Псалми 1
1
ПРВА КНИГА
ПСАЛМ 1
Блаженство за праведните, пропаст за безбожниците
1 #
25,4-5
Блажен е човекот што не одел на собирот безбожнички
и на пат на грешници не стапнал
и во друштво на злобници не седел,
2 #
118,15; 5 Мојс 17,19; Ис.Н. 1,7-8; Сир 6,37; 14,20-21 туку во законот Господов му е волјата
и во законот Негов дење и ноќе ќе се поучува.
3 #
91,4; 4 Мојс 24,6; Ер 17,8; Ез 47,12 Тој ќе биде како дрво насадено крај извори водни,
што родот свој ќе го дава навреме
и чиј лист нема да венее
и во сѐ што прави – ќе успева.
4 #
34,5; Ис 17,13; Јов 21,18 Не, не е така со безбожниците,
тие се како прав што ветрот го расфрла по лицето на земјата.
5Затоа нема да воскреснат на суд безбожниците,
ниту грешните – во соборот на праведните;
6 #
36,18; 111,10; Ер 21,8; Јов 23,10; Мт 7,13-14 зашто Господ го знае патот на праведните,
а патот безбожнички ќе пропадне.
Nke Ahọpụtara Ugbu A:
Псалми 1: MAK2024PS
Mee ka ọ bụrụ isi
Kesaa
Mapịa
Ịchọrọ ka echekwaara gị ihe ndị gasị ị mere ka ha pụta ìhè ná ngwaọrụ gị niile? Debanye aha gị ma ọ bụ mee mbanye
Македонско библиско здружение 2024