Битие 1
1
ВО ПОЧЕТОКОТ
Бог го создава светот и човекот
1 #
2,4-25; Ис 42,5; Ер 10,11-12; Пс 8; 32,6-9; 73,15-17; 88,11; 89,2; 101,25; 103; Јов 38; Изреки 8,22-31; Јн 1,1-3; Дела 17,24; Кол 1,15-17 Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата. 2#Ер 4,23Земјата беше неоформена и пуста; имаше темнина над бездната и Божјиот Дух лебдеше над водата. 3#Ис 45,7; 60,19; 2 Кор 4,6; Откр 22,5И Бог рече: „Нека биде светлина!“ И настана светлина. 4И Бог виде дека светлината е нешто добро; и ја оддели Бог светлината од темнината. 5Бог светлината ја нарече ден, а темнината ја нарече ноќ. И настапи вечер, и настапи утро – прв ден. 6Потоа Бог рече: „Нека има свод среде водата и тој да разделува вода од вода!“ (И така стана). 7#Ез 1,22-25; Пс 148,4И создаде Бог свод; и ја одвои водата што е под сводот од водата што е над сводот. Така и стана. 8И сводот Бог го нарече небо. (И виде Бог дека тоа е добро). И настапи вечер и настапи утро – втор ден. 9#Ис 51,10; Јов 26,8-10; 38,8И Бог рече: „Нека се собере водата, што е под небото на едно место, и нека се појави копно!“ И стана така. (Водата што е под небото се собра на своите места и се појави копно). 10Копното Бог го нарече земја, а собраните води ги нарече – мориња; и виде Бог дека тоа е добро. 11#Пс 64,9-13И Бог рече: „Нека израсте од земјата зеленило – трева, што дава семе, плодоносни дрвја кои во себе имаат семе (според својот род и вид)!“ И стана така. 12Земјата пушти од себе зеленило: трева што дава семе според својот род (и вид), а и (плодоносни) дрвја што раѓаат плод, чие семе е според нивниот род. И Бог виде дека тоа е добро. 13И настапи вечер, и настапи утро – трет ден. 14#Ер 31,35; Варух 3,33-35Потоа Бог рече: „Нека се појават светила на небескиот свод (за да ја осветлуваат земјата), за да го делат денот од ноќта и да бидат знаци, и за времињата, и за деновите, и за годините; 15и нека бидат тие светилници на небескиот свод, за да ја осветлуваат земјата!“ И стана така. 16#Пс 135,7-9; Сир; 43,1-10Бог создаде две големи светила: поголемо светило да управува со денот, и помало светило да управува со ноќта; ги создаде и ѕвездите; 17и ги постави Бог на небескиот свод да ја осветлуваат земјата, 18и да управуваат со денот и ноќта, и да ја одделуваат светлината од темнината. И Бог виде дека тоа е добро. 19И настапи вечер, и настапи утро – четврти ден. 20Потоа рече Бог: „Водата нека се исполни со живи суштества, а низ небескиот свод над земјата нека полетаат птици!“ (И така стана). 21#Јона 2,1; Јов 40И Бог создаде големи риби и секаков вид животни влекачи, што живеат во водата, според нивниот род, како и секаков вид крилати птици, според нивниот род. И виде Бог дека тоа е добро. 22#Мт 6,26; Лк 12,6И ги благослови Бог, велејќи: „Плодете се и множете се, и наполнете ја водата во морињата, и птиците нека се намножат на земјата!“ 23И настапи вечер, и настапи утро – петти ден. 24Пак рече Бог: „Нека изведе земјата од себе разни суштества според родот нивни: добиток, лазачи и ѕверови земни според нивниот род!“ И стана така. 25#Ер 27,5; Пс 49,10-12И Бог создаде ѕверови земни, според родот нивни, и добиток според родот негов, и секакви гадинки земни, според родот нивни. И Бог виде дека тоа е добро. 26#9,6; Мудр 2,23; Сир 17,1-4Потоа Бог рече: „Да создадеме човек според Нашиот образ (и) според Нашето подобие како што сме Ние, кој ќе биде господар над морските риби, над небеските птици, (над ѕверовите) и над добитокот – над целата земја и над сите гадинки што лазат по земјата!“ 27#Мт 19,5; Мк 10,6; 1 Кор 11,7; Јк 3,9И Бог го создаде човекот според образот Свој, според образот Божји го создаде; машко и женско ги создаде. 28#8,17; 9,1.7; Пс 8,6-8И ги благослови Бог, и им рече: „Плодете се, и множете се, и наполнете ја земјата, и господарете над неа, и овладајте ги морските риби (и ѕверовите), и небеските птици (и секаков добиток, целата земја), и сите животни што лазат по земјата!“ 29#9,2-4И Бог рече: „Еве, ви дадов секакви билки што даваат семе по целата земја, и секакви дрвја што во себе имаат семе според својот род и вид; тоа да ви биде за храна! 30А на сите земни ѕверови, и на сите небески птици, и на сѐ што се движи (и лази) по земјата, во кое има жива душа, им ги дадов сите тревни растенија за храна.“ Така и стана. 31#Пс 103,24; Сир 39,33-35; 1 Тим 4,4И Бог виде дека сето она што го создаде е многу добро. И настапи вечер, и настапи утро – шести ден.
Արդեն Ընտրված.
Битие 1: MK2006D
Ընդգծել
Կիսվել
Պատճենել
Ցանկանու՞մ եք պահպանել ձեր նշումները ձեր բոլոր սարքերում: Գրանցվեք կամ մուտք գործեք
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006