Битие 11

11
Вавилонската кула
1 # Мудр 10,5; Дела 2,1-11; Откр 7,9-10 По целата земја имаше еден јазик и исти зборови. 2А кога луѓето се селеле од исток, најдоа рамнина во земјата Сенаар и се населија таму. 3И си рекоа меѓу себе: „Ајде да правиме тули и на оган да ги печеме!“ И користеа тули наместо камен и земјана смола наместо вар. 4#Сир 40,19Потоа рекоа: „Ајде да си соѕидаме град и кула, висока до небото; и да се здобиеме со име, пред да се растуриме по целата земја!“ 5Тогаш Господ се спушти да го види градот и кулата, што ги ѕидаа синовите човечки. 6И рече Господ: „Ете, еден народ се и сите имаат еден јазик; ова е само почеток на нивните настојувања. Нас­коро ќе прават сѐ што ќе наумат! 7Ајде да слеземе и да им го збркаме нивниот јазик за да не се разбираат еден со друг што зборуваат!“ 8И така Господ ги растури оттаму по целата земја, и престанаа да го ѕидаат градот (и кулата). 9#Ер 51,53; Јн 11,52Затоа тој се нарече Вавилон, зашто таму го збрка Господ јазикот на целата земја и оттаму ги растури Господ по целата земја.
Родословие на патријарсите од Сим до Авраам
10 # 1 Лет 1,17-27; Лк 3,34-36 Ова е родословието на Сим: Сим имаше сто години кога го роди Арфак­сад, две години по потопот. 11И откако го роди Арфаксад, пожи­веа Сим петстотини години, раѓајќи си­нови и ќерки. 12А Арфаксад поживеа сто триесет и шест години и го роди Каинан. 13По раѓањето на Сала, Арфаксад жи­вееше уште триста и триесет години, раѓајќи синови и ќерки. 14Сала поживеа сто и триесет години и го роди Евер. 15А, откако го роди Евер, Сала пожи­веа триста и триесет години, раѓајќи синови и ќерки. 16Евер поживеа сто триесет и четири години, и го роди Фалек. 17По раѓањето на Фалек, Евер по­живеа четиристотини и седумдесет го­дини, раѓајќи синови и ќерки. 18А Фалек поживеа сто и триесет го­дини и го роди Рагав. 19А, откако го роди Рагав, Фалек по­живеа двесте и девет години, раѓајќи синови и ќерки. 20Рагав поживеа сто триесет и две години и го роди Серух; 21а откако го роди Серух, Рагав по­живеа двесте и седум години, раѓајќи синови и ќерки. 22Серух поживеа сто и триесет години и го роди Нахор. 23По раѓањето на Нахор, Серух по­живеа двесте години, раѓајќи синови и ќерки. 24Нахор, пак, поживеа седумдесет и девет години и го роди Тара; 25по раѓањето на Тара, Нахор поживеа сто дваесет и девет години, раѓајќи синови и ќерки. 26Тара поживеа седумдесет години и ги роди Аврам, Нахор и Аран. 27А еве го родословието на Тара: Тара ги роди Аврам, Нахор и Аран; а Аран го роди Лот. 28Аран умре кај таткото свој Тара во родната земја, во Ур Халдејски. 29#22,20-23А Аврам и Нахор се оженија; името на жената Аврамова беше Сараја, а на жената Нахорова името ѝ беше Милка, ќерка на Аран, татко на Милка и Иска. 30#16,1; 17,17-21; 18,11-12Сараја беше неплодна и немаше пород. 31#15,7И го зеде Тара синот свој, и внукот од синот свој, Лот, син Аранов, и Сараја, снаата своја, жената на него­виот син Аврам; па излегоа заедно од Ур Халдејски за да појдат во земјата хананска; и дојдоа до Харан, каде и се населија. 32И поживеа Тара во харанската зе­м­ја двесте и пет години; и умре Тара во Харан.

انتخاب شده:

Битие 11: MK2006D

های‌لایت

به اشتراک گذاشتن

کپی

None

می خواهید نکات برجسته خود را در همه دستگاه های خود ذخیره کنید؟ برای ورودثبت نام کنید یا اگر ثبت نام کرده اید وارد شوید