Матеј 19
19
ГЛАВА 19
1Кога ги заврши Исус тие зборови, тргна од Галилеја и пристигна во пределите јудејски, оданде Јордан.
2По Него одеше многу народ, и Он ги исцели таму.
Изостави во вторникот
(Зачало 78)
3И дојдоа кај Него#Сабота 11-та по Педесетница: Во она време, дојдоа кај Исуса фарисеите што Го искушуваа, па Му рекоа: – Може ли човек да ја остави жената своја за каква и да било причина?
4Он им одговори и рече: – Не сте ли читале дека Оној што ги создаде во почетокот, маж и жена ги создаде и рече:
5„Затоа ќе остави човек татко и мајка и ќе се прилепи до жената своја, и ќе бидат обата едно тело“.
6Па така, тие веќе не се двајца, а едно тело. А Бог што составил, човек да не разделува.
7Тие Му рекоа: – Зошто тогаш Мојсеј заповеда да ѝ даде мажот разводно писмо и да ја напушти?
8Он им одговори: – Заради вашите лоши срца Мојсеј ви разрешил да ги оставате жените свои; но, во почетокот не беше така;
9Јас, пак, ви велам: оној што ќе ја остави жената своја, освен поради прељуба, и ќе се ожени со друга, тој прави прељуба; и оној што ќе се ожени со напуштена, прељубодејствува.
10А учениците Негови Му рекоа: – Ако е таков долгот на човекот кон жената, тогаш не треба ни да се жени?
11Но, Он рече: – Не сите го примаат овој збор, а само оние на кои им е дадено;
12зашто има скопени, така родени од мајчината утроба; а има скопени и од луѓе; но, има и такви што се скопени само заради царството небесно. Кој може да прими, нека прими!
Крај на саботата.
Читај во вторникот
13Тогаш доведоа при Него деца, за да ги положи рацете над нив и да се помоли, а учениците им бранеа.
14Но Исус рече: – Оставете ги децата и не пречете им да доаѓаат при Мене, зашто на так ви е царството небесно.
15И кога ги положи рацете над нив, Исус си отиде оттаму.
Крај на вторникот
(Зачало 79)
16И ете, еден млад човек, кога пристапи до Него, Му рече:#Недела 12-та по Педесетница: Во она време, еден човек пристапи кон Исуса, Му се клањаше и рече: – Благ Учителе, какво добро треба да направам, за да имам живот вечен?
17А Он му одговори: – Зошто Ме викаш благ? Никој не е благ, освен единиот Бог. А, ако сакаш да влезеш во животот, исполнувај ги заповедите.
18Тој Му рече: – Кои? А Исус одговори: – Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно;
19почитувај ги таткото и мајката; сакај ги ближните свои како себеси!
20Младиот човек Му рече: – Сето тоа сум го запазил од младоста моја; што уште ми е потребно?
21Исус му рече: – Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го имотот свој и раздели го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото; па дојди и врви по Мене!
22Штом ги чу младиот човек тие зборови, си отиде нажален, оти имаше голем имот.
23А Исус им рече на учениците свои: – Вистина, ви велам, богат мачно ќе влезе во царството небесно;
24и уште ви велам: полесно е камила да мине низ иглени уши, отколку богат да влезе во царството Божјо.
25Кога го чуја тоа учениците, многу се зачудија и рекоа: – Тогаш, кој може да се спаси?
26А Исус, кога погледна на нив, им рече: – За луѓето тоа е неможно, ама за Бога сѐ е можно.
Крај на 12-та недела.
Читај во неделата на сите светии
27Тогаш Петар одговори и Му рече: – Ете, ние оставивме сѐ и по Тебе одиме: што ќе стане, пак, со нас?
28А Исус им рече: – Вистина ви велам, дека, вие што врвите по Мене, при повторното раѓање, кога Синот Човечки ќе седне на престолот на славата Своја, ќе седнете и вие на дванаесет престоли и ќе судите над дванаесетте Израилеви колена;
29и секој што ќе остави куќа, или брат, или сестра, или татко, или мајка, или жена, или деца, или ниви, заради Моето име, ќе наследи стопати повеќе и ќе добие живот вечен.
30И мнозина први ќе бидат последни, а последните – први.
Крај на неделата на сите светии
Právě zvoleno:
Матеј 19: MK2008
Zvýraznění
Sdílet
Kopírovat
Chceš mít své zvýrazněné verše uložené na všech zařízeních? Zaregistruj se nebo se přihlas
© Македонска Православна Црква 2008
© Мacedonian Orthodox Church 2008