Матеј 15
15
ГЛАВА 15
1Тогаш пристапија кон Исуса ерусалимските книжници и фарисеи, велејќи:
2Зошто учениците Твои не го запазуваат редот на старите? Бидејќи не си ги мијат рацете кога јадат леб.
3А Он им одговори и рече: – Па зошто и вие ја престапувате Божјата заповед заради вашето предание?
4Зашто Бог заповедал и рекол: „почитувај ги татка си и мајка си“, и „кој го злослови таткото свој или мајка си, со смрт да се казни“.
5А вие велите: ако некој им рекол на татка си и на мајка си: тоа, со кое би можел да се ползуваш од мене, дар е;
6значи, тој може да не го почитува својот татко или својата мајка. Така ја нарушивте заповедта Божја, заради вашето предание.
7Лицемери, добро пророкувал за вас Исаија, велејќи:
8„Овој народ се приближува до Мене со устата своја и со усните Ме почитува, а срцето негово стои далеку од Мене;
9но напразно Ме почитува, оти проповеда човечки повелби“.
10И откако ги повика луѓето, им рече: – Слушајте и разберете:
11не она што влегува во устата го осквернува човекот, туку она што излегува од устата, тоа го осквернува човекот.
Крај на средата
(Зачало 61)
12Тогаш Неговите ученици Му се приближија и рекоа:#Четврток од седмата седмица по Педесетница: Во она време, се приближија до Исуса учениците Негови и рекоа: – Знаеш ли дека фарисеите, штом го чуја тој збор, се соблазнија?
13А Он, одговарајќи, им рече: – Секоја фиданка, што не ја насадил Мојот Отец небесен, ќе се искорне;
14оставете ги: тие се слепи водачи на слепци; а кога слеп слепиот го води, двајцата ќе паднат во јама.
15Петар, пак, Му одговори и рече: – Објасни ни ја оваа парабола.
16А Исус им рече: – Ама вие уште ли не сфаќате?
17Уште ли не разбирате дека сѐ што влегува во устата, минува преку стомакот и се исфрла надвор?
18А она што излегува од устата, иде од срцето и тоа е што го осквернува човекот;
19оти од срцето излегуваат лоши помисли, убиства, прељубодејства, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули;
20овие се што го осквернуваат човекот. А јадењето со неизмиени раце, не го осквернува човекот.
(Зачало 62)
21И кога излезе оттаму Исус, замина во#Недела 17-та по Педесетница: Во она време, замина Исус во земјата тирска и сидонска.
Крај на четвртокот
22И ете, една жена хананејка, откако излезе од оние краишта, повика кон Него, велејќи: – Помилуј ме, Господи, Сине Давидов! Ќерка ми жестоко се мачи од бес.
23Но Он не ѝ одговори ниту збор. И, пристапувајќи до Него, учениците Негови Го молеа и велеа: – Отпушти ја, оти вика по нас.
24А Он одговори и рече: – Јас сум испратен само при загубените овци од домот Израилев.
25Ама таа, кога пристапи, Му се клањаше и велеше: – Господи, помогни ми!
26А Он, одговарајќи, ѝ рече: – Не е добро да се земе лебот од децата и да се фрли на кучињата.
27Но таа Му рече: – Да, Господи, ама и кучињата јадат од трошките што паѓаат од трпезата на нивните господари.
28Тогаш Исус одговори и рече: – О, жено, голема е твојата вера; нека ти биде според желбата твоја! И во тој час оздраве ќерката нејзина.
Крај на неделата
(Зачало 63)
29Штом замина оттаму, дојде Исус#Петок од седмата седмица по Педесетница: Во она време, дојде Исус при Галилејското Море, се искачи на планината и седна таму.
30И дојде при Него многу народ, кој имаше со себе куци, слепи, неми, фатени и многу други, и ги положија пред нозете на Исуса, и Он ги излечи;
31така што народот се восхитуваше, гледајќи како неми говорат, фатени оздравуваат, куци се движат и слепи прогледуваат и Го прославуваше Бога Израилев.
Крај на петокот
(Зачало 64)
32А Исус, откако ги повика#Сабота деветта по Педесетница: Во она време, откако ги повика Исус учениците Свои, рече: – Жал ми е за народот, оти три дена веќе стојат при Мене и немаат што да јадат; да ги распуштам гладни не би сакал, за да не премалеат по патот.
33Но учениците Негови Му рекоа: – Од каде ќе земеме толку леб во пустинава, за да нахраниме толку народ?
34Исус ги праша: – Колку лебови имате? А тие одговорија: – Седум и неколку риби.
35Тогаш Исус му заповеда на народот да поседне по земјата.
36И откако ги зеде седумте лебови и рибите, благодари, ги прекрши и им ги даде на учениците Свои, а учениците – на народот.
37И јадоа сите и се наситија; и кренаа останати парчиња седум полни кошници.
38А оние што јадеа беа четири илјади мажи, освен жените и децата.
39Па штом го распушти народот, влезе во кораб и пристигна во пределите магдалски.
Крај на саботата
Právě zvoleno:
Матеј 15: MK2008
Zvýraznění
Sdílet
Kopírovat
Chceš mít své zvýrazněné verše uložené na všech zařízeních? Zaregistruj se nebo se přihlas
© Македонска Православна Црква 2008
© Мacedonian Orthodox Church 2008