Logo YouVersion
Îcone de recherche

Создавање 8

8
Ное излегува од ковчегот
1И си спомна Бог за Ное, и за сите ѕверови и за сиот добиток, што беа со него во ковчегот; и навеа Бог ветар на земјата, и водите запреа. 2Изворите на бездната и окната небески се затворија, и дождот од небото престана. 3Водата почна постепено да опаѓа на земјата, и по сто и педесет дена намали. 4И се запре ковчегот во седмиот ме­сец на седумнаесеттиот ден на ридовите од планината Арарат. 5Водата, пак, опаѓаше постепено до десеттиот месец; и во првиот ден од десеттиот месец се покажаа врвовите на планините. 6А по четириесет дена го отвори Ное прозорецот на ковчегот, што го беше направил. 7И пушти гавран, кој откако одлета, полетуваше и долетуваше додека не се исуши земјата од водата. 8Потоа пушти гулаб, за да види дали исчезнала водата од површината на земјата; 9но гулабот, бидејќи не најде каде да застане со своите нозе, се врати кај него во ковчегот, зашто уште имаше вода по целата земја; и Ное ја спружи раката, го фати и го зеде кај себе во ковчегот. 10Почека уште други седум дена, и повторно го пушти гулабот од ковчегот. 11Гулабот се врати кај него приквечер; и ете, во клунот свој тој имаше свеж маслинов лист; и Ное разбра дека се повлекла водата од земјата. 12Потоа почека уште седум дена, и го пушти гулабот, а тој повеќе не му се врати. 13Во шестотини и првата година, во првиот ден од првиот месец, ја снема водата од земјата; и Ное го отвори покривот на ковчегот, погледна и виде дека површината на земјата беше поисушена. 14А на дваесет и седмиот ден од вториот месец, земјата беше сува. 15Тогаш му рече Бог на Ное: 16„Излезете од ковчегот, ти, жената твоја, синовите твои, и жените на синовите твои; 17#1,22изведи ги со себе и сите животни, што се со тебе, од секое суштество, од птиците, добитокот и сите влекачи што лазат по земјата; нека се растурат по земјата, и нека се плодат и множат на земјата!“ 18И излегоа Ное, синовите негови, жената негова, и жените на синовите негови; 19сите животни и сите лазачи, сите птици – сѐ што се движи по земјата, според родот нивни, излегоа од ков­чегот. 20И Му направи Ное жртвеник на Господ; и зеде од секој чист добиток и од сите чисти птици, и ги принесе на жртвеникот како жртви сепаленици. 21И Господ го почувствува пријатниот мирис, па рече во срцето Свое: „Нема повеќе да ја проколнувам земјата поради човекот, зашто помислите на срцето човечко се зли уште од младини и нема повеќе да ги уништувам живите суштества, како што направив. 22#Ер 31,35-36; 33,20Отсега, па сѐ дури постои земјата, нема да престанат сеењето и жнеењето, студот и горештината, летото и зимата, деновите и ноќите.“

Sélection en cours:

Создавање 8: MK2006

Surbrillance

Partager

Copier

None

Tu souhaites voir tes moments forts enregistrés sur tous tes appareils? Inscris-toi ou connecte-toi

Vidéo pour Создавање 8