Лука 22

22
Заговорот против Исус
(Мт 26,1-5; 14,16; Мк 14,1-2.10-11)
1 # 2 Мојс 12,1-27; Јн 11,57 Се приближуваше празникот Бесквасници, наречен Пасха; 2#Ер 26,21; Мт 12,14; 14,5а првосвештениците и книжниците бараа начин како да Го погубат, зашто се плашеа од народот. 3#4,13; Мт 10,2-4; Јн 13,2.27; Дела 1,17Тогаш сатаната влезе во Јуда, наречен Искариотски, кој беше вброен меѓу двана­есеттемина. 4#22,52; Дела 4,1И кога отиде, се договори со прво­свештениците и со началниците како да им Го предаде. 5Тие се зарадуваа и се спогодија со него да му дадат пари. 6Тој се согласи и бараше погодно време да им Го предаде без присуство на наро­дот.
Приготвување на Пасхалната вечера
(Мт 26,17-20; Мк 14,12-21; Јн 13,21-30)
7 # 22,1; 2 Мојс 12,14-21; 5 Мојс 16,6-8 И дојде денот Бесквасници, кога тре­баше да се заколе пасхалното јагне; 8#19,29; 2 Мојс 12,8-11; Дела 3,1па Исус ги испрати Петар и Јован и им рече: „Одете и пригответе ја Пас­хата за нас, за да јадеме!“ 9А тие Му рекоа: „Каде сакаш да приготвиме?“ 10Тој им рече: „Ете, кога ќе влезете в град, ќе ве сретне човек што носи стомна со вода; одете по него во куќата, каде што ќе влезе, 11и кажете му на домаќинот од ку­ќата: ’Учителот ти вели: каде е собата, во која ќе ја јадам Пасхата со Своите уче­ници?‘ 12И тој ќе ви покаже голема послана соба на горниот кат; таму пригответе.“ 13#19,32Па кога отидоа, најдоа како што им бе­ше рекол и ја приготвија Пасхата.
Востановување на Светата Евхаристија
(Мт 26,26-30; Мк 14,22-26; 1 Кор 11,23-25)
14 # Мт 26,20 А кога дојде времето, Тој седна на трпезата и дванаесеттемина апостоли со него. 15#12,49-50; Дела 3,18; Евр 2,18И им рече: „Од сѐ срце сакав да ја јадам оваа Пасха со вас пред да пос­тра­дам; 16#13,29; 14,15зашто, ви велам: нема веќе да јадам од неа, сѐ додека таа не се исполни во царството Божјо.“ 17#1 Кор 10,16И откако ја зеде чашата, заблагодари и рече: „Земете ја и разделете меѓу себе, 18#Мт 3,2; 6,10зашто, ви велам, повеќе нема да пијам од лозовиот плод, додека не дојде цар­ството Божјо.“ 19#9,16; 24,30; 2 Мојс 12,14; 13,9; Дела 27,35; 1 Кор 10,16Потоа зеде леб и заблагодари, го прекрши и им даде, велејќи: „Ова е Мо­ето тело кое се дава за вас; правете го ова во Мој спомен!“ 20#2 Мојс 24,8; Ер 31,31; 32,40; Зах 9,11; Евр 9,20Исто така направи и со чашата, по вечерата, велејќи: „Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв, која се пролева за вас.
Најавување на предавството
(Мт 26,20-25; Мк 14,17-21)
21 # Пс 40,9; Јн 13,21 Но, ете, раката на оној што Ме предава е со Мене на трпезава. 22#Мт 8,20; Дела 2,23Синот Човечки заминува, спо­ред она што е определено, но тешко му на оној човек што ќе Го предаде.“ 23#Јн 13,22И почнаа да се прашуваат меѓу се­бе, кој ли е тој од нив што ќе го направи тоа?
Кој е поголем?
(Мт 18,1; 20,25-28; Мк 9,34; 10,42-45)
24 # 9,46 А се појави меѓу нив и препирка кој од нив да се смета за поголем. 25Но Тој им рече: „Царевите владеат над народите и оние што управуваат над нив се викаат добротвори. 26#9,48; Мт 20,26Вие, пак, немојте така; туку пого­ле­миот меѓу вас да биде како најмалиот и старешината да биде како слу­жителот. 27#Јн 13,4-16Зашто кој е поголем – тој што седи на трпеза или оној што послужува? Зар не е оној што седи? А Јас сум меѓу вас како служител. 28#Дела 1,21Но вие сте оние што издржавте со Мене во Моите искушенија 29#12,32; 2 Мојс 19,6; Евр 9,20; 1 Птр 2,9; Откр 5,10и вам ви заветувам царство, како што Мене Ми завети Мојот Отец, 30#13,28; Мт 19,28; Откр 3,20-21за да јадете и да пиете на Мојата трпеза во Моето царство, и да седнете на престоли и да им судите на дванаесетте Израилеви племиња.“
Навестување за Петровото откажување
(Мт 26,31-35; Мк 14,27-31; Јн 13,36-38)
31 # Амос 9,9; Јов 1,6-12; Мт 4,18; 2 Кор 2,11 И Господ рече: „Симоне, Симоне, ете, сатаната посака да ве сее како пче­ница; 32#2 Цар 15,20-21; Мт 16,18; Јн 17,15; 21,15-17но Јас се молев за тебе за да не се изгуби твојата вера; а ти, кога ќе се вратиш, укрепи ги твоите браќа!“ 33#22,54А тој Му одговори: „Господи, подготвен сум да одам со Тебе и во затвор и во смрт.“ 34#22,61Но Тој му рече: „Ти велам, Петар, нема денес да пропее петелот, додека ти трипати не одречеш дека Ме познаваш.“
Ќесе, торба и меч
35 # 9,3; 10,4 Па им рече: „Кога ве праќав без ќесе и без торба, и без обувки, дали ви недостасуваше нешто?“ Тие одговорија: „Ништо.“ 36#22,49; Мт 10,34Тогаш им рече: „Но сега, кој има ќесе, нека си го земе, исто така и торба; а кој нема, нека си ја продаде облеката и нека си купи нож; 37#23,32; Ис 53,12; Јн 19,28; Дела 8,32-33зашто, ви велам, на Мене треба да се исполни и ова од Писмото: ’И меѓу беззаконици Го вброија.‘ Зашто она што се однесува за Мене, се исполнува.“ 38А тие рекоа: „Господи, еве овде има два ножа.“ Тој им одговори: „Доволни се.“
Исусовата молитва во Гетсиманија
(Мт 26,36-46; Мк 14,32-42)
39 # 21,37; Мт 26,30; Мк 11,1; Јн 18,1 И излегувајќи, Тој, како и вообично, отиде кон Маслиновата Гора; а по Него одеа и Неговите уче­ници. 40#11,4; Мт 6,13Па штом дојде на тоа место, им рече: „Молете се да не паднете во иску­ше­ние!“ 41#3,21И Тој се одвои од нив, колку камен што може да се дофрли, па откако падна на ко­лена, се молеше, 42#Мт 6,10; Мк 10,38; Јн 5,30велејќи: „Оче, ако сакаш, отклони ја оваа чаша од Мене! Но нека не биде Мојата волја, туку Твојата!“ 43#Дан 10,18 И му се јави ангел од небото и Го поткрепуваше. 44Па, бидејќи се наоѓаше во внатреш­на борба, поусрдно се молеше, а потта Му стана како капки крв што паѓаа на земјата. 45Штом стана од молитвата, дојде кај Своите ученици и ги најде заспани од тага. 46#22,40И им рече: „Зошто спиете? Станете и молете се, за да не паднете во иску­шение!“
Исусовото приведување
(Мт 26,47-56; Мк 14,43-50; Јн 18,3-11)
47 # Дела 1,16 Уште додека Тој зборуваше, ете, се појави мноштво луѓе и еден од дванаесеттемина, наречен Јуда, ги предводеше; и Му пристапи на Исус да Го целива. Зашто таков знак им беше дал: „Оној што ќе Го целивам, Тој е.“ 48А Исус му рече: „Јудо, со целив ли Го предаваш Синот Човечки?“ 49#22,36Оние, пак, што беа околу Него, кога ви­доа што ќе стане, Му рекоа: „Господи, да удриме ли со нож?“ 50#Јн 18,10.26И еден од нив го удри слугата на првосвештеникот и му го отсече десното уво. 51А Исус одговори и рече: „Оставете го тоа, запрете!“ Па го допре неговото уво и го исцели. 52#22,37А на првосвештениците и на управителите на храмот и на стареши­ни­те што беа дошле против Него, Исус им рече: „Зар како на разбојник сте из­легле со мечеви и стапови? 53#19,47; 21,37; Јн 7,30; Кол 1,13Секој ден бев со вас во храмот и не кренавте рака на Мене, но сега е вашиот час и власта на темнината.“
Петровото откажување
(Мт 26,57-58.69-75; Мк 14,53-54.66-72; Јн 18,12-18.25-27)
54 # 22,33 И кога Го фатија, Го поведоа и Го до­ведоа во домот на првосвештеникот. А Петар ги следеше оддалеку. 55Кога запалија оган насреде дворот и седнаа заедно, седна и Петар меѓу нив. 56А една слугинка, штом го виде како седи покрај огнот, се загледа во него и рече: „И овој беше со Него!“ 57Но тој одрече, велејќи: „Жено, не Го познавам!“ 58Малку потоа го виде друг и рече: „И ти си од нив!“ Но Петар му рече: „Човеку, не сум!“ 59#Дела 4,13А откако мина околу еден час, некој друг почна да тврди, збору­вај­ќи: „Навистина, и овој беше со Него, зашто е Галилеец!“ 60Но Петар рече: „Човеку, не знам што зборуваш!“ И веднаш, уште додека говореше, запеа петел. 61#22,34 Тогаш Господ се заврте и го пог­ледна Петар, а Петар се сети на Гос­по­довите зборови што Му ги беше рекол: „Уште пред да пропее петел, трипати ќе се одречеш од Мене.“ 62Па Петар излезе надвор и гор­ко заплака.
Првите измачувања
(Мт 26,67-68; Мк 14,65)
63А луѓето што Го држеа Исус, се исмеваа со Него и Го тепаа. 64#Јов 16,11Па, откако Го покрија, Го удираа по лицето и го прашуваа, велејќи: „Погоди кој Те удри?“ 65И многу други хули рекоа против Него.
Исус пред Синедрионот
(Мт 26,59-66; Мк 14,53-64; Јн 18,19-24)
66 # Мт 26,57; Мк 11,27 А кога се раздени, се собраа ста­ре­шините на народот, првосвештени­ците и книжниците и Го одведоа во својот Си­недрион, и рекоа: 67#Јн 3,12; 8,45; 10,24-25 „Ако си Ти Христос, кажи ни!“ Но Тој им одговори: „Ако ви ка­жам, нема да поверувате. 68А, ако ве запрашам, нема да Ми одговорите, ниту ќе Ме пуштите. 69#Пс 109,1; Мт 8,20; Мт 22,44Отсега Синот Човечки ќе седи од­дес­но на Божјата сила.“ 70#1,35; 4,3.9; Мт 14,33; Мк 1,1; Јн 10,24.36И сите рекоа: „Ти си, значи, Синот Божји?“ А Тој им рече: „Вие ве­лите дека сум Јас.“ 71#Јн 10,30-33А тие рекоа: „Какво сведоштво ни треба уште? Зашто ние самите чувме од Не­го­вата уста.“

انتخاب شده:

Лука 22: MAK2023

های‌لایت

به اشتراک گذاشتن

کپی

None

می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید