Псалми 20

20
ПСАЛМ 20
Благодарност за победите во минатото
1 # 62,11 За крајот: псалм на Давид.
2 # 19,4; 36,4 Господи, со силата Твоја ќе се развесели царот
и за спасението Твое многу ќе се зарадува.
3 # 2 Цар 12,30; Ест 1,11; Мудр 5,16 Тоа што го посака душата негова Ти му го даде
и од барањето на усните негови не го лиши.
4 # 60,6-7; 90,16; 3 Цар 1,31; 3,13; 4 Цар 20,1-7; Ис 38,1-20; Изреки 9,11; Дан 2,4; Неем 2,3 Зашто го пресретна со благослови на добрина,
му стави на главата венец од скапоцен камен.
5 # 44,3; 95,6 Живот побара од Тебе
и Ти му даде долги денови во вечни векови.
6 # 71,17; 1 Мојс 12,2-3 Голема е неговата слава во спасението Твое,
слава и величие ќе положиш врз него.
7Зашто ќе му дадеш благослов во вечни векови,
ќе го развеселиш со радоста на лицето Твое.
8Зашто царот се надева на Господа
и во милоста на Вишниот нема да се поколеба.
9 # 2 Цар 23,6-7; Ис 33,11-12; Ос 7,7; Мал 3,19 Нека ги пронајде раката Твоја сите непријатели Твои,
десницата Твоја нека ги најде сите што Те мразат.
10 # 108,13; Јов 18,19 Зашто ќе ги направиш како печка вжарена, кога ќе се покаже лицето Твое.
Во гневот Свој, Господ ќе ги потресе и оган ќе ги проголта.
11Родот нивен од земјата ќе го истребиш
и потомството нивно меѓу човечките синови,
12 # 17,40 зашто навалија со зло кон Тебе,
направија план кој не можат да го исполнат.
13 # 56,5-11 Зашто ќе ги натераш на бегство,
со она што Ти преостана ќе го подготвиш лицето нивно.
14Издигни се, Господи, со силата Своја,
ќе ја воспеваме и славиме моќта Твоја.

اکنون انتخاب شده:

Псалми 20: MAK2024PS

های‌لایت

به اشتراک گذاشتن

کپی

None

می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید