Лука 3
3
Проповедањето на Јован Крстител
(Мт 3,1-6; Мк 1,1-6; Јн 1,19-31)
1 #
23,1; Мт 14,1 Во петнаесеттата година од владеењето на цезарот Тибериј, кога Понтиј Пилат беше управител на Јудеја, а Ирод четворовласник на Галилеја, и Филип, брат му, четворовласник на Итуриската и на Трахонитската област, и Лисаниј четворовласник на Авилинија, 2#1,80; Ер 1,2; Ос 1,1; Мт 3,1; Јн 11,49; 18,24.28; Дела 4,6 во времето на првосвештениците Ана и Кајафа, дојде Божјиот збор до Јован, синот на Захарија, во пустината. 3#24,47; Мт 3,1.6; Мк 1,4; Дела 13,24И тој го обиколи целиот крај околу Јордан, проповедајќи покајно крштевање за простување на гревовите, 4#Ис 40,3-5#Јн 1,23како што е напишано во книгата со зборовите на пророкот Исаија, кој вели: „Гласот на оној што вика во пустината: ’Подгответе го Господовиот пат и исправете ги Неговите патеки; 5#1,52; 14,11секоја долина нека се исполни и секоја гора и секоја планина нека се снизат; кривините нека се исправат и нерамните патишта нека се израмнат, 6#2,30-31; Дела 28,28; Тит 2,11и секој човек ќе го види Божјото спасение!‘“
Најавување на Судниот ден
(Мт 3,7-10)
7 #
Мт 3,7; 23,33 А на луѓето што доаѓаа кај него да се крстат, им велеше: „Змиини рожби, кој ви кажа да бегате од гневот што иде? 8#Јн 8,33.39; Дела 26,20; Рим 4,16Но принесете плодови достојни на покајанието и не почнувајте да говорите во себе: ’Наш татко е Авраам!‘ Зашто ви велам дека Бог може и од овие камења да му подигне чеда на Авраам. 9#Мт 7,19; Јн 15,6; Евр 6,7-8А и секирата веќе лежи до коренот на дрвјата; и секое дрво, што не дава добар род, се сече и се фрла во оган.“
Плодовите на покајанието
10 #
10,25; Дела 2,37 И народот го праша, велејќи: „Тогаш што да правиме?“ 11#12,33; Ис 58,7А тој им одговори и рече: „Кој има две облеки, нека ја даде едната на оној што нема ниту една; а кој има храна, нека го направи истото.“ 12#7,29; Мт 5,46Дојдоа и даночници да се крстат и му рекоа: „Учителе, што да правиме?“ 13А тој им рече: „Не барајте повеќе од она што ви е одредено.“ 14Го прашаа и некои војници, говорејќи: „А ние, што да правиме?“ И им рече: „Никого не угнетувајте, ниту клеветете и бидете задоволни со вашите плати.“
Најавување на Месијата
(Мт 3,11-12; Мк 1,7-8)
15 #
2,11.26; 9,20; 22,67; 23,2.35.39; Јн 1,19-20; Дела 13,25 А бидејќи народот беше во исчекување, па сите помислуваа во своите срца за Јован, дека можеби тој е Христос, 16#Јн 1,26-27.33Јован им одговараше на сите, велејќи: „Јас ве крштевам со вода; но иде Посилниот од мене, Кому не сум достоен да Му ги одврзам ремењата на Неговите обувки: Тој ќе ве крсти со Светиот Дух и со оган. 17#Ис 5,24; 47,14; Ер 15,7; 51,2; Наум 1,10; Мт 13,30Лопатата е во Неговата рака и Тој ќе го очисти Своето гумно, и ќе го собере житото во Својот амбар, а плевата ќе ја изгори во неизгаслив оган.“ 18И поттикнувајќи го со уште многу други нешта, тој му благовестеше на народот.
Јован во затвор
(Мт 14,3-4; Мк 6,17-18)
19 #
Мт 14,4; Мк 6,18 А Ирод четворовласникот, укорен од него поради Иродијада, жената на брат му, и за сите злодела што Ирод ги беше направил, 20#Мт 14,3; Мк 6,17кон сето ова го додаде и тоа што го фрли Јован во затвор.
Исусовото крштевање
(Мт 3,13-17; Мк 1,9-11)
21 #
5,16; 6,12; 9,18.28-29; 11,1; 22,32.40-46; 23,34.46; Мт 14,23; Мк 6,46 А кога се крсти сиот народ, се крсти и Исус; и додека се молеше, се отвори небото, 22#9,35; 1 Мојс 22,2; Ис 42,1; Пс 2,7; 2 Птр 1,17и Светиот Дух слезе врз Него во телесен облик, како гулаб, и се слушна глас од небото, кој говореше: „Ти си Мојот возљубен Син; во Тебе е Мојата волја.“
Исусовото родословие
(Мт 1,1-17)
23 #
Мт 1,18; 13,55; Јн 6,42; 8,57 Кога почна да проповеда, Исус имаше околу триесет години и, како што мислеа, беше син Јосифов, Илиев, 24Мататов, Левиев, Мелхиев, Јанаев, Јосифов, 25Мататиев, Амосов, Наумов, Еслимов, Нагеев, 26Маатов, Мататиев, Семеиев, Јосифов, Јодин, 27#1 Лет 3,17; 1 Езд 3,2; Мт 1,12Јоананов, Рисаев, Зоровавелов, Салатиилов, Нириев, 28Мелхиев, Адиев, Косамов, Елмодамов, Иров, 29Јосиев, Елиезеров, Јоримов, Мататов, Левиев, 30Симеонов, Јудин, Јосифов, Јоананов, Елијакимов, 31#1 Цар 16,1.13; Мт 1,1#Рута 4,17-22; 1 Лет 2,3-15#2 Цар 5,14Мелеаев, Маинанов, Мататаев, Натанов, Давидов, 32Јесеев, Овидов, Воозов, Салмонов, Наасонов, 33#1 Мојс 29,35 Аминадавов, Арамов, Есромов, Фаресов, Јудин, 34#1 Мојс 25,19.26#1 Мојс 11,10-26; 1 Лет 1,24-27Јаковов, Исаков, Авраамов, Тарин, Нахоров, 35Серухов, Рагавов, Фалеков, Еверов, Салин, 36#1 Мојс 4,25–5,32; 1 Лет 1,1-4Каинанов, Арфаксадов, Симов, Ноев, Ламехов, 37Матусалов, Енохов, Јаредов, Малелеилов, Каинанов, 38#Мт 14,33; Мк 1,1Еносов, Ситов, Адамов, Божји.
Currently Selected:
Лука 3: MAK2023
Highlight
Share
Copy
![None](/_next/image?url=https%3A%2F%2Fimageproxy.youversionapi.com%2F58%2Fhttps%3A%2F%2Fweb-assets.youversion.com%2Fapp-icons%2Fen-GB.png&w=128&q=75)
Want to have your highlights saved across all your devices? Sign up or sign in
© Библиско Здружение на Р. Македонија 2023