Akara Njirimara YouVersion
Akara Eji Eme Ọchịchọ

Матеј 12

12
ГЛАВА 12
(Зачало 44)
1Во тоа време,#Петок од четвртата седмица по Педесетница: Во она време, една сабота, Исус минуваше преку нивјето, а учениците Негови огладнеа, па почнаа да кинат класје и да јадат.
2Фарисеите, штом го видоа тоа, Му рекоа: – Ете, учениците Твои прават што не треба да се прави во сабота.
3А Он им рече: – Не сте читале ли што направи Давид, кога огладне самиот тој и оние што беа со него?
4Како влезе во домот Божји и ги изеде лебовите од предложението, кои не требаше да ги јаде ни тој, ниту оние што беа со него, туку само свештениците.
5Или, не сте читале ли во Законот дека во сабота свештениците ја нарушуваат саботата и пак не се виновни?
6Но, Јас ви велам дека е тука Оној Којшто е поголем од храмот;
7и, ако знаевте што значи: „милост сакам, а не жртва“, не би сте ги осудувале невините;
8зашто Синот Човечки е господар и на саботата.
Крај на петокот
(Зачало 45)
9И откако отиде оттаму, дојде во синагогата нивна.
10 # Понеделник од петтата седмица по Педесетница: Во она време, дојде Исус во синагогата јудејска И ете, таму беше еден човек, кој имаше исушена рака. И за да Го обвинат, Го прашаа Исуса: – Бива ли да се лекува во сабота?
11А Он им рече: – Кој од вас, ако има една овца и ако таа падне во сабота во јама, што не ќе ја земе и извлече?
12А колку, пак, човекот е поскап од една овца? И така, во сабота е дозволено да се прави добро.
13Тогаш му рече на човекот: – Протегни ја раката! И тој ја протегна; и таа стана здрава, како другата.
Крај на понеделникот
(Зачало 46)
14Афарисеите,#Вторник од петтата седмица по Педесетница: Во она време, фарисеите штом излегоа, се договорија како да Го погубат. Но Исус, кога разбра, се оддалечи оттаму.
15И тргна по Него многу народ,#Сабота по Рождество Христово: Во она време, по Исуса тргна многу народ и Он ги излечи сите;
16и им забрани да разгласуваат за Него;
17за да се исполни кажаното преку пророкот Исаија, кој вели:
18„Ете Го слугата Мој, Кого што Го избрав, Мојот возљубен, што е по волјата на Мојата душа. Ќе го положам Духот свој над Него и на народите ќе им објави суд;
19нема да се кара, ниту ќе вика, и никој нема да го чуе гласот Негов по раскрсниците;
20трските наведнати нема да ги скрши, ниту запалените светила ќе ги угасне, додека не го изведе судот кон победа.
21И во Неговото име народите ќе се надеваат“.
Крај на саботата.
Читај во вторникот
22Тогаш доведоа при него еден бесен, кој беше слеп и нем; и го излечи, така што слепонемиот прогледа и проговори.
23И сиот народ се чудеше и велеше: – Не е ли Овој Христос, синот Давидов?
24А фарисеите, штом го слушнаа тоа, рекоа: – Он не ги истерува бесовите на друг начин, освен преку Велзевул, началникот на бесовите.
25Но Исус, знаејќи ги нивните помисли, им рече: – Секое царство, ако се раздели, запустува; и секој град или дом, ако се раздели на противни групи, ќе пропадне.
26И, ако сатаната изгонува сатана, тој се разделил сам против себе; тогаш, како може да се запази царството негово?
27И, ако Јас истерувам бесови преку Велзевул, а синовите ваши, преку кого ги изгонуваат? Затоа тие ќе ви бидат судии.
28Ако, пак, Јас истерувам бесови со Духот Божји, тоа значи дека дошло царството Божјо до вас.
29Или, како може да влезе некој во куќата на силен човек и да му ја плени покуќнината, ако најнапред не го врзе силниот и тогаш да му ја ограби куќата?
(Зачало 47)
30Кој#Сабота осма по Педесетница: Рече Господ: Кој не е со Мене, против Мене е; и кој не собира со Мене, тој растура.
Крај на вторникот
31Затоа ви велам: – секој грев и хула ќе им се прости на луѓето, но хулата против Светиот Дух, нема да им се прости на луѓето.
32И, ако некој каже збор против Синот Човечки, ќе му се прости; но, ако каже нешто против Светиот Дух, нема да му се прости, ни на овој, ни на оној свет.
33Или, ако насадите добро дрво и плодот ќе му биде добар; а ако насадите лошо дрво и плодот ќе му биде лош; зашто, по плодот се познава дрвото.
34Породи змиини! Како можете да говорите добро, кога сте лоши? Зашто, од преполнето срце прикажува устата.
35Добриот човек од доброто сокровиште изнесува добро, а лошиот човек од лошото сокровиште – лошо.
36И ви велам, дека за секој необмислен збор, што ќе го изговорат луѓето, ќе одговараат на Судниот ден;
37оти според зборовите свои ќе бидеш оправдан, и според зборовите свои ќе бидеш суден.
Крај на саботата
(Зачало 48)
38Тогаш некои од книжниците ифарисеите одговорија и рекоа:#Среда од петтата седмица по Педес.: Во она време, пристапија кон Исуса некои од книжниците и фарисеите и рекоа: – Учителе, сакаме да видиме знак од Тебе.
39А Он им одговори и рече: – Лукав и прељуботворен род бара знаци; но нема да му се даде знак, освен знакот на пророкот Јона;
40оти, како што Јона беше во утробата на китот три дни и три ноќи, така и Синот Човечки ќе биде во срцето на земјата три дни и три ноќи.
41Ниневијците ќе излезат на суд со овој род и ќе го осудат, зашто тие се покајаа од проповедта на Јона; а ете, тука има повеќе од Јона.
42И царицата јужна ќе излезе на суд со овој род и ќе го осуди; зашто, таа дојде од крајот на земјата да ја чуе премудроста на Соломона; но ете, тука е многу поголем од Соломона.
43Кога нечист дух ќе излезе од човека, тој оди преку безводни места, барајќи спокој, и не го наоѓа;
44па, ќе рече тогаш: – да се вратам во мојот дом од каде што излегов. И штом ќе дојде, го наоѓа празен, изметен и уреден;
45тогаш оди и доведува други седум духови, полоши од себе, и штом ќе влезат, таму и ќе живеат; и последната состојба на тој човек станува полоша од првата. Така ќе биде и со овој пакостен род.
Крај на средата
(Зачало 49)
46Додека му зборуваше#Четврток од петтата седмица по Педес.: Во она време, додека Исус му зборуваше на народот, мајка Му и браќата Негови стоеја надвор и сакаа да зборуваат со Него.
47Некој Му кажа: – Ете, мајка Ти и браќата Твои стојат надвор и сакаат да зборуваат со Тебе.
48Он му одговори на оној што Му зборуваше, и рече: – Која е Мојата мајка и кои се Моите браќа?
49И откако покажа со рака на учениците Свои, рече: – Еве ја Мојата мајка и еве ги Моите браќа;
50зашто, кој ја исполнува волјата на Мојот Отец Кој е на небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка.

Nke Ahọpụtara Ugbu A:

Матеј 12: MK2008

Mee ka ọ bụrụ isi

Kesaa

Mapịa

None

Ịchọrọ ka echekwaara gị ihe ndị gasị ị mere ka ha pụta ìhè ná ngwaọrụ gị niile? Debanye aha gị ma ọ bụ mee mbanye