Матеј 4
4
Исусовите искушувања
(Мк 1,12-13; Лк 4,1-13)
1 #
3,1; 5 Мојс 8,2; Евр 2,18; 4,15 Тогаш Духот Го одведе Исус во пустината, за да биде искушуван од ѓаволот. 2#1 Мојс 7,4; 2 Мојс 24,18; 34,28; 4 Мојс 14,34; 5 Мојс 9,9.18; Дела 1,3И, откако постеше четириесет дена и четириесет ноќи, најпосле огладне. 3#4,3.6; 11,27; 5 Мојс 1,31; Ос 1,10; Пс 2,7А искушувачот пристапи до Него и Му рече: „Ако си Син Божји, заповедај овие камења да станат лебови.“ 4#5 Мојс 8,3А Тој, одговорајќи, рече: „Напишано е:
’Човек нема да живее само од леб,
туку и од секој збор што излегува од устата на Бога.‘“
5 #
Ис 52,1; Неем 11,1; Откр 21,2.10 Тогаш ѓаволот Го одведе во светиот град, Го постави на стреата од храмот 6#Пс 91,11.12и Му рече: „Ако си Син Божји, фрли се долу, зашто е напишано:
’На Своите ангели ќе им заповеда за Тебе да Те запазат,
и на раце ќе Те земат
за да не си ја сопнеш ногата од камен.‘“
7 #
2 Мојс 17,2-7; 4 Мојс 14,22; 5 Мојс 6,16; Пс 77,18; 1 Кор 10,9 А Исус му рече: „Напишано е и ова: ’Не искушувај Го Господа, Твојот Бог.‘“ 8#17,1; Ез 40,2Ѓаволот повторно Го одведе на многу висока планина и Му ги покажа сите царства на светот и нивната слава 9и Му рече: „Сето ова ќе Ти го дадам, ако паднеш ничкум и ми се поклониш.“ 10#16,23; 5 Мојс 6,13; 10,20Но, Исус му рече: „Бегај од Мене, сатано, зашто е напишано:
’На Господ, твојот Бог, да Му се поклонуваш
и само Нему да Му служиш!‘“
11 #
Мк 1,13
Тогаш ѓаволот Го остави и веднаш дојдоа ангели и Му служеа.
Исусовата служба во Галилеја
(Мк 1,14-15; Лк 4,14-15)
12 #
14,3; Лк 3,20 А кога Исус слушна дека Јован е затворен, отиде во Галилеја. 13#8,5; 11,23И, оставајќи го Назарет, дојде и се насели во Капернаум, крај морето, во Завулоновите и Нефталимовите краишта, 14за да се исполни реченото преку пророкот Исаија, кој вели:
15 #
Ис 9,1-2
„Завулоновата земја и Нефталимовата земја,
на пат кон морето, отаде Јордан,
е незнабожечка Галилеја.
16 #
10,27; Лк 1,79; Јн 8,12; Дела 26,18; 1 Кор 4,5; 2 Кор 4,6 Народот, што седеше во темнина,
виде голема светлина
и на оние, што седеа во смртната област и во сенка,
им изгреа светлина.“
17 #
3,2; 5,3; 1 Кор 6,9-10; Гал 5,21 Оттогаш Исус почна да проповеда и да говори: „Покајте се, зашто се приближи царството небесно!“
Исус ги повикува првите ученици
(Мк 1,16-20; Лк 5,1-11)
18 #
10,2; 19,27; Мк 3,16.18; Јн 1,35-42; 6,8; Дела 2,14; 1 Птр 1,1 И, одејќи покрај Галилејското Море, ги виде двајцата браќа: Симон, наречен Петар, и брат му Андреј, како фрлаат мрежа во морето, бидејќи беа рибари. 19#8,1.19-22; 13,47-50; Јн 21,3.19; 1 Птр 2,21; Откр 14,4И им рече: „Врвете по Мене и Јас ќе ве направам ловци на луѓе.“ 20И тие веднаш ги оставија мрежите и тргнаа по Него. 21#10,2; 17,1; Лк 5,10; Дела 1,13; 8,14-17; 12,2Откако продолжи понатаму, виде други двајца браќа: Јаков Заведеев и брат му Јован, кои беа во кораб со татко им Заведеј и си ги крпеа мрежите, и ги повика. 22#19,27И тие веднаш ги оставија коработ и својот татко, и тргнаа по Него.
Исус поучува и лекува
(Лк 6,17-19)
23 #
9,35; 24,14; Ис 52,7; Мк 1,14.39 И Исус одеше по цела Галилеја, поучувајќи по нивните синагоги, проповедајќи го благовестието за царството и лекувајќи секаква болест и немоќ кај народот. 24#8,16; Мк 1,32-34; 6,55-56; Дела 5,16; 10,38Па се разнесе глас за Него по цела Сирија и ги доведоа кај Него сите болни, нападнати од различни болести и страдања, опседнати од демони, месечари, неподвижни, а Тој ги излекува. 25#Мк 3,7-8И по Него одеше многу народ од Галилеја, Десетградието, од Ерусалим, од Јудеја и од другата страна на Јордан.
اکنون انتخاب شده:
Матеј 4: MAK2023
هایلایت
به اشتراک گذاشتن
کپی
می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023