Потоа ѓаволот Го одведе на една висока гора и му ги покажа за миг сите царства во светот. И Му рече ѓаволот: „Ќе Ти ја дадам сета оваа власт и нивната слава, зашто мене ми е предадена и ја давам кому што сакам. Ако се поклониш пред Мене сето тоа ќе биде Твое.“ Но Исус му одговори и рече: „Бегај од Мене, сатано, зашто е напишано: ’На Господ, твојот Бог, да Му се поклонуваш и само Нему да Му служиш!‘“