,9; Мк 1,4; Лк 1,13.16-17; 3,2; Јн 1,6-8.15.29-36; Дела 1,22 Во тие денови дојде Јован Крстител, кој проповедаше во Јудејската пус­тина, 2#4,17; 5,3; 6,10; 7,21; 8,11; 10,7; 11,11-12; Мк 1,15; Дела 2,38; 26,20говорејќи: „Покајте се, зашто се приближи царството небесно.“ 3#Ис 40,3; Лк 3,4; Јн 1,23Зашто за него говореше пророкот Исаија, кој ве­ли:
„Гласот на оној што вика во пустината:
’Под­гот­ве­те го патот на Господ
и исправете ги Неговите патеки!‘“
4 # 11,8-9; 4 Цар 1,8 А Јован имаше облека од камилски влакна и кожен појас околу половината, а храната му се состоеше од скакулци и див мед. 5#11,7Тогаш од Ерусалим, и од цела Јудеја и од целиот Јордански крај доаѓаа кај него 6#3,11-16; Јн 1,25.31-33и се крштеваа од него во реката Јордан, исповедајќи ги своите гревови. 7#12,34; 21,25.32; 23,33; Ис 30,27-33; Лк 3,7; Рим 1,18; 2,5; Ефес 5,6; Откр 6,16-17А тој, штом виде дека кај него доаѓаат мнозина фарисеи и садукеи за да се крстат, им рече: „Змиски рожби! Кој ви кажа да бегате од гневот што иде? 8#Мк 4,20; Дела 26,20; Гал 5,22; Ефес 5,9; Кол 1,6.10Принесете плод достоен за покајание 9#Јн 8,33-40; Рим 4,12.16; 9,7-8; Гал 4,21-31и немојте да си говорите во себе: ’Наш татко е Авраам‘, зашто ви велам дека Бог може и од овие камења да му подигне чеда на Авраам. 10#7,19; Јн 15,2.6Секирата веќе лежи до коренот на дрвото; зашто секое дрво, што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган.
Крштевање со вода и крштевање со Светиот Дух
(Мк 1,7-8; Лк 3,15-18)
11 # Ис 1,25; Зах 13,9; Мал 3,2; Јн 1,26-27.30-31.33; Дела 1,5; 13,25; 19,4; 1 Кор 3,13.15; Евр 10,37; 1 Птр 1,7 Јас ве крштевам со вода за покајание, но Оној што доаѓа по мене е по­си­лен од мене; јас не сум достоен да Му ги понесам ни обувките; Тој ќе ве крсти со Светиот Дух и со оган. 12#13,30; Ис 41,16; 66,24; Ер 13,24; 15,7; Откр 14,14-16Лопатата е во Неговите раце и Тој ќе го очисти Своето гумно и ќе Си го прибере житото во амбарот, а плевата ќе ја изгори во неизгаслив оган“.
Исусовото крштевање
(Мк 1,9-11; Лк 3,21-22)
13Тогаш Исус дојде од Галилеја на Јордан кај Јован за да биде крстен од него. 14#Јн 13,6А Јован Го одвраќаше, велејќи: „Јас треба да бидам крстен од Тебе, а Ти кај мене ли доаѓаш!?“ 15Но Исус, одговарајќи, му рече: „Оста­ви го сега тоа, зашто ние треба да ја исполниме секоја правда.“ Тогаш Му допушти. 16#Ис 63,19; Ез 1,1; Дела 7,56; Откр 4,1И штом се крсти, Исус веднаш из­лезе од водата. Одеднаш Му се отворија небесата и Го виде Божјиот Дух како слегува како гулаб и доаѓа врз Него. 17#12,18; 17,5; 2 Цар 7,14; Ис 42,1; Пс 2,7; 2 Птр 1,17; Откр 4,1.3; 10,4И ете, глас од небесата говореше: „Овој е Мојот возљубен Син, во Кого е Мојата волја!“

Attualmente Selezionati:

Матеј 3: MAK2023

Evidenziazioni

Condividi

Copia

None

Vuoi avere le tue evidenziazioni salvate su tutti i tuoi dispositivi?Iscriviti o accedi