Logo YouVersion
Ikona vyhledávání

Матеј 20

20
ГЛАВА 20
(Зачало 80)
1Зашто#Среда од деветтата седмица по Педесетница: Рече Господ во парабола: царството небесно прилега на домаќин, кој излезе рано наутро да најми работници за своето лозје,
2па, штом се погоди со работниците по пенез на ден, ги прати во лозјето свое.
3Потоа, кога излезе околу третиот час и виде други како стојат на пазариштето без работа,
4им рече: – Одете и вие во моето лозје, па што е право, ќе ви дадам; и тие отидоа.
5Повторно излезе околу шестиот и деветтиот час и направи исто.
6А околу единаесеттиот час одново излезе и најде други, како стојат без работа, и им рече: – Зошто стоите тука цел ден без работа?
7Тие му одговорија: – Никој не нѐ повика. А тој им рече: – Одете во моето лозје, и што е право, ќе добиете.
8А кога се стемни, господарот на лозјето му рече на својот настојник: – Повикај ги работниците и плати им, почнувајќи од последните, па до првите.
9И дојдените околу единаесеттиот час добија по пенез.
10А кога дојдоа првите, помислија оти ќе примат повеќе, но и тие добија по пенез;
11и штом добија, негодуваа против господарот
12и велеа: – Оние последните работеа еден час, а ти ги изедначи со нас, што ја претрпевме тешкотијата на денот и жегата.
13А тој одговори и рече: – Пријателе, не те онеправдувам: нели се погоди со мене за пенез?
14Земи си го своето и оди си; и на овој, последниов, сакам да му дадам колку и тебе;
15зар немам право да правам со своето што сакам? Или ти е окото завидливо, што сум добар?
16Така ќе бидат последните први, а првите – последни; зашто мнозина се повикани, а малцина избрани.
Крај на средата
(Зачало 81)
17И кога#Четврток од деветтата седмица по Педесетница: Во она време, кога се искачуваше Исус кон Ерусалим, ги зеде насамо дванаесетте ученици и по патот им рече:
18– Ете, се искачуваме кон Ерусалим и Синот Човечки ќе биде предаден на првосвештениците и книжниците, и ќе Го осудат на смрт;
19и ќе Го предадат на незнабошците за да биде исмеан и биен, и распнат; и на третиот ден, ќе воскресне.
20Тогаш пристапи до Него мајката на Заведеевите синови, заедно со своите синови и, клањајќи се, Го молеше нешто.
21А Он ѝ рече: – Што бараш? Таа Му одговори: – Заповедај овие мои два сина да седнат при Тебе, едниот оддесно, а другиот одлево, во Твоето царство.
22Исус им одговори и рече: – Не знаете што барате. Можете ли да ја пиете чашата што ќе ја пијам Јас; или да се крстите со крштението, со кое се крштевам Јас? Тие Му одговорија: – Можеме!
23И им рече: – Чашата Моја ќе ја пиете, и со крштението, со кое се крштевам Јас, ќе се крстите; ама да се седи од Мојата десна и лева страна, тоа не зависи од Мене; таму ќе седнат оние за кои е подготвено од Мојот Отец.
24И десетте, кога чуја, негодуваа против двајцата браќа.
25Но Исус, кога ги повика, им рече: – Знаете дека кнезовите народни владеат над народите, и управниците господарат над нив;
26меѓу вас, пак, нема да биде така; но, кој меѓу вас сака да биде поголем, нека ви биде слуга;
27и кој сака меѓу вас да биде прв, нека ви биде роб;
28како што и Синот Човечки не дојде да Му служат, туку дојде да послужи и да ја даде душата Своја за откуп на мнозина.
Крај на четвртокот
(Зачало 82)
29И кога излегуваше од#Сабота 12-та по Педесетница: Во она време, кога излегуваше Исус од Ерихон, по Него врвеше многу народ.
30И ете, двајца слепи, седнати покрај патот, штом чуја дека минува Исус, извикаа и рекоа: – Помилуј нѐ, Господи, Сине Давидов!
31А народот им велеше да молчат; но тие уште посилно викаа и велеа: – Помилуј нѐ, Господи, Сине Давидов!
32И кога застана Исус, ги повика и рече: – Што сакате да ви направам?
33Тие Му одговорија: – Да ни се отворат очите наши.
34А Исус се смилува и се допре до нивните очи, и одеднаш им прогледаа очите нивни; и тие тргнаа по Него.
Крај на саботата

Právě zvoleno:

Матеј 20: MK2008

Zvýraznění

Sdílet

Kopírovat

None

Chceš mít své zvýrazněné verše uložené na všech zařízeních? Zaregistruj se nebo se přihlas

Video k Матеј 20