Лука 24

24
Исусовото воскресение
(Мт 28,1-10; Мк 16,1-8; Јн 20,1-10)
1 # Јн 20,1.19; Дела 20,7; 1 Кор 16,2 Во првиот ден на седмицата, рано наутро, тие дојдоа на гробот, носејќи ги приготвените мириси, а со нив беа и некои други жени. 2Но каменот го најдоа отстранет од гробот. 3#Дела 1,21Кога влегоа, не го најдоа телото на Господ Исус. 4#2 Мак 3,26; Мк 9,3; Дела 1,10Додека се чудеа на тоа, ете, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во блескава облека; 5#1,12; Ис.Н. 3,10; Суд 8,19; 1 Цар 14,39тие се уплашија и ги наведнаа лицата кон земјата, а овие им рекоа: „Зошто Го барате Живиот меѓу мрт­вите? 6#9,22Тој не е овде, туку воскресна; сетете се како ви рече, додека беше уште во Га­лилеја, 7#17,25; 18,32-33; Мт 8,20; Дела 17,3говорејќи дека Синот Човечки треба да биде предаден во рацете на грешни луѓе, и да биде распнат и на третиот ден да вос­кресне.“ 8#Јн 2,22И се сетија на Неговите зборови. 9Па штом се вратија од гробот, им го соопштија сето тоа на единаесеттемина и на сите останати. 10#8,2; 24,24Тие, пак, беа Марија Магдалина, Јо­ана и Марија, мајката на Јаков, и останатите со нив, кои им го кажаа тоа на апостолите. 11#Мт 28,17А нивните зборови им изгледаа ка­ко бесмислица и не им поверуваа. 12Петар, пак, стана и отрча до гробот, па кога се наведна, ги виде оставени само повоите. И се врати, чудејќи се за она што се случи­ло.
На патот кон Емаус
(Мк 16,12-13)
13Во истиот ден двајца од нив одеа во едно село, по име Емаус, кое беше оддалечено од Ерусалим шеесет стадии#24,13 Околу 11 км.. 14И зборуваа меѓу себе за сите овие настани. 15#Мт 18,20И додека разговараа и се расправаа меѓу себе, Самиот Исус се приближи и одеше со нив; 16#Јн 20,14; 21,4но на нивните очи не им беше дадено да Го познаат. 17А Тој им рече: „Какви се тие збо­ро­ви што одејќи, си ги разменувате меѓу себе, и зошто сте нажалени?“ 18Едниот од нив, по име Клеопа, Му одговори и рече: „Зар само Ти си туѓинец во Ерусалим, та не си разбрал што се случи во него овие денови?“ 19#Мт 2,23; 16,14; 21,11; Дела 7,22И ги праша: „Што?“ А тие Му одгово­рија: „За Исус од На­зарет, Кој беше пророк, силен на дело и на слово, пред Бога и пред целиот народ; 20како нашите првосвештеници и началници Го предадоа да биде осуден на смрт и Го распнаа; 21#1,54.68; 2,25.38; Дела 1,6а ние се надевавме дека Тој е Оној што треба да го избави Израил; но и покрај сето тоа, денес е веќе третиот ден, откако се случи ова. 22#Мт 28,1; Јн 20,1А и некои жени од нашите нѐ запрепастија; тие биле рано на гробот, 23#24,9и не го нашле Неговото тело; и кога се вратија, рекоа дека им се јавиле ан­гели, кои им кажале дека Тој е жив. 24#Јн 20,3-8Па и некои од нашите отидоа на гробот и најдоа сѐ така како што ре­коа жените; но Него не Го виделе.“ 25Тогаш им рече: „О, безумни и по срце­ спори да поверувате во сето она што го рекле пророците! 26#Јн 13,31-32; Дела 3,13Не требаше ли Христос да пострада така и да влезе во Својата слава?“ 27#16,16.29-31; 24,44; 1 Птр 1,11Па, како почна од Мојсеј и од сите пророци, им разјаснуваше што е кажано за Него во сите Писма. 28#Мк 6,48А кога се приближија до селото во кое одеа, Тој се направи како да сака да продолжи. 29#Суд 19,9; Дела 16,15Но тие Го задржаа, велејќи: „Оста­ни со нас, зашто денот одмина и наскоро ќе се стемни!“ Тој влезе за да остане со нив. 30#22,19; 1 Кор 11,24А кога седна со нив на трпеза, го зе­де лебот, го благослови, го прекрши и им подаде. 31Тогаш им се отворија очите и тие Го познаа; но Тој стана невидлив за нив. 32#Пс 38,3И си рекоа еден на друг: „Зар не го­реа во нас нашите срца, кога ни зборуваше по патот и кога ни ги објаснуваше Писма­та?“ 33Па во истиот час станаа, се вратија во Ерусалим и ги најдоа собрани едина­есеттемина и оние кои беа со нив, 34#1 Кор 15,4-5кои говореа: Господ на­вис­тина воскресна и му се јави на Симон. 35#1 Мојс 42,29; Дела 20,7И тие раскажаа за она што им се беше случило по патот и како Го познаа кога го пре­кршуваше лебот.
Појавување пред учениците
(Мт 28,16-20; Мк 16,14-18; Јн 20,19-23; Дела 1,6-8)
36 # Тов 12,17; 1 Кор 15,5 Додека тие уште зборуваа за тоа, Самиот Исус застана меѓу нив и им ре­че: „Мир вам!“ 37#Мт 14,26А тие, растреперени и преплашени, помислија дека гледаат дух. 38Но Тој им рече: „Зошто сте вознемирени и зошто такви мисли влегуваат во вашите срца? 39#1 Јн 1,1Видете ги Моите раце и нозе: Јас сум Истиот; допрете Ме и видете; зашто духот нема месо и коски, а, како што гледате, Јас имам.“ 40А кога го рече тоа, им ги покажа рацете и нозете. 41#Јн 21,5Но додека тие од радост уште не веруваа и се чудеа, Тој им рече: „Имате ли овде нешто за јадење?“ 42#Јн 21,9-10Тие Му дадоа парче печена риба и мед во саќе. 43#Дела 10,41И кога зеде, јадеше пред нив. 44#18,31; 24,27; 1 Мојс 3,15; 49,10-11; Ис 7,14; 9,5-6; 53,1-12; Мих 5,1.3; Зах 9,9; 12,10–13,1; 13,7; Мал 3,1; Пс 2; Дан 7,13-14; 9,24; Мт 16,21; Јн 5,39.46; Дела 26,22Па им рече: „Ова се зборовите што ви ги говорев уште додека бев со вас, зашто треба да се исполни сѐ што е на­пишано за Мене во Мојсеевиот Закон, кај Пророците и во Псалмите.“ 45#Јн 20,9; Дела 4,10-11Тогаш им го отвори умот за да ги разбираат Писмата, 46#Ис 53; Ос 6,2; 1 Кор 15,3-4и им рече: „Така е напишано и така требаше Христос да пострада и да вос­кресне од мртвите на третиот ден, 47#Дела 1,4-8; 2,38; 10,43; 13,38-39; 1 Тим 3,16и да биде проповедано во Негово име покајание и простување на гре­во­вите кај сите народи, почнувајќи од Ерусалим; 48#Јн 15,27; Дела 1,8а вие сте сведоци за ова. 49#1,35; 4,14; Јн 14,16; 15,26; Дела 1,4.8; 2,33И ете, Јас ќе го испратам врз вас ве­тувањето од Мојот Отец; а вие останете во градот Ерусалим додека не се обле­чете во сила одозгора.“
Христовото вознесение
(Мк 16,19-20; Дела 1,9-11)
50 # 3 Мојс 9,22; Сир 50,20 И ги изведе надвор до Витанија, па, подигнувајќи ги рацете, ги благослови. 51И додека ги благословуваше, се од­дели од нив и се вознесе на небото; 52#9,51; Јн 14,28; 16,22; Дела 1,12тие Му се поклонија и се вратија во Ерусалим со голема радост. 53#Јн 2,20; Дела 2,46И беа постојано во храмот, прославувајќи Го и благословувајќи Го Бога. Амин!

انتخاب شده:

Лука 24: MAK2023

های‌لایت

به اشتراک گذاشتن

کپی

None

می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید