Псалми 5
5
ПСАЛМ 5
Давидовата утрена молитва за помош против безбожните непријатели
1За крајот: псалм на Давид,
за онаа што го доби наследството.
2 #
16,1; 53,3; 83,8; 85,6; 139,1 Зборовите мои слушни ги, Господи,
мојот повик разбери го;
3 #
83,3
Чуј го гласот на моето молење, Цару мој и Боже мој.
Зашто Тебе ќе Ти се молам, Господи!
4Наутро ќе го чуеш гласот мој;
наутро ќе застанам пред Тебе
и Ти ќе ме видиш,
5зашто Ти не си Бог Кој сака беззаконие,
злиот нема да отседне при Тебе,
6ниту законопрестапниците ќе опстојат пред очите Твои;
Ти ги замрази сите што вршат беззаконие.
7 #
54,23
Ќе ги погубиш сите што говорат лага;
од човек крвник и лукав Господ се гнаси.
8 #
41,2; 65,13; 137,2; 3 Цар 8,44-48; Дан 6,10 А јас, по Твојата голема милост,
во Твојот дом ќе влезам
и ќе се поклонам во Твојот свет храм со страв пред Тебе.
9 #
22,3; 26,11; Ис 26,7; 44,12; Изреки 3,6 Господи, води ме кон правдата Твоја,
поради непријателите мои,
патот Твој израмни го пред мене.
10 #
13,3; 35,3; Ис 59,3; Рим 3,13 Зашто во устата нивна нема вистина,
срцето им е бесплодно;
отворен гроб им е грлото;
со јазиците свои прелажуваат.
11Осуди ги, Боже,
да паднат во своите сплетки;
поради големото нечестие нивно – отфрли ги,
зашто Те огорчија Тебе, Господи!
12 #
63,10; 68,36; 118,132 Па нека се развеселат сите што на Тебе се надеваат,
нека се радуваат довека,
зашто ќе се вселиш кај нив,
и со Тебе ќе се фалат сите што го љубат името Твое.
13Зашто Ти ќе го благословиш праведниот;
како со штит, со благоволение си нѐ овенчал, Господи.
Nke Ahọpụtara Ugbu A:
Псалми 5: MAK2024PS
Mee ka ọ bụrụ isi
Kesaa
Mapịa
Ịchọrọ ka echekwaara gị ihe ndị gasị ị mere ka ha pụta ìhè ná ngwaọrụ gị niile? Debanye aha gị ma ọ bụ mee mbanye
Македонско библиско здружение 2024