1
Лука 3:21-22
Нов превод на Новиот Завет 2023
А кога се крсти сиот народ, се крсти и Исус; и додека се молеше, се отвори небото, и Светиот Дух слезе врз Него во телесен облик, како гулаб, и се слушна глас од небото, кој говореше: „Ти си Мојот возљубен Син; во Тебе е Мојата волја.“
Compare
Explore Лука 3:21-22
2
Лука 3:16
Јован им одговараше на сите, велејќи: „Јас ве крштевам со вода; но иде Посилниот од мене, Кому не сум достоен да Му ги одврзам ремењата на Неговите обувки: Тој ќе ве крсти со Светиот Дух и со оган.
Explore Лука 3:16
3
Лука 3:8
Но принесете плодови достојни на покајанието и не почнувајте да говорите во себе: ’Наш татко е Авраам!‘ Зашто ви велам дека Бог може и од овие камења да му подигне чеда на Авраам.
Explore Лука 3:8
4
Лука 3:9
А и секирата веќе лежи до коренот на дрвјата; и секое дрво, што не дава добар род, се сече и се фрла во оган.“
Explore Лука 3:9
5
Лука 3:4-6
како што е напишано во книгата со зборовите на пророкот Исаија, кој вели: „Гласот на оној што вика во пустината: ’Подгответе го Господовиот пат и исправете ги Неговите патеки; секоја долина нека се исполни и секоја гора и секоја планина нека се снизат; кривините нека се исправат и нерамните патишта нека се израмнат, и секој човек ќе го види Божјото спасение!‘“
Explore Лука 3:4-6
Home
Bible
Plans
Videos