Лука 18

18
Парабола за вдовицата и судијата
1 # 11,9; Сир 18,22; Рим 12,12; Гал 6,9; Кол 4,2; 1 Сол 5,17; 2 Сол 3,13 Па им кажа и една парабола за тоа како треба постојано да се молат и да не паѓаат со духот. 2И рече: „Во некој град си беше еден судија, кој ниту од Бога се плашеше, ниту од луѓето се срамеше. 3Во истиот град живееше една вдовица, која доаѓаше кај него, велејќи: ’Заштити ме од мојот противник!‘ 4#12,5Но тој долго време не сакаше. Најпосле си рече: ’Иако ниту од Бога се плашам, ниту од луѓето се срамам, 5#11,8сепак, бидејќи оваа вдовица не ми дава мир, ќе ја заштитам, за да не доаѓа по­веќе и да не ми додева.‘“ 6Па рече Господ: „Чујте што зборува несправедливиот судија! 7#Сир 35,17.19; Рим 8,33; Кол 3,12; 2 Тим 2,10; 2 Птр 3,9; Откр 6,10-11Зар Бог нема да ги заштити Сво­ите избраници, кои викаат кон Него де­ње и ноќе; макар и да задоцни? 8#Мт 8,20; Мт 24,10-12; 2 Сол 2,3Ви велам, набргу ќе ги заштити. Но кога ќе дојде Синот Човечки, ќе најде ли вера на земјата?“
Парабола за фарисејот и даночникот
9 # 5,32; 15,7; 16,15; Мт 6,1; 23,28 А на оние што беа уверени за себе дека се праведни и ги презираа другите, им ја кажа оваа парабола: 10„Двајца луѓе влегоа во храмот за да се помолат, едниот фарисеј, а другиот даночник. 11Фарисејот застана и се молеше во себе вака: ’Боже, Ти благодарам што не сум како другите луѓе; грабливци, несправедливи, прељубници, или ка­ко овој даночник. 12#5,33; 11,42; 1 Мојс 14,20; 28,22; Мт 23,23Постам двапати во седмицата, да­вам десеток од сѐ што ќе стекнам.‘ 13#23,48; Пс 50,2; 77,38А даночникот стоеше одда­леку; не се осмелуваше дури и очите да ги по­дигне кон небото, туку се удираше в гради и велеше: ’Боже, биди милостив кон мене грешниот!‘ 14#Изреки 29,23; Мт 18,4; 23,12; 1 Птр 5,6Ви кажувам дека овој си отиде дома оправдан, а не другиот, зашто секој што себеси се воздигнува, ќе биде понизен, а секој што себеси се понизува, ќе биде воздигнат.“
Исус ги благословува малите деца
(Мт 19,13-15; Мк 10,13-16)
15 # 9,47 Кај Него донесуваа и мали деца за да ги допре; а учениците, штом ќе видеа, им забрануваа. 16Но Исус ги повика и им ре­че: „Оставете ги децата да доаѓаат кај Мене и не бранете им, зашто на таквите е царството Божјо! 17#10,21; Мт 5,20; 18,3Вистина ви велам, кој нема да го прими царството Божјо како дете, тој нема да влезе во него.“
Богатиот човек
(Мт 19,16-30; Мк 10,17-31)
18 # 10,25 И Го праша еден управител, велејќи: „Добар Учителе, што да направам за да наследам вечен живот?“ 19А Исус му рече: „Зошто Ме на­ре­куваш добар? Никој не е добар, освен Единиот Бог. 20#2 Мојс 20,12-16; 5 Мојс 5,16-20; Рим 13,9; Јк 2,11 Ги знаеш заповедите: не прави пре­љу­ба, не убивај, не кради, не сведочи лажно, почитувај ги својот татко и својата мајка.“ 21А тој рече: „Сето тоа сум го за­па­зил уште од својата младост.“ 22#5,11; 12,33; Сир 29,11; Мт 6,20; Дела 2,45; Кол 3,1-2Штом го слушна тоа, Исус му рече: „Уште само едно ти недостасува: продај сѐ што имаш, па раздај го на сиромаси и ќе имаш ризница на небото; потоа дојди и врви по Мене!“ 23А тој, кога го слушна тоа, многу се нажали, зашто беше многу богат. 24Штом виде дека тој се растажи, Исус рече: „Колку е тешко да влезат во царството Божјо оние што имаат бо­гатство! 25Полесно ѝ е на камила да мине низ иглени уши, отколку богат да влезе во царството Божјо.“ 26Оние што го чуја тоа, рекоа: „То­гаш кој може да се спаси?“ 27#1,37; 1 Мојс 18,14; Ер 32,17; Јов 42,2; Мк 14,36А Тој одговори: „Неможното за лу­ѓето е можно за Бога.“ 28Петар, пак, рече: „Ете, ние оставив­ме сѐ и тргнавме по Тебе.“ 29#14,26Тој им рече: „Вистина ви велам, нема ниту еден што оставил куќа, или ро­ди­тели, или браќа, или сестри, или же­на, или деца, заради царството Божјо, 30#20,34-35; Мт 12,32а да не добил многу повеќе од тоа во ова време, а во идниот свет – и вечен живот.“
Исус по третпат ги навестува Својата смрт и Своето воскресение
(Мт 20,17-19; Мк 10,32-34)
31 # Мт 8,20; Дела 3,18 И кога ги зеде со Себе дванаесет­темина, им рече: „Ете, се искачуваме кон Еру­салим и ќе се исполни сѐ што е напи­шано преку проро­ци­те за Синот Човечки: 32#9,22.44-45; 17,25дека ќе биде предаден на незна­бош­ци и ќе се потсмеваат со Него, ќе Го из­ма­чуваат и ќе Го плукаат, 33ќе Го камшикуваат и ќе Го убијат и на третиот ден ќе воскресне.“ 34#9,45; Мк 9,32Но тие не разбраа ништо од ова; овие зборови беа сокриени за нив и тие не го сфатија кажаното.
Прогледувањето на слепиот
(Мт 20,29-34; Мк 10,46-52)
35А додека Тој се приближуваше до Ерихон, еден слеп човек седеше крај патот и просеше; 36и штом чу дека покрај него минува народ, се распрашуваше: „Што е тоа?“ 37#Мт 2,23; Дела 2,22; 22,8Му кажаа дека минува Исус Назареецот. 38#Мт 1,1; 9,27Тогаш тој извика и рече: „Исусе, Сине Давидов, смилувај ми се!“ 39Оние што одеа напред, го опоменаа да молчи; но тој уште погласно викаше: „Сине Давидов, смилувај ми се!“ 40Исус застана и заповеда да Му го доведат. И кога тој се приближи, го праша, велејќи: 41„Што сакаш да ти на­пра­вам?“ А тој рече: „Господи, да про­гле­дам!“ 42#7,50; 17,19Тогаш Исус му рече: „Прогледај! Твојата вера те спаси.“ 43#2,20; 19,37И одеднаш прогледа и тргна по Не­го, славејќи Го Бога. И сиот народ, кога го виде тоа, Му воздаде слава на Бога.

انتخاب شده:

Лука 18: MAK2023

های‌لایت

به اشتراک گذاشتن

کپی

None

می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید