Марко 12
12
Парабола за немилосрдните лозари
(Мт 21,33-46; Лк 20,9-19)
1 #
Ис 5,1-2
И почна да им говори во параболи: „Еден човек насади лозје, го огради, па ископа место за преса и соѕида кула; и им го предаде на лозарите, па замина на пат. 2А кога дојде времето за берба, испрати кај лозарите слуга, за да го прибере од нив плодот на лозјето. 3Но тие го фатија слугата, го претепаа и го испратија со празни раце. 4И повторно испрати друг слуга кај нив; и него го нападнаа со камења и му ја расцепија главата, па го пратија посрамен. 5Испрати и друг; него, пак, го убија; и мнозина други, од кои едните ги претепаа, другите ги убија. 6#1,11; 1 Мојс 22,2; 2 Птр 1,17А уште имаше и еден син, кој му беше возљубен; па најпосле го испрати и него кај нив, велејќи си: ’Ќе се засрамат од син ми.‘ 7#Евр 1,2Но лозарите си рекоа меѓу себе: ’Овој е наследникот; ајде да го убиеме и наследството ќе биде наше!‘ 8Па го фатија, го убија и го исфрлија надвор од лозјето. 9Што ќе направи господарот на лозјето? Ќе дојде и ќе ги погуби лозарите, а лозјето ќе го даде на други. 10#Пс 117,22-23#Дела 4,11; 1 Птр 2,7Зар не сте го читале ова во Писмото: ’Каменот, што го отфрлија ѕидарите, стана камен темелник; 11тоа е од Господ и чудесно е во нашите очи.‘“ 12#Мт 14,5И сакаа да Го фатат, но се уплашија од народот, зашто разбраа дека за нив ја кажа параболата; па Го оставија и си отидоа.
За плаќањето данок
(Мт 22,15-22; Лк 20,20-26)
13 #
3,6; Мт 16,1 А пратија кај Него неколкумина од фарисеите и од Иродовците, за да Го фатат на збор. 14#1,2-3; Мт 22,16; Лк 1,76; Дела 16,17; Евр 3,10; Откр 15,3Тие дојдоа и Му рекоа: „Учителе, знаеме дека си вистинит и дека не се плашиш од никого, зашто не се водиш според изгледот на луѓето, туку вистински поучуваш за Божјиот пат. Дозволено ли е да се дава данок на цезарот или не? Да даваме ли или да не даваме?“ 15А Тој, знаејќи го нивното лицемерие, им рече: „Зошто Ме искушувате? Донесете Ми еден динариј да го видам!“ 16И тие Му донесоа. Па им рече: „Чиј е овој лик и натпис?“ Тие Му рекоа: „На цезарот.“ 17#Рим 13,7Тогаш Исус им одговори и рече: „Дајте го цезаревото на цезарот, а Божјото на Бога!“ И тие Му се чудеа.
За воскресението
(Мт 22,23-33; Лк 20,27-40)
18 #
Ез 40,46; Дела 23,8; 1 Кор 15,12 Дојдоа кај Него и некои од садукеите, кои велат дека нема воскресение, и Го прашаа, говорејќи: 19#1 Мојс 38,8; 5 Мојс 25,5„Учителе, Мојсеј ни напиша: ’Ако некому му умре братот и остави жена, а не остави деца, неговата жена нека ја земе брат му и нека му подигне потомство на својот брат.‘ 20Си беа седуммина браќа: првиот зеде жена и кога умре, не остави пород. 21Неа ја зеде вториот, и умре, но и тој не остави пород; исто така и третиот. 22Ја зедоа сите седуммина, и не оставија пород. По нив умре и жената. 23При воскресението, кога ќе воскреснат, на кого од нив таа ќе му биде жена? Зашто седумтемина ја имаа за жена.“ 24#Јн 20,9А Исус им одговори и рече: „Зарем причината за вашата заблуда не е во тоа што не ги познавате ниту Писмата ниту Божјата сила? 25Зашто, кога ќе воскреснат од мртвите, ниту ќе се женат ниту ќе се мажат, туку ќе бидат како ангели на небесата. 26#2 Мојс 3,6; Дела 3,13А за мртвите, дека ќе воскреснат, зар не сте читале во книгите на Мојсеј, како му рече Бог кај капината, велејќи: ’Јас сум Бог на Авраам, и Бог на Исак и Бог на Јаков‘? 27Тој не е Бог на мртвите, туку Бог на живите. Вие сте во голема заблуда!“
Најважната заповед
(Мт 22,34-40; Лк 10,25-28)
28Тогаш пристапи еден од книжниците, кој ги слушаше како се препираат и откако виде дека Исус добро им одговараше, Го праша: „Која е првата од сите заповеди?“ 29#5 Мојс 6,4-5А Исус му одговори: „Првата од сите заповеди е: ’Чуј Израиле! Господ, Бог наш, е еден Господ. 30#Лк 10,27#Ис.Н. 22,5Затоа, возљуби Го Господ, твојот Бог, со сето свое срце, со сета своја душа, со сиот свој разум и со сета своја сила!‘ Ова е првата заповед. 31#3 Мојс 19,18; Мт 19,19; Рим 13,9; Гал 5,14; Јк 2,8А втората е слична на неа: ’Возљуби го својот ближен како себеси!‘ Друга заповед, поголема од овие, нема.“ 32#5 Мојс 4,35; 6,4; Ис 45,21; Лк 20,39; Рим 3,30; 1 Кор 8,6; Јк 2,19Книжникот Му рече: „Добро, Учителе. Право кажа дека Бог е еден и дека нема друг, освен Него; 33#3 Мојс 19,18; 5 Мојс 6,5; 4 Цар 23,25; 1 Цар 15,22; Ос 6,6; Амос 5,21; Пс 39,6-8и дека да Го љубиш со сето срце, и со сиот разум, и со сета своја душа, и со сета сила, и да го љубиш својот ближен како себеси е поважно од сите сепаленици и жртви.“ 34#Мт 3,2; 6,10; 22,46; Лк 20,40Исус, пак, кога виде дека умно одговори, му рече: „Не си далеку од царството Божјо.“ И никој веќе не се осмелуваше да Го прашува.
За Месијата
(Мт 22,41-46; Лк 20,41-44)
35 #
Јн 7,42
И продолжувајќи да поучува во храмот Исус рече: „Како тоа книжниците велат дека Христос е син на Давид, 36#Пс 109,1кога самиот Давид кажа преку Светиот Дух: ’Му рече Господ на мојот Господ: седи од Мојата десна страна, додека не ги положам Твоите непријатели за подножје на Твоите нозе!‘ 37#Лк 19,48; 21,38И така, сам Давид Го нарече Господ; како тогаш Тој може да му е син?“ И многу народ Го слушаше со задоволство.
За книжниците
(Мт 23,1-12; Лк 20,45-47)
38 #
Лк 11,43; 14,7 И во Својата поука им рече: „Чувајте се од книжниците, кои милуваат да одат во долги облеки и да бидат поздравувани по пазариштата, 39да имаат предни места во синагогите и први места на гозбите; 40што ги подјадуваат домовите на вдовиците и навидум долго се молат. Тие ќе добијат потешка пресуда.“
Прилог од една вдовица
(Лк 21,1-4)
41 #
4 Цар 12,8; Јн 8,20 Па седна Исус спроти ризницата и гледаше како народот пушта пари во неа. Мнозина богати пуштаа многу. 42И кога дојде една бедна вдовица, пушти две лепти, што изнесува еден кодрант. 43А Исус ги повика Своите ученици, и им рече: „Вистина ви велам, оваа бедна вдовица приложи повеќе од сите што пуштија во ризницата; 44#2 Кор 8,12зашто сите пуштија од својот вишок, а таа од својата сиромаштија даде сѐ што имаше, сета своја издршка.“
હાલમાં પસંદ કરેલ:
Марко 12: MAK2023
Highlight
શેર કરો
નકલ કરો

Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023