Битие 6
6
Бог решава да ги погуби луѓето
1 #
Мт 24,37-39
А кога луѓето почнаа да се множат на земјата, и ќерки им се народија, 2тогаш синовите Божји видоа дека ќерките човечки се убави и ги земаа, кои ги сакаа, за жени. 3#2,7; Јн 3,5-6И рече Господ: „Духот Мој нема вечно да ги одржува во живот луѓето, зашто тие се плот; деновите нивни нека им бидат сто и дваесет години.“ 4#5 Мојс 2,10; Мудр 14,6-7; Сир 16,7; Варух 3,26-28; Мт 24,37А во тоа време имаше џинови на земјата, особено кога синовите Божји почнаа да влегуваат при ќерките човечки и тие почнаа да им раѓаат; тоа се силните луѓе, прочуени од старото време. 5#Ер 5,1-5; 6,28; Пс 13,2-3И Господ виде дека лошотиите меѓу луѓето на земјата се умножуваа, и дека сите мисли и помисли во срцата нивни беа зли во секое време. 6#2 Мојс 32,13-15; 1 Цар 15,35; Ер 18,8-10; 26,3; Јона 4,2И се покаја Господ што го беше создал човекот на земјата, па се натажи во срцето Свое. 7И рече Господ: „Ќе ги истребам од земјата луѓето што сум ги создал – од човекот до добитокот, малите гадинки и небеските птици – бидејќи се каам што ги создадов.“ 8#18,3; 2 Цар 15,25; Сир 44,17; Лк 1,30; Евр 11,7; 2 Птр 2,5Но Ное најде милост во очите на Господ.
Бог решава да го поштеди Ное
9 #
5,22
Еве го животот на Ное: Ное беше човек праведен и непорочен во својот род; Ное живееше според Божјата волја. 10И му се родија на Ное три сина: Сим, Хам и Јафет. 11А земјата се израсипа пред лицето на Бога, и се исполни со неправда. 12И погледна Бог на земјата, и ете – таа беше расипана: бидејќи секое суштество беше се отклонило од својот пат на земјата. 13#18,20И му рече Бог на Ное: „Крајот на секое суштество дојде пред очите Мои, зашто земјата се исполни со нивните злодела; и, еве, Јас ќе ги истребам од земјата. 14#1 Птр 3,20Изгради си за себе ковчег од дрвото гофер#6,14 Ова дрво било најверојатно од видот на кедарот или кипарисот; кои се цврсти и отпорни дрва., и направи прегради во ковчегот; потоа намачкај го со смола однатре и однадвор. 15А изгради го вака: должината на ковчегот да биде триста лакти, ширината негова педесет лакти, а во висина да е триесет лакти. 16Направи отвор на ковчегот, и засводи го на еден лакот одозгора; стави му и врата на ковчегот отстрана и нека има три ката во него: долен, среден и горен. 17#Пс 28,10; 92,2-4; 2 Птр 2,5Јас ќе пуштам потоп, вода, на земјата, за да го истребам под небото секое суштество, во кое има животен дух; сѐ, што е на земјата, ќе изгине. 18#9,9; 17,2Но со тебе Јас ќе направам Свој завет, а во ковчегот ќе влезеш ти, и со тебе и синовите твои, и жената твоја, и жените на синовите твои. 19И внеси во него исто така (од секаков добиток и од сите влекачи и) од сите животни, од секое суштество да има по две, за да останат со тебе во живот; од машки и од женски пол да бидат. 20Од птиците според родот нивни, и од добитокот според родот негов, и од сите влекачи според нивниот род – од сите по две ќе влезат при тебе, за да останат живи (со тебе од машки и од женски пол). 21И земи со себе секаква храна, со каква што се хранат, и чувај ја кај себе; тоа ќе биде храната за тебе и за нив!“ 22И направи Ное сѐ како што му заповеда Бог; така направи.
اکنون انتخاب شده:
Битие 6: MK2006D
هایلایت
به اشتراک گذاشتن
کپی
می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006
© Bible Society of the Republic of Macedonia 2006