Матеј 18
18
ГЛАВА 18
(Зачало 74)
1Во тој час#Понеделник од деветтата седмица по Педесетница: Во она време, се приближија учениците до Исуса и рекоа: – Кој е поголем во царството небесно?
2И откако повика Исус едно дете, го постави меѓу нив
3и рече: – Вистина ви велам, ако не се преобратите и не бидете како деца, нема да влезете во царството небесно;
4значи, кој ќе се смири како ова дете, тој е поголем во царството небесно;
Крај на саботата
5и, кој прима такво дете во Мое име, Мене Ме прима;
6а кој ќе соблазни едно од овие малите, за него е поарно да му се обеси воденичен камен на вратот и да потоне во морската длабочина.
7Тешко на светот од соблазни, оти соблазните треба да дојдат; но тешко на оној човек, преку кого доаѓа соблазна.
8Ако те соблазнува раката твоја или ногата твоја, пресечи ја и фрли ја од себе: подобро е за тебе да влезеш во животот без рака или без нога, отколку со две раце и две нозе да бидеш фрлен во вечниот оган;
9и, ако те соблазнува окото твое, извади го и фрли го од себе: подобро е за тебе да влезеш во животот со едно око, отколку да ги имаш и двете очи, а да бидеш фрлен во геената огнена.
(Зачало 75)
10Гледајте#Понеделник на Св. Дух: Рече Господ: Гледајте да не презрете едно од овие малите, зашто ви велам, нивните ангели на небесата секогаш го гледаат лицето на Мојот Отец небесен.
11Оти Синот Човечки дојде да го побара и спаси загубеното.
Крај на понеделникот
12Како ви се чини? Ако некој има сто овци и една од нив се загуби, нема ли да ги остави деведесет и деветте и да појде во планините да ја бара загубената овца?
13И, ако се случи да ја најде, вистина ви велам, ќе се радува за неа повеќе отколку за деведесет и деветте незагубени.
14Така и вашиот небесен Отец не сака да загине ниедно од овие малите.
15Ако згреши против тебе братот твој, оди и искарај го насамо; ако те послуша, си го придобил брата си;
16ако ли не те послуша, поведи со себе уште еден или двајца, па со устата на двајца или тројца сведоци нека се потврди секој збор;
17ако ли, пак, не ги послуша и нив, кажи ѝ на Црквата; но ако и Црквата не ја послуша, тогаш нека ти биде тој како незнабожец и цариник.
(Зачало 76)
18Вистина#Вторник од деветтата седмица по Педесетница: Им рече Господ на Своите ученици: Вистина ви велам: сѐ што ќе сврзете на земјата, ќе биде сврзано и на небото; и сѐ што ќе разврзете на земјата, ќе биде разврзано и на небото.
19Пак ви велам: ако двајца од вас се согласат на земјата да помолат нешто, што и да било, ќе им биде дадено од Мојот Отец Кој е на небесата;
20зашто, каде што се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас, посреде нив.
Крај на понелникот на Св. Дух
21Тогаш Петар пристапи кон Него и рече: – Господи, колкупати да му простам на брат ми, ако ми згреши? До седумпати ли?
22Исус му одговори: – Не ти велам до седум, туку до седумдесетпати по седум.
(Зачало 77)
Изостави во вторникот
23Затоа#Недела 11-та по Педесетница: Рече Господ во парабола: царството небесно прилега на цар, кој побара да ги расчисти сметките со своите слуги.
24Кога почна да ја расчистува сметката, доведоа при него еден Што му должеше десет илјади таланти;
25па, бидејќи немаше со што да плати, господарот негов нареди да го продадат и него, и жена му, и децата негови и сѐ што имаше, за да наплати;
26тогаш, тој слуга падна и му се клањаше, говорејќи: – Господаре, стрпи се спрема мене и сѐ ќе ти платам!
27А господарот на тој слуга, кога се смилува, го пушти и му го прости долгот.
28Слугата, пак, штом излезе, најде еден од другарите свои, кој му должеше сто пенези и, кога го фати, го давеше и му велеше: – Исплати ми, што си ми должен!
29Тогаш, неговиот другар падна пред нозете негови, го молеше и велеше: – Стрпи се спрема мене и сѐ ќе ти исплатам!
30Но, тој не сакаше, а отиде и го фрли во затвор, дури не му го исплати долгот.
31Другарите, пак, негови, кога го видоа тоа што стана, многу се огорчија, па отидоа и му кажаа на својот господар за сѐ што се случило.
32Тогаш, господарот негов го повика и рече: – Лукав слуго, јас ти го простив сиот долг, зашто ми се молеше;
33не требаше ли и ти да се смилиш над својот другар, како што се смилив и јас над тебе?
34И се разгневи господарот негов, па го предаде на мачители, додека не му го исплати целиот свој долг.
35Така и Мојот Отец небесен ќе направи со вас, ако секој од вас не ги прости, од срце, грешките на брата си.
Крај на неделата.
Читај во вторникот.
Právě zvoleno:
Матеј 18: MK2008
Zvýraznění
Sdílet
Kopírovat
Chceš mít své zvýrazněné verše uložené na všech zařízeních? Zaregistruj se nebo se přihlas
© Македонска Православна Црква 2008
© Мacedonian Orthodox Church 2008